Не сум бил во брак. Приметив многу ти напишале разведи се, а никогаш не биле во брак ниту пак имаат дете, лесно е да кажеш на некого разведи се. Гледај да го решиш проблемот а не да се разведуваш зашто немаш секс. Можда премногу сте се оддалечиле, превземи иницијатива и директно отворено разговарај, а не од околу, ако неќе викни малце мушки тресни по маса да свати дека си сериозен, поминувајте повеќе време заедно, зближете се пак, разговарајте, однеси го детето на викенд кај баби дедовци бидете сами напрајте си добра вечера , друкпат пак однеси го детето некој да ви го чува отидете во ресторан, друкпат искочете на журка, сакам да ти кажам да поминувате повеќе време само вие двајца без детето тоа е многу важно, и не очекувај преку ноќ промени, поминувајте повеќе време заедно имајте заеднички активности па види дали ќе помогне ова, види какви промени ќе има за 2-3 месеца. Погоре приметив повеќето што ти напишале се или ученици или студенти кои неможат да предвидат што носи животот во брак и плус дете, кога живееш со своите родители они те перат, пеглаат, ранат а на тебе е само да се журкаш и да имаш секс, е во брак не е така лесно, сакам да кажам можда не и е лесно цел ден на работа таму нервози, дома доаѓа изнервирана треба ручек да прави да пере, пегла и да се грижи за детето и да го воспитува, можда е депресивна поради тоа и не и е до секс, и јас си мислев дека е лесно да чуваш дете додека не ми ја донесоа првпат да ја чувам внука ми, цел ден трчав по нејзе рани ја, ова дај и она дај и па не те слуша па урла и други триста глупости па после морав да пијам лексилиум за да се опоравам, и стално кога ја чувам после сум нервозен зашто мора цел ден да трчам по неа зашто сепак е мало дете не разбира ништо а не па сите тие обврски што ги носи бракот и детето човек да ги има. Значи сакам да кажам повеќе време да поминувате заедно без детето само вие двајца и гледај да ја растеретиш од обврски, ако имаш пари вработи куќна помошничка, гледај повеќе да ви е убаво и релаксирано идете на масажа во ресторани и други убави ивенти смисли како да се растеретите од сите тие обврски кои создаваат нервози зашто знаеш ние младиве денес не сме научени многу да работиме и да имаме многу обврски многу сме размазени. Можда имала тешко детство што влијае да се изгради во личност каква што е, немаме сите исти животни приказни. Многу другарки имам што отако родија деца се сменија скроз, односот со нивните партнери, а и односот со мене, порано кога ќе искочев со нив сме се журкале и правеле муабет на разни теми и сме пиеле алкохол, а сега кога искачаме да се видиме ништо не ги интересира и само за нивното дете зборат ниту пијат алкохол ниту ништо, затоа гледај да помминувате повеќе време задно без вашето дете, зашто кога сте сите заедно вашето дете е на прво место, а кога сте сами вие двајца сте си важни во тој миг.