Овде би требало да ставам слика на фејспалм,ама не ми се дава да барам на гугл и да аплоудирам.Bystander ефектот не е од азиско потекло колку да знаеш.
И викаш азијците се асоцијални?Хм,мојот професор по јапонски доаѓа од Токио,многу ведар човек,расположен,друштвен,понекогаш духовит што не можам да кажам за некои од тука,а твојата теза за асоцијалност скроз паѓа во вода кога цел свет ги виде како се справија со земјотресот.
Уште нешто додека сме кај земјотресот-сличен случај на земјотрес во Јапонија имаше во 95 мислам,во Кобе.Имаше доста загинати и повредени,а први кои дојдоа на помош беа јакузите(нивната мафија).Тие први донесоа храна,лекови,вода и што се не за да им помогнат на жителите на Кобе.Доказ дека нивната мафија и да е мафија е похумана дури и од МПЦ.Не ми веруваш-прогуглај малце.
Фетуси немаат на мени во рестораните,тој случај е дело на психопат а психопати имаме и ние(само немој да ми дрндаш како и тоа е увезено од Азија),кучиња јадат и тоа е нешто што и за мене е несвојствено ама нема шанси да ги одвратиш од тоа,исто како што не можеш шпанците да ги одвратиш од борбите со бикови,ама јбг ти никогаш нема да скокнеш да браниш бик оти ја нема таа слаткост што ја има кучето нели?
Види, јас не мразам ниту еден народ. Азијатите едноставно, се премногу различни од мене. И најчесто кај нив забележувам секојдневна бездушност (не во случај на цунами), и секако, да не ги заборавиме Американците. Но тие сепак се поизбалансирани.
Некаде читав, не беше во скоро време, дека од сите порно филмови снимени, азијатите (ако не се лажам јапонците беа) се тие кои снимиле најмногу филмови кои прикажуваат насилство. Во Тајланд беше тоа, дека жената која наполнила 30 години, ако не се омажила, и припаѓа на државата и државата и наоѓа партнер за брак? Се сеќавате на Тајландката која се омажи самата за себе? Тоа, неконтролираното множење, ги доведе до степен да се казнуваат за второ дете (Кина). Се продаваат жени на интернет (и Русите го имаат ова, ама дефинитивно Кинезите се најдобри сега за сега во купопродажбата).
Има ред други работи, кои дефинитивно не ги има само во Азија, но, да бидеме јасни, онаму каде што е најнапредната технологија, онаму каде што се измислува истата (само погледнете какви бизарни измислици имаат Јапонците) останува најмалку простор за било какви емоции, и човечноста е најмала на тие места.
Прогресот на општеството, во целина, глобално, води до едноставност, симплифицираност, бледило, неемотивност, води кон губење на човечноста. А бидејќи пријателите Азијати ни се најнапредни, очигледно и кај нив прво се покажуваат тие симптоми.
Од друга страна, во најзаостанатите места на Земјава, најсилна е традицијата - која сама по себе носи огромни морални пофалби и санкции, односно го тера поединецот да има силни чувства на срам, гордост, а тие се најспецифични човекови чувства (бидејќи не се природни!), а за да стигне до нив, мора да го нема тоа ,,мртвило,, на модернизираниот свет.
Од друга страна, не ги негирам азиските култури, цивилизации, религии, имаат огромна историја, фасцинантна.
Но тоа не го менува фактот, дека денес, всушност, се далеку од овие изворни фасцинантни податоци за нив.
Инаку, иако офтопик:
За мене секое живо суштество, способно да перцепира на било каков начин, способно да чувствува болка, страв, радост, поврзаност - е еднакво важно и неговиот живот не е ништо помалку значаен од било чиј друг.
Да, сум против убивање бикови, кучиња, мачки, крави, гаврани, пајки, бубамари, итн, итн, итн...
И најмногу ги бранам цицачите. Сите цицачи.