Кој е најздрав начин на слабеење?

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Тешко е да се размрдаат и одма апчето...10 кила зелка у едно апче...којзнае низ што хемиски процеси минало тоа здраво апче :confused: башка од само 2-3 зелки ќе прдиш ко носорог

А што ефекти има ова со диетава со зелка? За седум дена колку кг се симиња и после тоа што се јаде, каков е стилот на живот? Секое нагло менување на килажа само со краткотраен ригорозен (пустински) режим на храна без доволно движење, физичка работа...само може да доведе до подоцнежни негативни ефекти за здравјето. Ама затоа што убави пари земаат авторите на тие диети, шо убав бизнизз:vozbud:
...посебно на чудотворните апчиња
Miracle Pill' May Help Trim Fat
The Miracle Pill® is the ultimate daily multi-nutrient supplement.

првин човек треба да се праша што довело до тоа да се здебели
Брат ова ти е чисто срање.. Зелката има малку калории а заситува.. Сега овие си напраила реклама и го продаваат.. :D

Иначе 200 грама зелка ќе напуни еден гоолем сад и тешко да ја изедете сами цела а има само 70-80 калории.. Подобро јадетеја него со вакви апчиња да ве лажат
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Најздравиот начин е најтешкиот начин.
 
Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Најздравиот начин е без вечера после 8 часот.
И да се јаде но не до прејадување.Туку таман колку треба.
Јас кога сакам да симнам некое килце така правам.И ми успева.
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Најздравиот начин е без вечера после 8 часот.
И да се јаде но не до прејадување.Туку таман колку треба.
Јас кога сакам да симнам некое килце така правам.И ми успева.
јок грешка е тоа .. јади , ама јади протеинска храна , да не е богата со комплексни јаглехидрати и масти .. пример јади урда со зеленчук .. замисли си ти телото што треба да вари и од каде треба да добива нутриција ако , пример , од 20:00 до 08:00 часот не му дадеш ништо за варење ..

Тој мит не јади после 8 е глуп , најискрено .. јас јадам ко вол , и пак имам одлична форма ..
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464

Тебе ти е таков метаболизмот, има луѓе што јадат ко волови и се 2 димензионални има некои што малце јадат а ептен им се фаќа.
Најдобар совет за намалување на килажа е правилна исхрана и физички вежби. Не постои начин на кој ќе ослабеш и ќе ја одржиш килажата ако само гладуваш месец, два, три, година без притоа да се навикнеш да бидеш физички активен. Кога ќе престанеш со диета ОДМА ја качуваш килажата.
Под правилна исхрана кога зборувам мислам на умерено јадење на се (со исклучок благо) и после 20:00 јадење само салати или слично. Леб немојте да избегнувате во исхраната, му треба на организмот, по пола тенко парче на ден е доволно. Поентата да не се прејадувате, следен пат кога ќе седнете да ручате ставете пола од порцијата што нормално ја јадете, изедете го тоа, причекајте 5-10 минути и видете дали уште ви се јаде, најчесто нема зошто обично не баланс во исхрана се случува ради стрмноста на мозокот, покасно стига пораката од стомакот до него дека е најаден и за тоа често кога јадеме нешто вкусно јадеме ко стоки и после не боли стомак.
Во јануари оваа година имав накачено килажа најмногу до сега што сум имал, околу 83-4 (обично сум околу 73-4, 175 сум висок), со примена на горе споменатото (значи мора физички вежби) од почеток на февруари па до средина на јуни некаде паднав на 62 кила, а организмот ми е појак од било кога, имам кондиција повеќе од било кога и сум доста физички спремен (малце имам опаднато кондиционо последниов месец :) ).
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Брат ова ти е чисто срање.. Зелката има малку калории а заситува.. Сега овие си напраила реклама и го продаваат.. :D
не те сфатив...мислиш на апчето или калориите...оти калории не спомнав. Јадење зелка за 7 дена и слабеење е лудост чии последици ги имам приметено кај некои мои колеги. Ќе се воздржат со вакви ригорозни методи (исклучиво на зелка или сличен производ наместо да ги отстранат причините-неактивност и еднолична исхрана) месец, два, три...после се фрлаат на уште повеќе јадење. Башка што и одреден број калории се потребни за секојдневно функционирање, и масти...вакви шок терапии подоцна (во подоцнежни години) само му штетат на организмот (кој шеќер, кој холестерол...). Инаку дел од дебелеењето и здравствените проблеми е резултат и на нискиот животен стандард.
Уосталом, еве што придонесува за забуната кај нас...првото видео, многу добар опис
http://forum.kajgana.com/threads/Никола-Тодороски-љ.55019/
стануваме со мисла што да каснам за здравје, живееме со што да каснам за здравје. И наместо да одиме за викенд на излет на планина, на пешачење вон градот, ни ги донесоа пешачките патеки и карпите за качување во градот...да не се помрднуваме. Фудбалче во маало, брканица, џамија...немам видено десетици и повеќе години. Затоа се повеќе напор, пари и храна се вложува во слабеење, нешто кое ние без напор сме го постигнувале иако не сме знаеле за јх или за масти. Срцеви заболувања воглавно беа болест на директорите, шеќерот беше болест на постарата генерација (пензионерите). Сега од толку здрава храна, суплементи и списанија, стануваме се понездрави, се помлади имаат вакви заболувања.
 
Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Па
јок грешка е тоа .. јади , ама јади протеинска храна , да не е богата со комплексни јаглехидрати и масти .. пример јади урда со зеленчук .. замисли си ти телото што треба да вари и од каде треба да добива нутриција ако , пример , од 20:00 до 08:00 часот не му дадеш ништо за варење ..

Тој мит не јади после 8 е глуп , најискрено .. јас јадам ко вол , и пак имам одлична форма ..
Па да ти кажам наубаво и спијам кога не јадам после 8 часот.Инаку само кошмари имам.
Инаку се си зависи до организмот.
А да ти кажам си немам маана се јадам.
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Па
Па да ти кажам наубаво и спијам кога не јадам после 8 часот.Инаку само кошмари имам.
Инаку се си зависи до организмот.
А да ти кажам си немам маана се јадам.
тоа е точно , секој организам си е индивидуален . Тоа што мене ми одговара не треба да значи дека и на тебе ќе ти одговара и vice versa ... Поентата ми беше нема потреба да се гладува и да не се става ништо во уста цели 12-13 часа. Така само го успоруваш метаболизамот и добиваш контра ефект . Целта е желудникот постојано да вари храна , крвта постојано да пренесува хранливи состојки а клетките да ги искористуваат. Тоа е се. Ем здравје , ем добра линија ;)
 
Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
тоа е точно , секој организам си е индивидуален . Тоа што мене ми одговара не треба да значи дека и на тебе ќе ти одговара и vice versa ... Поентата ми беше нема потреба да се гладува и да не се става ништо во уста цели 12-13 часа. Така само го успоруваш метаболизамот и добиваш контра ефект . Целта е желудникот постојано да вари храна , крвта постојано да пренесува хранливи состојки а клетките да ги искористуваат. Тоа е се. Ем здравје , ем добра линија ;)
Доста си упатен во ова нели?Сепак фала ти за советите.
 
