Како ќе изгледаат четирисеткатниците во Аеродром?

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Кај влегуваат инвестиции во Македонија и само плукање од сите страни... Де ова де она му фали, само мани да се наоѓале. Како деца од градинка сте.
Ептен се сложувам... Сите бараат јајце во влакното (не згрешив, намерно пишав така), ко демек имаме којзнае каков избор па немораме да градиме такви оти има уште 45 инвеститори во редот, па некој ќе се најди со попаметен предлог.
 
За сеизмиката секако дека има решение. Проектите сигурно нема да ги прават кај нас и проектирани од наши проектанти. Најверојатно дека ке биде челична конструкција која е типичен систем за висококатници. И знам дека и комплентата конструкција нема овде кој да ја изработи така да и таа ќе биде увезена. Не знам како секој за се се наоѓа да повикан и да збори. Ако немаш нешто паметно да кажеш подобро ќути
 
Јапанциве луди ли се..или што ?:eek:

Нема врска тоа,ако се гради според стандарди,и во случај на јак земјотрес , овие би биле најбезбедните згради.. мене повеќе ме плашат оние печурки на мафијата кои никнуваат
не се луди....малку се радиоактивни од '45та
доколку се гради по стандарди, тогаш да....ама судејќи ако се градат по наш ''тертип'' има да бидат ко крушки
 
http://www.plusinfo.mk/vest/19609/500-milioni-evra-kje-se-vivnat-vo-oblakoderite-vo-Aerodrom

500 милиони евра ќе се вивнат во облакодерите во Аеродром

Станбениот комплекс од четири облакодери, трговски центар, спортски терени и други деловни и комерцијални објекти, што во населбата Аеродром треба да се изгради до 2017 година, турскиот холдинг „Чевахир“ ќе го чини 500 милиони евра.

...

Според информации од официјалната страница на холдингот, на површина од 35.000 квадратни метри, освен висококатниците кои ќе бидат највисоки згради во регионов, проектот предвидува изгрaдба на внатрешни и надворешни базени, здравствен центар, турска бања, па дури и црква и џамија.

http://www.plusinfo.mk/vest/19467/Foto-Vaka-kje-izgledaat-prvite-oblakoderi-vo-Aerodrom

(Фото) Вака ќе изгледаат првите облакодери во Аеродром

oblakoderi.png

http://www.plusinfo.mk/vest/19758/Opshtina-Aerodrom-Nema-da-ima-crkva-i-gzamija-kaj-oblakoderite-

Општина Аеродром: Нема да има црква и џамија кај облакодерите

Општина Аеродром информира дека во проектот за изградба на висококатниците нема да се градат црква и џамија, како што вчера информираше Плусинфо.

- Изградба на верски објекти кај висококатниците во општина Аеродром не е предвидена! Имено, според Деталниот урбанистички план за овој локалитет, се предвидува изградба на четири четириесеткатници со компатибилни содржини согласно Правилникот за стандарди и нормативи. Тоа значи, дека покрај станбен простор, висококатниците ќе имаат и други компатибилни содржини, односно објекти за мали комерцијални и деловни намени, трговски центар со останати пропратни содржини, велат од општина Аеродром.

И на кого да му веруваме сега ?

На општина Центар, или на турците кои ќе го градат ова здание во наредните 5 до 6 години ?

Колку за потсетување, 5 до 6 години е долг временски период во кој може да се случат многу промени.

Наредните редовни локални избори треба да се одржат во 2013.
Наредните редовни претседателски избори треба да се одржат во 2014.
Наредните редовни парламентарни избори треба да се одржат во 2015.

Што ако во меѓувреме дојде до промена на локалната власт во општина Аеродром и/или во град Скопје ?

Што ако во меѓувреме дојде до промена на централната власт во Република Македонија ?

Што ако во меѓувреме турците се премислат и одлучат да си заминат ?

Што ако турците одлучат да отстранат некој веќе планиран објект во ова здание или одлучат да внесат некој непланиран објект во ова здание ?

На кого да му веруваме сега ?

Но, како и да е, едно е сигурно, а тоа е дека, доколку се во право турците кои ќе го градат ова здание и доколку навистина се гради џамија, тогаш значи ова е суштината на пораката која беше упатена за време на изборната кампања при вонредните парламентарни избори 2011 од страна на еден политичар албанец, претседател на политичка партија која е во коалиција со сегашната најголема владејачка партија во Македонија, а гласеше дека македонското сонце и над Аеродром ќе зајде, а небото ќе го прелетуваат орлите.

Очигледно ова е суштината на таа порака.
 
