Македонска фудбалска репрезентација

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
93 сме на ранг-листа.
Подобри сме од Нигер :vozbud:
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.993
За 92 не зезај :)
иначе сега за идниот циклус квалификации истотака не очекувам преголем напредок.Едино ако почне да ги вика да играат играчи без плаќање,ко што е сега случај.Позиција по позиција ако анализираме ќе се примети дека сме најслаби на десен бек.Мислам дека треба да се викне Тодоровски се ми се чини дека е добар играч.Ристиќ иако нема многу голови за репрезентација во секое време ќе изигра боље од Фазли.За Наумоски не ми се праи многу муабет ама после Пандев он ни е 2 стрелец од моменталниов тим:icon_lol: така да и он мора да заигра(не за друго бар знам у кладилница да пишам дека 100% имаме 1 жолт)
Комплетно се согласувам со постов...

Me interesira kako ke izgleda spisokot za protiv Albanija. Po poslednive natprevari i samiot vide i kaza deka golem del od igracite koi igraa ne se za u reprezentacija (protiv Rusija odigravme do nekade dobro i protiv Andora nemozese mnogu da se proceni pa zatoa prvo ne go sfati toa ama sega ocigledno mu tekna i najavi promeni). Edino sto e sigurno e deka Pandev nema da igra poradi povreda, dodeka vo napadot najavi promeni i deka ke isproba sosema drugi igraci (posto navodno bara dobar napagac oti ovie prethodno sto gi proba ne se pokazaa dobro) i ke gi vrati Naumoski i Ristic.. Prasanjeto e sto drugo ke smeni...
Kaj golmanite ne veruvam da ima nekoja promena, tamu nemame mnogu opcii a ne veruvam da go vrati Edin vo reprezentacija, taka da najverojatno se ke si ostane isto - Bogatinov (1) i Pacovski (2). Moze na Pacovski ke mu dade sansa na prijatelskava (ili nekoja od slednite) ama tolku, alternativite se tie. Isto moze i Dimitrievski pak da dobie pokana po preporaka na Babunski ali ne veruvam da dobie sansa da igra.. Drugi osven ovie cetvorica ne veruvam da dobijat pokana (Tofiloski ili K.Naumoski).

Vo odbrana ne ocekuvam nekoi promeni osven mozno vrakanje na Todorovski (se nadevam) za desen bek, drugo ne veruvam nesto da smeni. Mitreski se otkaza sto znaci moze ke se resi da povika nov cetvrt stoper pa mozno e vrakanje na Grncarov oti ne veruvam za nekoj drug da se resi. Isto mozno e da se otkaze od Petrov so ogled na toa sto Popov i Lazevski bi trebalo da bidat dovolni, ne veruvam da ni treba tret lev bek baska i ne veruvam da racuna so nego da gradi tim za sledniot kvalifikaciski ciklus... Mislam deka i Vladimir Dimitrovski ima pogolemi sansi da bide nasata treta opcija za taa pozicija nego Petrov... Sto znaci da sumiram vaka bi trebalo da izleda odbranata:
Lev bek - Popov i Lazevski i mozni dopolnitelni opcii za spisokot - Petrov i Dimitrovski
Desen bek - Georgievski, Lazarevski, Ristovski, Todorovski (2-3ca od ovie)
Centralen bek - Noveski, Sikov i Mojsov i mozno nekoj od ovie: Grncarov, Tanevski, Markovski ili nekoj od mladata reprezentacija ili od domasnoto prvenstvo (kako Kumbev) ali osven Grncarov za ostanative ne veruvam da imaat nekoja sansa.

Vo sredniot red bi trebalo pak da si ostanat Sumulikoski i Demiri koi se standardni na spisokot, prasanjeto kako i uvjek e koj drug... Mozno e da se resi da se vrati na Gjurovski, Georgievski i Tasevski od spisokot na Jonuz (za Despotovski ne veruvam so ogled na toa sto e bez timski angazman podolg period, za rabotnicki uste ne pocnal da igra), i mozebi pak ke go povika Spirovski i ke mu dade sansa da se pokaze ovoj pat. Useini bi trebalo definitivno da otpadne, za Muarem i Grozdanoski neznam, mozno e pak da dobijat pokana samo poradi toa sto nemame bas nekoi alternativi za sreden red, ili pak ke gi zameni so nekoi drugi od domasnoto prvenstvo (kako Blagoja Todorovski ili Borce Manevski ili nekoj od takov)...