H

-HRO

Гостин
Највеќе и најдобро се искористуваат пролетта и летото за слабеење.
Тоа е период кога многу се оди и се поти организмот.
Јас ова лето ослабев многу....
Кола и превоз заборавив што се цело лето...
Дневно одев по 30км и повеќе пешки, трчав навечер, исхраната ми беше повеќе од здрава.
Јадев само 2 пати дневно (појадок и ручек).
Ако ми се пријаде некогаш навечер (тоа беше ретко кога веќе ми се навикна организмот), јадев само супа, сирење и цвекло....
Многу е важно да не се изостави појадокот. 2 кришки со маргарин, мармалад и млеко се сосема доволни.
За ручек земав чорба (грашок, боранија, леќа, грав...) и јадев со 1 кришка леб. Највеќе се фокусирав на салатата.
Кога немав чорба, а имав ќофтиња со пржен компир, сето тоа го јадев и без леб.
Барем еднаш неделно, треба да се јаде и месо заради протеините. Кога мислам месо, мислам на телешко, пилешко, свинско, а не на салами, скари исл.
Скара заборавив што е, салама не сум ни имал потреба да јадам, затоа што тоа е нешто нај не-витаминско, исто така и мајонези и такви работи не јадев...
Сето тоа дури и заборавив дека постои, затоа што организмот ми се навикна на здрава исхрана.
Овошје и зеленчук земав во огромни количини.

Јас со оваа исхрана и многу пешачење и трчање навечер успеав да симнам добри 30 килограми за краток период... :)
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
тоа е точно , секој организам си е индивидуален . Тоа што мене ми одговара не треба да значи дека и на тебе ќе ти одговара и vice versa ... Поентата ми беше нема потреба да се гладува и да не се става ништо во уста цели 12-13 часа. Така само го успоруваш метаболизамот и добиваш контра ефект . Целта е желудникот постојано да вари храна , крвта постојано да пренесува хранливи состојки а клетките да ги искористуваат. Тоа е се. Ем здравје , ем добра линија ;)
One man's food is another man's poison. ;)
Сепак докажано е дека пректикувањето на одредени видови на контролирани постови е здраво.

За време на постот (на пример делумен пост без храна, со дозволена вода) се случува целосна природна детоксификација на организмот. Паразитите и токсините се исфрлуваат, дозволувајќи на тој начин телото да се стабилизира и да функционира оптимално. Потоа секако после претходно одредениот датум, постот се прекинува со свежи органски џусеви (home-made оф корс) итн итн.

Омилен пример ми е експериментот во кој 100 луѓе кои имале недостаток на витаминот Б12 по пат на постење успеале нивото на Б12 да го вратат во нормалата. :)
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
One man's food is another man's poison. ;)
Сепак докажано е дека пректикувањето на одредени видови на контролирани постови е здраво.

За време на постот (на пример делумен пост без храна, со дозволена вода) се случува целосна природна детоксификација на организмот. Паразитите и токсините се исфрлуваат, дозволувајќи на тој начин телото да се стабилизира и да функционира оптимално. Потоа секако после претходно одредениот датум, постот се прекинува со свежи органски џусеви (home-made оф корс) итн итн.

Омилен пример ми е експериментот во кој 100 луѓе кои имале недостаток на витаминот Б12 по пат на постење успеале нивото на Б12 да го вратат во нормалата. :)
За какви паразите збореш друже ?

Иначе за токсините ти треба зелен чај и анти-оксиданси , да ги елиминират слободните радикали ( токсините ) , а другите "токсини " си излегуваат преку фецесот и урината , и мал дел преку потта ;)
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
За какви паразите збореш друже ?

Иначе за токсините ти треба зелен чај и анти-оксиданси , да ги елиминират слободните радикали ( токсините ) , а другите "токсини " си излегуваат преку фецесот и урината , и мал дел преку потта ;)
Тоа оставам ти самиот да си истражиш... ;)
Доколку "импутот" на токсините е поголем од "аутпутот", тогаш што правиме? :)
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Тоа оставам ти самиот да си истражиш... ;)
Доколку "импутот" на токсините е поголем од "аутпутот", тогаш што правиме? :)
Ај сеа не го тупи .. на какви паразити мислеш ? Свинска тенија , кучешка тенија ...

Епа тогаш идеш на детокс , али шо телото ќе си уништуваш намерно за да после го чистеш ?? Која е логиката ?!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom