Многу пари ќе фрлиш. Незнам дали знаеш ама и за самите Американци цената од 60 долари е скапа (дури и еден од директорите на THQ има зборувано за тоа, а после и еден од Bethesda).
За тие пари можиш да ги земиш... да речиме Atom Zombie Smasher, Frozen Synapse и уште две други и да добиеш време на играње дупло до тродупло отколку со оваа.
Ако некој Македонец не ја купи тие буквално ништо не губат оти тие автоматски не ни очекуваат некој од овој регион да ја купи со самото ставање на цена од 50 евра.
Значи мој совет, го повторувам, чекајте ја на попуст. Ниту тие ќе се осиромашат, ниту вие ќе направите „поголемо добро“ и ќе придонесете за „пц гејмингот“. А во меѓувреме нема дефицит на игри па да нема што да играте (било тоа го купите или го најдете пиратско).