Брак без секс

А

Антоние

Гостин
Во брак сум повеќе од 10 години, од кои последните неколку без секс. Жена ми е секогаш преокупирана со работата, со детето и никогаш нема време за нас двајцата. Наоѓа секакви изговори само да не бидеме интимни. Последните неколку пати кога имавме секс одвај чекаше да заврши работата. Не мрда, глас не пушта, изгледаше како да имам секс со труп.
Со сестра и на телефон има време да тупи по 2 саати, оди на шопинг со пријателки, само за мене нема време.

Не сакам да го растурам бракот, но не гледам друг излез освен да почнам некоја врска на страна. Дали ова ви се има случено некогаш?
Точно знам во што е проблемот.

Премногу се грижиш за нејзините потреби на сметка на твоите. Тоа што треба да го направиш, е да си ги ставиш твоите потреби на прво место. Да станеш себичен. Наместо да се обидуваш со петни жили нејзе да ја доведеш до оргазам (знам дека го правиш ова иако не го имаш напишано), фокусирај се да се доведеш сам до оргазам.
Но и надвор од креветот, наместо да се обидуваш секогаш да ја задоволуваш и да бидеш добар сопруг, обиди се да си се задоволиш себеси. За првпат прави го тоа што ти го сакаш, иди на пецање со другарите, иди на утакмица, планинарење, незнам ти најдобро си знаеш што ти прави највеќе мерак. Живеј го животот. Батали молење за еден подпросечен секс.

Еве пример рецимо седите двајцата и она те замара за некои глупости од работа. Наместо да се замараш со нејзини глупости, кажи и дека си уморен и дека несакаш да ја слушаш.

На почеток ќе ти биде љута затоа што си себичен, али по некое време ќе се изненадиш како ќе се промени. Само да се разбереме, нема да бидеш себичен за да ја манипулираш, биди себичен -- за себе да си удоволиш. Ако ти се слушаат нејзините проблеми... што да ти кажам, слушај ги.

А, и уште нешто. Ако идеш со ова, иди до крај. Немој после првата караница да се упичиш и да се вратиш пак на лижењето стапала.
 