Ами ако нејќат џамија и црква, нека ги пратат кај нас. Една црква и џамија више мање, во замена за 4 згради е добра зделка
 
Демант на општина АЕРОДРОМ

Инаку она мене што ми смета во проектов, како жител на Аеродром, е што ние и сега треба по булевар Јане Сандански сабајлечки да заглавуваме по минимум 20 минути, да не го спомнувам целиот нов комплекс згради карши Ново Лисиче, и тие ко ќе се пуштат по Јане ќе биде масакр. И сега логично се прашувам дали идните жители на овие нови 40 катници можеби ќе летаат накај Центар?! Па треба малце да се размисли да му се сневиди..
 
Ваљда 3-та Македонска бригада ќе ја прошират, исто и Првомајска... Инаку заебано ќе биди.
 
Првомајска веќе е во најава да се прошири и реконструира во булевар..ак оне се лажам може и да е започнато на терен
 
Ваљда 3-та Македонска бригада ќе ја прошират, исто и Првомајска... Инаку заебано ќе биди.
Би олеснило тоа, но не би го решило целосно проблемот, за премногу луѓе станува збор. И сега е потребно да се прошири 3та Македонска бригада, колку толку да се олабави Јане, а и тоа замисли што се уште целиот комплекс не е пуштен во употреба. Е сега уште овие 160 ката кога ќе се населат, не сакам ни да помислам што ќе се случува. Еве сабајле баш кога одев на работа, гужвата почнува кај семафорите помеѓу Три бисери и Тобако 2, до железничка да стигнеш ти требаат 15 минути минимум, а кога врне, тоа ни Бејрут не ни е рамен!

А, и ова заборавив, Првомајска ќе им врши работа на луѓе до Кисела вода што одат, инаку веќе кај општината таму исто почнува масакр за накај Центар, таму па само една лента има.
 
Треба Скопјево да се прошири а не да се згуснува.
Најдобро би било овие облакодери да ги постават некаде на влезот на Скопје, кај населбата хиподром. Тука има мнооогу место, и така ке се издвојуваат од натрупаноста, ке можат да дојдат до израз.
По мене треба да се остава празен простор, Аеродром и ново лисиче имаат доволно згради. Кога ги гледам од Водно како натрупани лего коцки ми изгледаат населбите.
Не треба Скопје ниту да се шири, ниту да се згуснува. Треба да се развиваат другите градови, како Битола, Прилеп, Штип, Куманово, Струмица, Охрид и можеби Тетово(посебно Битола и Прилеп). Подобро да имаме 3 града од по 250 000, отколку 1 од 600 000.
После ќе се чудите зошто Грците не викаат Скопје. Полека но сигурно почнуваме да стануваме град држава. Негативните ефекти допрва ќе почнат да се осеќаат. Јас сум меѓу ретките што сакам да се преселам од Скопје, најверојатно Битола или Прилеп, пошо во источна не ми се допаѓа диалектот.
 
Но, како и да е, едно е сигурно, а тоа е дека, доколку се во право турците кои ќе го градат ова здание и доколку навистина се гради џамија, тогаш значи ова е суштината на пораката која беше упатена за време на изборната кампања при вонредните парламентарни избори 2011 од страна на еден политичар албанец, претседател на политичка партија која е во коалиција со сегашната најголема владејачка партија во Македонија, а гласеше дека македонското сонце и над Аеродром ќе зајде, а небото ќе го прелетуваат орлите.

Очигледно ова е суштината на таа порака.

Веќе почнаа да се шетаа шиптачиња низ Аеродром. Сега со новиве згради нема да мора да ја прават истата финта како во Чаир.
 
Можеби џамијата ќе биде подарок од емирот од Катар, кој неодамна ни беше во посета, на крајот на краиштата, мнозинството арапи и муслимани од Африка и од Блискиот Исток доаѓаат на Балканот преку Турција, турски инвеститор ќе ги гради облакодерите и џамијата, кој знае, можеби џамијата е подарок од емирот од Катар, ние му подаривме медал 8 септември, традиционална македонска носија и униформа од почесната гарда на Македонија, го частевме кебапи и прошетки низ познати скопски знаменитости, а шеикот за возврат не части џамија.

:pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Во Скопје треба да се забрани изградба на нови станбени објекти.Наместо да се ратеретува градот,скроз ќе го угушат.
 
Не треба Скопје ниту да се шири, ниту да се згуснува. Треба да се развиваат другите градови, како Битола, Прилеп, Штип, Куманово, Струмица, Охрид и можеби Тетово(посебно Битола и Прилеп). Подобро да имаме 3 града од по 250 000, отколку 1 од 600 000.
После ќе се чудите зошто Грците не викаат Скопје. Полека но сигурно почнуваме да стануваме град држава. Негативните ефекти допрва ќе почнат да се осеќаат. Јас сум меѓу ретките што сакам да се преселам од Скопје, најверојатно Битола или Прилеп, пошо во источна не ми се допаѓа диалектот.
А девојките?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom