Бибил упорно си бараш влакно во јајцето....... пеер како успеваш со вакви глупости да се замараш? Играва е и повеќе од јасно дека се игра за да осетиш јака графика/чувство на реалност, мултиплејер да се пукаш со други играчи.... ти за што се фати..... мајко мила.
Ненененее ова е сериозно, многу сериозно. Претерано сериозно, толку сериозно што дури мува не смеј лета за да се слушаме јасно.
Настрана сите тие општи работи што ги зборував за концептот на шутерите и за BF3 како пукач. Ете да речам за тие работи треба да се знае да се гледаат работите од страна на дизајнер.
Да позборуваме за самата содржина - чиста политика за која сметам дека сите сме доволно испраксирани.
Што е финтава, што се арапите, црнци!? Што направиле за да бидат најзлобните од злобните злоботии лошотилоци кои се помалку вредни и од еден куршум оловен или поинаков. Од кога секој што има мустаќи или турбан заслужува куршум в чело? Знаеш како ова може да влијае врз некои од играчите на играва, знаеш дека може да им ги замати погледите да не речам да им ги испери мозоците?
Олку фама за уште една игра која ја велича војната и тоа еднострано не бива.
Иначе да, моментот ми е познат од негде, најверојатно од некој филм(не ти го проверувам линкот за инает). Ама знаеш колкав фактор има ова за играта? xD 0.01
Назад на концепти
Videogames Are Not Movies, Get Over It и тоа од големиот (дебелиот) Џим Стерлинг.