K

kalimer0

Гостин
Мал и неискусен сум во ова поле но мислам дека Антоние има право. Од она што го прочитав до сега имам забелешка дека се однесуваш премногу меко. Биди груб, биди маж, жените го сакаат тоа ;)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Според неа нема тука никаков проблем. Сексот не е наважната работа во бракот.??? Ме обвинува дека ако ја напуштам дека на сите ќе каже дека тоа сум го направил заради секс.
Ми ја руши самодовербата до даска. Не знам дали само мене ми се случува.
Најми приватен дететкив да ја следи и обезбеди фото и видео записи кај што шврља, па после уценувај ја и ќе имаш алиби за на суд
 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
Постои решение за бракот без секс, а тоа е РАЗВОД.
Со оглед на тоа што 50% од браковите завршуваат со развод, тоа па и не звучи толку лошо со оглед на фактот дека останатите 50% од браковите завршуваат со смрт. :pos::pos:
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.456
Поени од реакции
2.011
Имав случај со еден другар кој имаше сличен проблем кога станува збор за сексот. Сепак не беа во брак, но беа заедно 2, 2.5 години. На почетокот било се нормално, како одминувало времето се помалку и помалку допири имало. Со тек на време сексот речиси и да го немало, секој негов обид за допири, нежност, гушкање, бакнување и останато што води до секс, бил неуспешен. Баш истите оправдувања и избегнувања како кај kvadros. Проба со секакви разговори, но попусто. Дури при крајот му беше кажано дека е сексуален манијак.
На крајот се разделија. Секако дека ова не е ист случај, сепак се во брак и имаат дете. Но, сакам да кажам дека ако нема воља за разговор, тогаш попусто е се.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Ако не ти е по ќеиф,можеш секогаш да најдеш друга.Ако е обезбедено детето,земи го.Прво мислам дека секоја жена било која и да е сака секс,можеби повеќе од мажите..Дури беше татко ми жив,ме изненадуваше со кондомчиња насекаде.Тогаш незнаев ни што е тоа,во средно еднаш имаше предавање дури во 4 година.Не се става ултиматуми,но забораваш дека колку повеќе бараш,толку повеќе си очаен маж,а очаен маж е одбивен за жените.Може тие два саати разговор со сестра и да ги посветите на нешто што двајцата го сакате,а во тој момент да го чува детето дадилка.Out of the blue изненади ја со нешто што знаеш дека го сакала а не го имала,не зборувај за секс и не прави голема работа од тоа.Од тоа што кажа,таа те бркала тебе.Јас велам дека е лесно да фатиш девојка да ја задржиш е уште потешко.Клише приказна девојка брка машко,интересот и е на високо ниво,си создавал планови си ја земал за жена и си мислел дека со тоа си ја завршил приказната,таа ќе биде твоја до крајот на вечноста.Денешните женски може да си прават избор,не се традиционални и секогаш можат да бидат независни.Во овој случај се било супер дур си правел планови за во иднина,после тоа се променило,ти си станал премногу слаб кон неа.А кога стануваш слаб кон неа,знаеш што се случува стануваш неинтересен и твоите барања се изговори нејзини само да биде со тебе.Секогаш треба да креираш нови работи и да правите работи што двајцата ги наоѓате интересни.Најдобро нешто е танц,тука ќе видиш дали нејзините очи те гледаат само тебе или нејзините.Се гледа дека си традиционален маж,што е супер но треба да направиш една голема разлика жените размислуваат со емоциите,а мажите размислуваат со логични работи.Само за споредба една жена може да препознае слика какви му се емоциите на еден маж за дел од секундата додека машкото неможе,бидејќи работат двете хемисфери на мозокот,а машките со една.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Прво и основно. Таа повеќе за тебе чувства нема, и точка. За ова и ти си свесен. Оти како што кажа некој погоре, таа ако има чувства спрема тебе, колку и да и е одбивен сексот, заради тебе да те направи среќен, ќе издржи барем еднаш неделно 30 минути.
Е сега. Што можиш ти да направиш околу тоа.
Седнуваш, и разговараш како нормален човек: -Значи тебе ако сексот не ти значи ништо, како што самата кажуваш, мене ми значи. Јас сакам со тебе да го имам, ама ако не можам да го имам со тебе, ќе го имам со друга, и тоа да ти биди јасно како ден. (значи ова само како муабет, блеф на некој начин од твоја страна, манипулација ако сакаш наречи го)
Е сега има две варијанти:
Првата: - (со викање хистерично од незина страна) Како можиш на то да помислиш, имаш дете со мене, не ти е срам, на шо ти личам јас, бла бла... - ова варијанта значи, дека не сака да те изгуби како сопруг, а причини можат да бидат мал милион(а не дека те сака), пример: Битно и е да не разберат луѓето, да не пукни муабет, како што кажа самиот, и чистиш, и периш, се грижиш околу малиот и тн... - е сега од оваа ситуација, можи да ти опали кецот, и повторно да почните да имате секс. Само однапред знаеш дека нема да биди од љубов, или дека заради тебе тоа го прави, туку само да те задржи...да и периш, готвиш, чистиш, гледаш дете и тн. Ако си ОК со ова, тогаш имате WIN/WIN. Tи имаш секс, таја има домаќинка.(реално)

Другата: (ладнокрвно ти вика) -Прај шо сакаш, од мене секс не добиваш.
- Е овде , можат да бидат повеќе причини. Прво што можи да биди е, не само што не те сака, туку дури и одбивен станат и си. Единствено е со тебе заради детето, и да не пукни муабет. Друго, колку и да си демантираш самиот себе си, реално постои можноста да има некој друг на страна.(знаеш како викаат, жена без 2 не влегува в гроб).

Размисли си. Одговорот самиот го имаш. А то е дека љубов повеќе меѓу вас нема. Е сега, прашањето како ќе живееш со тоа, и што ке превземиш.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Деца, не му полнете глава на чоеко со вакви муабети “има друг, има друг..“
Сте биле ле вие во брак со години ? Жената од почеток (од млада) не го сакала баш сексот, тоа не е ништо чудно, се случуваат такви работи, таквите жени сексот го упразнуваат или да го задоволат сопругот или да родат дете но ретко за свое уживање. Со тек на години, во заедница, се роди дете (отпадна една причина) а љубовта не е како на почетокот - отпадна и другата причина. Јас мислам дека им е потребен совет од стручњак со диплома, од психолог или психијатар. Нормална жена ужива во секс и со маж и со љубовник. Нема со еднио да е труп и да не мрда и да не сврши а со друг да го јава како на родео и цика од уживања.
Има, има и тоа како има врска.
Сопругот може на пример, да не работи, да лока цел ден пиво, да прди пред неа, да седи небричен. Може таа за него да готви, пере, пегла. Може дента да ја изнервирал максимално, качил притисок 200. Може сексот станал рутина, а не задоволство.
Па дефинитивно олабавување од стрес ќе и биде некој, ем мазен, ем фин (бидејќи мора да ја заведува нели, што маж и со тек на годините престанал), ем прави нешто забрането (секогаш најслатко) и ем не ја боли уво што мисли за неа и како, ем не му е лута за ништо, и на самиот крај - има авантура, адреналин.... да, тоа го прави монотонијата.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Има, има и тоа како има врска.
Сопругот може на пример, да не работи, да лока цел ден пиво, да прди пред неа, да седи небричен. Може таа за него да готви, пере, пегла. Може дента да ја изнервирал максимално, качил притисок 200. Може сексот станал рутина, а не задоволство.
Па дефинитивно олабавување од стрес ќе и биде некој, ем мазен, ем фин (бидејќи мора да ја заведува нели, што маж и со тек на годините престанал), ем прави нешто забрането (секогаш најслатко) и ем не ја боли уво што мисли за неа и како, ем не му е лута за ништо, и на самиот крај - има авантура, адреналин.... да, тоа го прави монотонијата.
Tогаш таа би го напуштила, али гледаш не сака.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Го забораваш факторот
1. Имам дете со него
2. Што ќе каже околината
значи “неќам да имам секс со тебе али не ти давам ни развод“ж
хммм прилично кучкесто изгледа
а шо е со факторот разговор и решавање проблеми?
дечкото дојде овде да моли за помош, се уште ја сака (така изгледа) мислиш нема да се избричи и упристои за саканата??
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
значи “неќам да имам секс со тебе али не ти давам ни развод“ж
хммм прилично кучкесто изгледа
а шо е со факторот разговор и решавање проблеми?
дечкото дојде овде да моли за помош, се уште ја сака (така изгледа) мислиш нема да се избричи и упристои за саканата??
Не мешај баби и жаби сега.
Напишав 2 конкретни постови кон него, оди прочитај што сум кажала - разговор.
Сега тука со тебе правиме муабет.
Јас не реков дека баш дечково е небањат и небричен, поставивме хипотетичка ситуација.
Каде што мажот не го биѓава, а неа и се сака авантура, имаат дете и се плаши од осудата на околината.

Тоа не звучи кучкасто, тоа е синдромот на ,,те казнувам со секс,,. Мисли дека ако му ускрати секс, тој ќе се подобри.
Овој синдром најчесто се јавува кај нееманципирана женска раја, која не сфаќа дека сексот е взаемно задоволство, а не средство за наградување и казнување, односно превоспитување на мажите.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не мешај баби и жаби сега.
Напишав 2 конкретни постови кон него, оди прочитај што сум кажала - разговор.
Сега тука со тебе правиме муабет.
Јас не реков дека баш дечково е небањат и небричен, поставивме хипотетичка ситуација.
Каде што мажот не го биѓава, а неа и се сака авантура, имаат дете и се плаши од осудата на околината.

Тоа не звучи кучкасто, тоа е синдромот на ,,те казнувам со секс,,. Мисли дека ако му ускрати секс, тој ќе се подобри.
Овој синдром најчесто се јавува кај нееманципирана женска раја, која не сфаќа дека сексот е взаемно задоволство, а не средство за наградување и казнување, односно превоспитување на мажите.
и така мисли и го казнува неколку години? можи ќе сфати и ќе се подобри за 5-6 години и ќе си живеат среќно??

Сега тука со тебе правиме муабет.
чек да се преслечам во нешто покомотно...
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Не сум бил во брак. Приметив многу ти напишале разведи се, а никогаш не биле во брак ниту пак имаат дете, лесно е да кажеш на некого разведи се. Гледај да го решиш проблемот а не да се разведуваш зашто немаш секс. Можда премногу сте се оддалечиле, превземи иницијатива и директно отворено разговарај, а не од околу, ако неќе викни малце мушки тресни по маса да свати дека си сериозен, поминувајте повеќе време заедно, зближете се пак, разговарајте, однеси го детето на викенд кај баби дедовци бидете сами напрајте си добра вечера , друкпат пак однеси го детето некој да ви го чува отидете во ресторан, друкпат искочете на журка, сакам да ти кажам да поминувате повеќе време само вие двајца без детето тоа е многу важно, и не очекувај преку ноќ промени, поминувајте повеќе време заедно имајте заеднички активности па види дали ќе помогне ова, види какви промени ќе има за 2-3 месеца. Погоре приметив повеќето што ти напишале се или ученици или студенти кои неможат да предвидат што носи животот во брак и плус дете, кога живееш со своите родители они те перат, пеглаат, ранат а на тебе е само да се журкаш и да имаш секс, е во брак не е така лесно, сакам да кажам можда не и е лесно цел ден на работа таму нервози, дома доаѓа изнервирана треба ручек да прави да пере, пегла и да се грижи за детето и да го воспитува, можда е депресивна поради тоа и не и е до секс, и јас си мислев дека е лесно да чуваш дете додека не ми ја донесоа првпат да ја чувам внука ми, цел ден трчав по нејзе рани ја, ова дај и она дај и па не те слуша па урла и други триста глупости па после морав да пијам лексилиум за да се опоравам, и стално кога ја чувам после сум нервозен зашто мора цел ден да трчам по неа зашто сепак е мало дете не разбира ништо а не па сите тие обврски што ги носи бракот и детето човек да ги има. Значи сакам да кажам повеќе време да поминувате заедно без детето само вие двајца и гледај да ја растеретиш од обврски, ако имаш пари вработи куќна помошничка, гледај повеќе да ви е убаво и релаксирано идете на масажа во ресторани и други убави ивенти смисли како да се растеретите од сите тие обврски кои создаваат нервози зашто знаеш ние младиве денес не сме научени многу да работиме и да имаме многу обврски многу сме размазени. Можда имала тешко детство што влијае да се изгради во личност каква што е, немаме сите исти животни приказни. Многу другарки имам што отако родија деца се сменија скроз, односот со нивните партнери, а и односот со мене, порано кога ќе искочев со нив сме се журкале и правеле муабет на разни теми и сме пиеле алкохол, а сега кога искачаме да се видиме ништо не ги интересира и само за нивното дете зборат ниту пијат алкохол ниту ништо, затоа гледај да помминувате повеќе време задно без вашето дете, зашто кога сте сите заедно вашето дете е на прво место, а кога сте сами вие двајца сте си важни во тој миг.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
и така мисли и го казнува неколку години? можи ќе сфати и ќе се подобри за 5-6 години и ќе си живеат среќно??

чек да се преслечам во нешто покомотно...
Не би рекла дека тука има само по себе подобрување. Барем праксата не покажала, а и жената на почетокот тоа несвесно го прави (тој и е одбивен, и наместо да седне и да реши бива или не, таа го избегнува него), подоцна таа одбивност станува свесна, заедно со свесноста од потребата за сексуален живот. Така доаѓаме до моментот на љубовник, кој е се, освен нејзиниот сопруг.
За ова да застане, потребен е сериозен разговор, точно, со посредство на психолог/брачен советник, во спротивно партнерите многу, многу ретко ги увидуваат грешките (и кога ги увидуваат тоа е со асистенција од страна на пријатели, сестри, браќа.....) и најчесто произлегуваат катастрофални бракови (кои се најлошата верзија на родители за децата) или катастрофални разводи (со судски парници, делење старателства, борби за имот, доживотно непријателство)...
Доколку на време се седне и се расчисти, постојат 2 опции:
- Менување на старите навики и почнување одново
- Мирен развод, зачувување на пријателски односи заради добробитта на децата
 

Kajgana Shop

На врв Bottom