No najveke promeni bi trebalo da ima vo napad: Pandev ke otpadne poradi povreda, Trickovski e edini standarden a ke se vratat Naumoski i Ristic. Prasanjeto e koi od ovie mladite koi dobija sansa prethodnive natprevari (Ivanovski, Trajkovski, Hasani, Ibraimi, Fazli) pak ke bide povikan. Na Filip Ivanovski stvarno ne veruvam da racuna, toj samo kako posledna opcija vleze oti nemase koj drug... Ostanative ne pokazaa nisto posebno pa bas zatoa i najavi deka ke probuva novi igraci vo napadot, sto znaci najverojatno ne racuna na niv kako seriozni opcii, barem ne na site niv... A pokraj tie, kako edini dopolnitelni opcii se mozebi uste Fetai i Stojkov, i mozda Kirovski, no ne veruvam nekoi od niv da bide povikan. Fetai mi izgledase na dobar igrac i se nadevam da dobie sansa i da go vidam kako ke se pokaze, no vo posledno vreme mislam deka i vo svojot klub veke ne e redoven, na poskedniot natprevar ni na klupa go nemase sto ne e dobro pa ne veruvam bas deka Toshak ke go povika... Drugi iznenaduvanja ne gledam iskreno koi bi mozele da bidat... Moze i Altiparmarkovski ili kako i da mu bese imeto na toj od mladata reprezentacija ali drugo ne gledam sto mnogu bi smenil... od nasevo prvenstvo ne gledam koj bi mu privlekol vnimanie, F. Ivanovski ete kako najdobar golgeter dobi sansa ama ne se pokaza dobro, osven nego edino moze Ilijoski i Kurtisi ako mu go privlecat vnimanieto i se resi da gi proba ali i da gi proba nema oni sto mnogu da pokazat mislam deka..--- надополнето: Oct 19, 2011 7:06 PM ---
Значи се на се, вака би требало да изгледа списокот... Не верувам да повика многу играчи (како за претходните натпревари) пошто се работи само за една утакмица (и тоа пријателска) а не две па пак да вика и резерви итн...

1. Мартин Богатинов
2. Томе Пачовски
-------------------------------------
3. Николче Новески
4. Горан Попов
5. Ванче Шиков
6. Даниел Мојсов
7. Александар Лазевски
8. и 9. Александар Тодоровски / Даниел Георгиевски / Владе Лазаревски / Стефан Ристовски / Бобан Грнчаров (двајца од овие)
----------------------------------------
10. Величе Шумуликоски
11. Мухамед Демири
12. Дарко Тасевски
13. Марио Ѓуровски
----------------------------------------
14. Горан Пандев (ако заздрави до тогаш)
15. Иван Тричковски
16. Илчо Наумоски
17. Стевица Ристиќ
-----------------------------------------
и 18ти ќе земе некој колку да попуни место, како Славчо Георгиевски, Агим Ибраими, Ферхан Хасани, Александар Трајковски, Влатко Грозданоски, Муарем Муарем или некој друг чкљ играч ако ископа, колку да се најде за у средина или напад, особено ако Пандев неможе да настапи дефинитивно ќе земе некој од овие...

Се надевам тој 18ти играч да биде Фетаи зошто у Данска многу добро играше и супер голови даваше па мислам дека колку-толку заслужува да се проба на некој ваков пријателски натпревар како против Албанија, ама некако ич не ми се верува дека Тошак уопште има слушнато за него...

ПС: Што се однесува до Александар Тодоровски, баш денес даде гол за својот тим во Полскиот куп... За жал сепак испаднаа оти изгубија 3:1 и тоа од Арка, клубот на Мирко Ивановски кој исто така постигна гол на тој натпревар...
 
