Голем ден за WTA тенисот денес. Почнува финалниот турнир во Истамбул каде најдобрите 8 тенисерки за оваа година ќе одлучат кој ќе биде овогодишниот шампион.
8 тенисерки се поделени во 2 групи ( црвена и бела ) , од каде 2-те најдобро пласирани од секоја група ќе поминат во 1/2 финалето.
Моментално Вожниачќи и Шарапова се борат за првото место , додека другите тенисерки се борат за пласман од 2-то до 8-то место. Вожниачќи има вкупно 7115 бодови собрано оваа сезона , додека Шарапова има 6370 бодови. Останатите тенисерки немаат ни математичка шанса за освојување на 1-то место, бидејќи 3-то пласирана со 5870 добови е Квитова што е премногу малце за достигнување на Вожниачќи.
Денес на програмата се закажани 3 дуела :
16:00 Квитова - Ѕвонарева
17:30 Вожниачќи - Радванска
19:00 Шарапова -Штосур
На прв поглед , сите дуели се тешки , нема големи фаворити.
За денес мислам дека Вожниачќи ќе почне со победа и тоа победа во 2 сета , очекувам турболенции на мечот Квитова- Ѕвонарева , најверојатно овде ќе има 3 сета , бидејќи и двете тенисерки имаат доста квалитет , ко за пример Квитова има јак сервис , додека Ѕвонарева е брза ,подвижна и доста лукава.
Шарапова - Штосур изгледа како победа на Шарапова , всушност досега овие две се имат сретнато 9 пати , и Шарапова победила на сите 9 дуели. Меѓутоа Шарапова влече мала повреда на зглобот ,па не сум сигурен колку ќе влијае тоа врз нејзиниот перформанс денес. Штосур е доста добра на тврда подлога , оваа сезона го освои US OPEN против Серена Вилијамс, тоа кажува за нејзиниот квалитет.
Значи да издвојам , од дамите денес мислам дека Вожниачќи е најдобар избор и одам со 3 типа , сите сингл , на младата Данќиња која има H2H баланс против Радванска 4-1 , 4 победи во серија и веќе ја победи со 2:0 во полуфиналето на турнирот во Штутгарт оваа сезона :
Wozniacki -1,5 @ 2.35 4/10 Oaza
Wozniacki - 3,5 games @ 1.90 7/10 Sportlife
Wozniacki @ 1.60 10/10 Sportlife
GL !!