http://www.plusinfo.mk/vest/19609/500-milioni-evra-kje-se-vivnat-vo-oblakoderite-vo-Aerodrom
500 милиони евра ќе се вивнат во облакодерите во Аеродром
Станбениот комплекс од четири облакодери, трговски центар, спортски терени и други деловни и комерцијални објекти, што во населбата Аеродром треба да се изгради до 2017 година, турскиот холдинг „Чевахир“ ќе го чини 500 милиони евра.
...
Според информации од официјалната страница на холдингот, на површина од 35.000 квадратни метри, освен висококатниците кои ќе бидат највисоки згради во регионов, проектот предвидува изгрaдба на внатрешни и надворешни базени, здравствен центар, турска бања, па дури и црква и џамија.
http://www.plusinfo.mk/vest/19467/Foto-Vaka-kje-izgledaat-prvite-oblakoderi-vo-Aerodrom
(Фото) Вака ќе изгледаат првите облакодери во Аеродром
http://www.plusinfo.mk/vest/19758/Opshtina-Aerodrom-Nema-da-ima-crkva-i-gzamija-kaj-oblakoderite-
Општина Аеродром: Нема да има црква и џамија кај облакодерите
Општина Аеродром информира дека во проектот за изградба на висококатниците нема да се градат црква и џамија, како што вчера информираше Плусинфо.
- Изградба на верски објекти кај висококатниците во општина Аеродром не е предвидена! Имено, според Деталниот урбанистички план за овој локалитет, се предвидува изградба на четири четириесеткатници со компатибилни содржини согласно Правилникот за стандарди и нормативи. Тоа значи, дека покрај станбен простор, висококатниците ќе имаат и други компатибилни содржини, односно објекти за мали комерцијални и деловни намени, трговски центар со останати пропратни содржини, велат од општина Аеродром.
И на кого да му веруваме сега ?
На општина Центар, или на турците кои ќе го градат ова здание во наредните 5 до 6 години ?
Колку за потсетување, 5 до 6 години е долг временски период во кој може да се случат многу промени.
Наредните редовни локални избори треба да се одржат во 2013.
Наредните редовни претседателски избори треба да се одржат во 2014.
Наредните редовни парламентарни избори треба да се одржат во 2015.
Што ако во меѓувреме дојде до промена на локалната власт во општина Аеродром и/или во град Скопје ?
Што ако во меѓувреме дојде до промена на централната власт во Република Македонија ?
Што ако во меѓувреме турците се премислат и одлучат да си заминат ?
Што ако турците одлучат да отстранат некој веќе планиран објект во ова здание или одлучат да внесат некој непланиран објект во ова здание ?
На кого да му веруваме сега ?
Но, како и да е, едно е сигурно, а тоа е дека, доколку се во право турците кои ќе го градат ова здание и доколку навистина се гради џамија, тогаш значи ова е суштината на пораката која беше упатена за време на изборната кампања при вонредните парламентарни избори 2011 од страна на еден политичар албанец, претседател на политичка партија која е во коалиција со сегашната најголема владејачка партија во Македонија, а гласеше дека македонското сонце и над Аеродром ќе зајде, а небото ќе го прелетуваат орлите.
Очигледно ова е суштината на таа порака.