Jap Mak Sun

Регент
Член од
19 октомври 2011
Мислења
155
Поени од реакции
45
Еве го мојот поширок список на играчи со кои мислам дека може да се постигне напредок и некој успех, тоа се играчи кои стандардно играат во своите тимови и кои можат да изиграат солидно за Македонија ( Иако некои како Касами и Игновски многу тешко дека ќе заиграат за нас, ама со добро лоби нема да е проблем):
Голмани:
1.Богатинов Мартин Карпати-Украина
2.Наумовски Кристијан Динамо Б.-Романија
3.Пачовски Томе Жерминал-Белгија
4.Стојановиќ Дејан Болоња -Италија

Стопери:
5.Новески Николче Мајнц-Германија
6.Шиков Ванче Волин-Украина
7.Грнчаров Бобан Лирс-Белгија
8.Мијадиновски Мирсад Дебрецен-Унгарија
9.Мојсов Даниел Војводина-Србија
10.Таневски Златко Белчатов-Полска

Леви Бекови:
11.Попов Горан Динамо К.-Украина
12.Лазевски Александар Партизан -Србија

Десни Бекови:
13.Шумуликовски Величе Сибир- Русија
14.Лазаревски Владе Амиен-Франција
15.Дилевски Спасе Аделаида-Австралија

Среден ред:
16.Тасевски Дарко Левски-Бугарија
17.Ибраими Агим Марибор-Словенија
18.Кантаровски Бен Њу Касл -Австралија
19.Нанчоф Мајкл Ванкувер -САД
20.Игњовски Александар Вердер Б.-Германија
21.Касами Пајтим Фулам-Англија
22.Демири Мухамед Тун-Швајцарија
23.Трајковски Александар Зулте В-Белгија
24.Ѓуровски Марио Металург Д.-Украина

Напад:
25.Пандев Горан Наполи-Италија
26.Тричковски Иван Апоел-Кипар
27.Наумоски Илчо Матерсбург-Австрија
28.Ристиќ Стевица Сувон-Ј.Кореја
29.Илијоски Баже Металург-Македонија
30.Мехмеди Адмир Цирих- Швајцарија (2.500.000 -18)
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
^ Шо викаш, Величе да го пробаме како десен бек а? :pos:
А другиве (помладите, кој од Австралија кој од Канада кој од Швицарска), ваљда ги ископа од интернет негде. Се има многу зборено за нив, ама ни еден нема шанса да заигра за Македонија.

Мијадиновски бе друже?? Па тој чим до сега не доби повик, нема ни да добие. Мислим дека ги има над 30 години и многу тешко дека би заиграл за нас. Ти си ги стаел свите што имаа Македонско потекло, ама финтата е што ниеден од нив не би заиграл за ваква бедна репрезентација како нашава.

Па уште Таневски кога го видов на списоков...прснав :pos:
 
За Величе не зборувам одпамет, тој во Синот и во Зенит играше десен бек, ако не ми веруваш прашај некој кој што подолго следи фудбал, воедно малиот нема ништо од техника па што бара во среден ред, а има кондиција повеќе од кој и да е друг наш играч, борбен е, нема да дозволува продори по таа десна страна, во најмала рака многу ќе биде подобар од Тодоровски или Георгиевски.
Овие дечки од Австралија и Швајцарија ги следам преку преноси, а ако сакаш можам и тебе да ти праќам линкови да видиш за какви играчи станува збор. Кантаровски е играч кој има 19 години а е капитен на Австралија У-21. Касами е роден во Струга исто како и Шаќири, после Пандев е моментално најдобриот фудбалер роден во Македонија, го гледав лани за Палермо и сега го гледам во Фулам тој би бил алфа и омега во нашиот среден ред. А дали ќе прифати да игра за нас? Прво треба да го повикаме за да знаеме.
Пред некој ден имав средба со таткото на Игновски кој ми рече дека и тој и син му се разочарани што нема повик од нашата А-репрезентација, и дека него му е јасно дека за Србија може да одигра еден циклус квалификации да во другиот се појави некое Србинче и него го заборават, а во Македонија ќе биде ѕвезда.
А Мијадиновски има 30 години и игра стандарно, воедно има играно и во Лигата на Шампиони исто како и Таневски. Колку наши фудбалери играле по групната фаза на Лигата на Шампиони?
На крај не ги откопав онака, работам во Фудбалска Агенција во Словачка и не зборам напразно.
Поздрав!
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500

Пајтим Касами настапи веќе за Швајцарија мислам, нема право да игра за друга репрезентација. Е сега дали беше пријателска тоа не знам, мада ако била пријателска, ќе може за друга репрезентација. Иако не ми се верува да сака да смени таква репрезентација во подем за муви без глави.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
^ Шо викаш, Величе да го пробаме како десен бек а? :pos:
А другиве (помладите, кој од Австралија кој од Канада кој од Швицарска), ваљда ги ископа од интернет негде. Се има многу зборено за нив, ама ни еден нема шанса да заигра за Македонија.

Мијадиновски бе друже?? Па тој чим до сега не доби повик, нема ни да добие. Мислим дека ги има над 30 години и многу тешко дека би заиграл за нас. Ти си ги стаел свите што имаа Македонско потекло, ама финтата е што ниеден од нив не би заиграл за ваква бедна репрезентација како нашава.

Па уште Таневски кога го видов на списоков...прснав :pos:
Додуше Величе на десен бек и не би било така лошо да се проба.Често пробана комбинација е ако нема кој, разбивачите на игра во средина (или DM у FM речникот) да играат на лев или десен бек.Башка пола од левите или десни бекови низ светот почнале како ДМ или обратно.
Борбен е, има доста кондиција,не е дека не знае топка да одземе или да уклиза,а нема некоја тахника.Нема да можеме од него да очекуваме некои пробиви по десна страна или добри набацувања,но да се покрие рупа во одбрана со него на 3-4 утакмици може.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
За Касами и за Игњовски нема шанса да заиграат за нас.Кој не ги молел да играат незнам.И на крај Катанец и Јонуз низ цел негов период пробуваше да ги придобие ама и двајцата сакаа да играат за подобри репрезентации.Штета со нив би имале 30% подобар тим
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Хари која трагедија е.Не е воопшто лошо писмово ,ама не е лошо да почнит и од таквите дома шо ни го негираат името итн.
Остра реакција на Хаџи Ристески кон Штефан Фуле

Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи Ристески испрати остра реакција кон Штефан Фуле, европскиот комесар за проширување на ЕУ.

Почитуван г-дине Фуле : “Со длабоко вознемирување ги примивме информациите дека Европската комисија промовира и практикува отворена негација на македонскиот идентитет. Ваквите постапки не се правилни, не се добри, и не му користат на никого, и затоа треба што побргу да бидат сменети и да не продолжуваат да се спроведуваат.

Фудбалот, како најважната споредна работа на светот, покрај тоа што е најзначаен спорт, е и голем промотор на здравиот систем на вредности и на културни придобивки. Фудбалот, и фудбаласката светска и европска федерација, покрај тоа што промовираат здрав живот, спротивставување на расизмот, насочување кон образование за индивидуален напредок и избегнување на навредувањето по било која основа, промовира и почитување помеѓу луѓето и почитување на идентитетите, вредности кои ние како претстваници на македонскиот фудбал дословно ги почитуваме, и очекуваме од вас како граѓани на Европа истото тоа да го правите.

Токму овие вредности, кои се цивилизациски и морални, а кои се прифатени од милијарди луѓе на планетата, нека Ви послужат како пример и инспирација како треба да се однесувате, со почит, со уважување на нашето достоинство и со отворени врати за соработка без подметнувања и понижувања.

Нашите фудбалери се промотори на универзалните човечки вредности ширум Европа и светот, и придонеле во развојот на фудбалската игра и зближување на нациите. Нашите фудбалери и во многу конкретни ситуации не дозволиле да бидат понижени, а кога некој се дрзнал да им го оспори македонскиот идентитет, се спротивставиле, и не дозволиле да бидат издевалвирани, туку напротив успеале светот да биде запознаен дека тие се Македонци, и ништо освен тоа. Така ќе биде и во иднина, секогаш и секаде.

