Знам дека е одговорено, но мене ме интересираше твоето мислење бидејќи како што реков ти си една од ретките што имаш изјавено дека имаш партиска книшка.
За последното како можеш да кажеш дека не си активист кога одиш на состаноци во партијата, и имаш додатни активности таму? Еве ти една работа што те интересира, зошто не се информираш таму?
За болдираното не знам што да ти пишам, но мнооооогу погрешно звучи некако. Некако претерано само-побивачко тврдење. Но тоа ќе да е офтопик мислам.
Епа грешиш.
Имам книшка зошто од Унија на жени организираа волонтери кои ќе помагаат во социјално загрозени неколку семејства.
Ретко одам до штаб, пред избориве знаев да пијам некое кафе. Иначе не идам по состаноци, бакрачи.
Имам попаметна работа од тоа.
Гласав за нив и без книшка, така и дознав за ова со волонтерството.
Книшката ама баш ништо не значи,свесен си, колку конвертибилни послушници имаме ние
Едно 5 пати сменија книшка до сега
Мене следното менување ќе ми биде - кинење. Ако само се осмелат да променат име.
А иначе последното. Тоа е. Активист за права на животните, некој што не фрлил пикавец на улица а пуши 2 кутии на ден, некој што собира хартивчиња од до канта и ги фрла во канта, сади цвеќенца по улици и брегчиња на семафори.....
Ах, за идеале гину будале.
Тоа ти е.
--- надополнето: Oct 14, 2011 6:39 PM ---
А по што ги разликувате Македонците што зеле буг. пасош од тие што зеле француски, германски, белгиски, швајцарски?
П.С. Не би се смеела на ова погоре зошто како што се одвиваат работите, нашиот пасош е тоалетна хартија према нивниот, the ugly truth.
И ова го разјаснивме веќе.
Кога земаш бугарски пасош мораш да се декларираш како бугарин.
За ниту еден друг пасош не ти бараат да се откажеш од македонската националност.
--- надополнето: Oct 14, 2011 6:42 PM ---
Јас за разлика од Тоукатер, имам национално чуство. Ако не ми веруваш, провери што пишував во темата за одењето на одмор во Грција. Но, припадници на мојот народ да ме прават будала, во името на истиот тој патриотизам, ми е малку повеќе од колку што можам да поднесам...
Да и затоа мораме да се избориме против нив.
Не ми се мене идоли, ако така мислиш, погрешно мислиш.
Ако нешто нивно одобрувам, за дупло повеќе плукам.
И во поглед на економија, и во поглед на се - не е целта да дигнеме раце, да се избориме.
Ако продолжат со оваква политика, јас би сакала на следните избори да гласа цел народ за некои нечуени до сега партии.
Да не може да се направи Влада, да се бојкотира.
Ама имаме два табора слепци.
Ај погоди што ќе се случи.
Како што кажав предходно, овој народ додека не се освести, ќе не крадат и тоа поштено. Не зошто се тие толку моќни, туку зошто ние сме толку слепи.