Од името на Фудбалската федерација на Македонија ви порачуваме, ги претставуваме боите на Република Македонија, играме за македонската репрезентација и за македонските граѓани.

Со почит,
Харалампие Хаџи Ристески
Претседател на Фудбалската федерација на Македонија

Ohridnews​

23.10.2011 15:45​

Прочитана е : 21 пат​

© 2011 Ohridnews.com
 
А

Анноун

Гостин
Ристиќ и Стојков стрелци за победи од 1-0 на нивните тимови Сувон и Арау (y)
 
П

Паспарту

Гостин
Еве го мојот поширок список на играчи со кои мислам дека може да се постигне напредок и некој успех, тоа се играчи кои стандардно играат во своите тимови и кои можат да изиграат солидно за Македонија ( Иако некои како Касами и Игновски многу тешко дека ќе заиграат за нас, ама со добро лоби нема да е проблем):
Голмани:
1.Богатинов Мартин Карпати-Украина
2.Наумовски Кристијан Динамо Б.-Романија
3.Пачовски Томе Жерминал-Белгија
4.Стојановиќ Дејан Болоња -Италија

Стопери:
5.Новески Николче Мајнц-Германија
6.Шиков Ванче Волин-Украина
7.Грнчаров Бобан Лирс-Белгија
8.Мијадиновски Мирсад Дебрецен-Унгарија
9.Мојсов Даниел Војводина-Србија
10.Таневски Златко Белчатов-Полска

Леви Бекови:
11.Попов Горан Динамо К.-Украина
12.Лазевски Александар Партизан -Србија

Десни Бекови:
13.Шумуликовски Величе Сибир- Русија
14.Лазаревски Владе Амиен-Франција
15.Дилевски Спасе Аделаида-Австралија

Среден ред:
16.Тасевски Дарко Левски-Бугарија
17.Ибраими Агим Марибор-Словенија
18.Кантаровски Бен Њу Касл -Австралија
19.Нанчоф Мајкл Ванкувер -САД
20.Игњовски Александар Вердер Б.-Германија
21.Касами Пајтим Фулам-Англија
22.Демири Мухамед Тун-Швајцарија
23.Трајковски Александар Зулте В-Белгија
24.Ѓуровски Марио Металург Д.-Украина

Напад:
25.Пандев Горан Наполи-Италија
26.Тричковски Иван Апоел-Кипар
27.Наумоски Илчо Матерсбург-Австрија
28.Ристиќ Стевица Сувон-Ј.Кореја
29.Илијоски Баже Металург-Македонија
30.Мехмеди Адмир Цирих- Швајцарија (2.500.000 -18)
4 - се одлучи за Австрија пред некое време ако не се лажам
15 - на времето сакаше да игра за Австралија колку што знам, денес со оглед на тоа дека игра позади 7 планини и мориња, нема шанси да доаѓа до тука за првенствени натпревари. Таков проблем имаат и оние што играат во Кореја.
18 - Најголемиот талент на Австралија, не знам како би го убедиле и што би му понудиле (фудбалски) да игра за нас.
19 - Ист случај со 15
20 - Не сака да игра за Македонија
21 - Не сака да игра за Македонија
30 - Нови швицарац со 3 настапи за Швицарска

Ние немаме што да им понудиме на играчиве, никој не сака да игра во аматерска селекција. Колку и да плукаме по дел од овие играчи, тие не се воопшто криви. Некои од нив имаат дедо Македонец, други татко, а воспитувани се и живеат цел живот во земји кои се далеку од Македонија. Секој сака да напредува, а Македонија не може тоа да им го понуди. Ист е случајот и со Албанија, тие можат да соберат многу квалитетни играчи но тешко дека некој ќе ја одбере вукојебинската репрезентација пред онаа со која ќе има можност да игра на планетарни првенства + што голем дел од нив не се ни чувствуваат како македонци / албанци.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom