Правна помош и совети

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
(ВЕ МОЛАМ ЦИТИРАЈТЕ ЗА ДА ДОБИЈАМ ИЗВЕСТУВАЊЕ - ИТНО Е)
Дали има право адвокатот во случај на спор на заедничка делба на недвижности (заеднички имот)= ДА ПОСОМНЕВА на валидниот документ издаден од катастар?
значи,
Адвокатот тоа не го признава (се сомнева) валидниот документ издаден од катастар и го оспорува истиот доказ кој и самиот знам дека е изваден од катастар. Он го оспорува пред судот истото мислење со цел судот да го одложи судењето за месец дена (овака веќе е 5 години за ред, истата песна).
Дали сака да добие на време или нешто друго е во прашање?
Дали ќе може ова да го решиме, во смисла и ние да најмиме адвокат па нешто да се случи или нема потреба?
Ќе може да се самоцитирам уште еднаш? :)
 

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
Порблем со кабловска.

значи издавам стан под кирија и кираџиите значи потпишуваат договор за користење на нет и тв со кабловски оператор без никаква моја согласност. Сметките што доаѓаа гласеа на име на кираџииата. Тие се селат не оставаа ништо од опремата што им ја задолжиле и долг од 3000 ден. Следната сметка од кога се селат го пријавивам долгот и се информирам дали јас треба да ги барам за да си го платат долгот и опремата што си ја земале или како, ми рекоа тоа си е наш проблем ние судски ќе го бркаме ( ова се случува пред 7 месеци ) и дека ако сакам приклучок нема да имам никаков проблем .
е сега кога сакм да си приклучам за мене неможе требало да си го платам долгот.

Значи прашањето ми е дали со тоа што договорот бил потпишам без моја согласнос можам јас да ги тужам или што??
 

peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
Ako dvajca se razveduvaat, pri sto edniot e drzavjanin na edna zemja a drugiot na druga, a razvodot e pokrenat vo zemjata od kade sto poteknuva edniot bracen partner, a ziveele vo zemjata na drugiot bracen partner i imotot koj go steknale e vo zemjata kade ziveele a ne kade se vodi razvodot, i eve da receme sudot presudi da se deli imotot na pola, kako moze da se sprovede vo praksa taa postapka? So koj sredstva moze da se natera drugiot bracen partner da go podeli imotot ako nesaka?
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
(ВЕ МОЛАМ ЦИТИРАЈТЕ ЗА ДА ДОБИЈАМ ИЗВЕСТУВАЊЕ - ИТНО Е)
Дали има право адвокатот во случај на спор на заедничка делба на недвижности (заеднички имот)= ДА ПОСОМНЕВА на валидниот документ издаден од катастар?
значи,
Адвокатот тоа не го признава (се сомнева) валидниот документ издаден од катастар и го оспорува истиот доказ кој и самиот знам дека е изваден од катастар. Он го оспорува пред судот истото мислење со цел судот да го одложи судењето за месец дена (овака веќе е 5 години за ред, истата песна).
Дали сака да добие на време или нешто друго е во прашање?
Дали ќе може ова да го решиме, во смисла и ние да најмиме адвокат па нешто да се случи или нема потреба?
Колку што разбирам, адвокатот од твојата противна страна се сомнева во валидноста на документ издаден од катастар. Тоа и не е така чудно, со оглед на тоа како работи катастарот. Јас сум сведок на најмалку 3 катастрофални „грешки“, кои можат голема штета да направат. Значи, доколку се работи за имотен лист, може да се посомнева, зошто можно е катастарот да врши измени без воопшто странките да знаат. Така да, доколку не сте правници, убаво би било да земете адвокат, за да ви ги заштити интересите. Во крајна линија, и да го прави адвокатот сето ова само за одолговлекување, ваш адвокат би можел тоа ем да ви го објасни, ем пред суд спремно да настапи.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
ај прочитајте го ова и ако некој знае како да му се помогне на човеков да си извади гокументи нека прати порака на фб http://www.facebook.com/notes/горјан-јовановски/светомир/10150352073928114
Добро, што цел Фејсбук да не речам го отупува со оваа сторија? Ко да е еден таков човек, кој ради нечија грешка останал надвор или останал без работа. Има центар за социјална помош Даре Џамбаз карши Кјуби, има менза за сиромашни во св. Петка во К.Вода, нека отиде до таму, ќе биде услужен како и многу други кои немаат кров над глава, нит пари за јадење.
Дечково ок, земал тоа што земал, му помогнал колку да не умре за јадење една вечер, ама другиот ден? И наредниот? И тој после него...? Затоа ако го знаете најдете го, и кажете му за св. Петка и Даре Џамбаз.
И на крајот документите. Па мајкуму стара доктор бил, не бил аргат кој копал нафта, па да нема поима околу основни административни работи. Ќе појде,ќе се распраша од Центар за социјални работи, МВР кај телевизија, бидејќи тоа си е процедура за вадење документи (глупава е, ама тоа е тоа), не е пљукни-залепи, на кој како ќе му текне дека може да се извадат. Еве од сајтот на МВР:

За да ја добиете првата лична карта треба да го направите следново:
- да пополните и да поднесете барање кое може да го добиете бесплатно во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.
- да поднесете:
1. Ваш извод од матичната книга на родените;
2. Ваше уверение за македонско државјанство;
3. Лична карта на еден од родителите.
 

Снајпериста

несреќник
Член од
20 ноември 2008
Мислења
293
Поени од реакции
4
Ај една помош: пред некој ден ми дојде тужба од електродистрибуција за неплатени сметки од 2005 година, кои се за 8 месеци а за кои не верувам да не се платени, ама неможам да ги најдам тие сметки дома. е сега дали можам на некоја основа да поднесам жалба? Инаку тие сметки се на дедо ми кој е починат.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
75
Поени од реакции
17
ВАЖНО!
Со оглед на тоа што во изминатиов период, следејќи го овој подфорум за Право и правни совети, апелирам до сите оние кои ќе бараат совет- Поставувајте нормални ПРАШАЊА, а НЕ ДА БАРАТЕ УСЛУГИ од правниците на Форумов.
Не, не може правник од форумов да ви изготвува клаузули за извршност, Договри за купопродажба, обрасци за било што или полномошна.
Правник од Кајгана може само ДА ДАДЕ СВОЕ МИСЛЕЊЕ за вашиот проблем, или прашање, а не да барате од него да ВИ ИЗВРШИ УСЛУГА.

Нормално, доколку некој работи како нотар, адвокат и сл, преку ПП може да си се договарате за услуги и вршење на гореспоменатите активности со одреден надомест.

Ова го пишувам за во иднина нашата правничка (правосудна) професија да биде заштитена и платена како што доликува, а не секому да се вршат услуги, за едно "благодарам".
Знам, сите чекаат на говото и сите сакаат безпари да си завршат работа, но овде нема да може. Приватни пораки да, надомст да, доколку некој е професионалец, совет- секако, вршење услуга за без пари-никако.
Na prvata stranica - PRAVNA POMOSCH od Stumiks se pischuvat ! Ova e mesto na Forum Kajgana kade sekoj od clenovite moze SLOBODNO da se obrati vo vrska na pravnite nedoumici ili problemi i t. n. BIDETE SLOBODNI I PRASCHUVAJTE ! I t.n. !
So prilogot na POWER-MKD od 03.10.11g kade schto pischuvat za edno "blagodaram" VRSCHEJNE USLUGI ZA BES PARI NIKAKO !!!!!!!!!!
Ako POWER-MKD e siguren za dadenata pomosch deka taka zakonski taka ke bidit bes vo obicajno AKO,ILI, ili neznam kako, kako e poznato vo Makedonskoto Pravosudstvo nemam nischto protiv da bidit nagraden po tarifa ili poveke. Moe mislejne Forum da se preobratit vo svoj biznis e protiv bilo koj zakon. Pravnicite ili advokatite koj poveke znaet mozet sami da presudet: Jas licno za mene ako postavam nekoe praschajne do Forum-Kajgana bi go zamolil POWER-MKD da me ignorirat ili da ne gi citat mojite praschajna ili uschte pomalce da mi odgovrat. Jas sum videl mnogu praschajna od clenovi na forum Kajgana ili gosti, primer kako da ja osvojam taa devojka , 100 odgovori, a nekoj praschvit vistina za maka primer LEGALIZACIJA memat odgovor. Praschajne dali vo Forumov imame 99% za tie praschajna i 1% koj saket Forumov da go pretvoret vo svoj BIZNIS ili poveke. Mislam deka ovajpat ne baram pomosch ili mislejne od nekoj - nekoj pa mozam da recam BLAGODARAM. Za kasmet nemoram da Platam
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
И јас реков токму тоа- да се поставуваат прашања, а е да се бара директна услуга од некој правник на Кајгана. Токму ова е местото каде се поставуваат ПРАШАЊА во врска со правото, а не се бара директна услуга, за извршување на некоја работа (освен ако, нормално членот не е адвокат, па посебно да си се договори со членот кој бара помош), бидејќи неовластено давање правна помош, вршење на правни раобти е кривично дело кое не сум го измислил јас- Надриписарство.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.264
Поени од реакции
16.410
а што праиме кога на форумите механичар,електричар или инжинер бесплатно даваат помош ?? башка нивната помош е Ефикасна, а правната НЕ Е, затоа што во нашето Кривосудство нема автоматизам, за иста работа може друг судија друго да пресуди, посебно ако е друг суд во друг град...
Работата е да се истакнуваат специфични случаеви или таму каде законите и регулативата имаат големи недостатоци...
... чекајте да влеземе во ЕУ па ќе ви заврши адвокатскиот монопол, еве читам во Хрватска поради скапите адвокати и неефикасно судство споровите биле најмалќу 5х поскапи од Германија... ама сега кога ќе влезат можно е и германските адвокати да влезат во Хрватска... не само еу коли со 0 царина, конкуренција во сите области... б.т.њ., доктор во амбуланта во Блгарија работи за 200 љава плата...
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Абе луѓе, не ми филозофирајте. Прашувајте работи слободно, не барајте услуги, некој нешто да ви напише, да ви најде, да ви изготви некој специфичен акт и сл. За прашање никој ништо не ви вика. Jас не знам што освен ПРАШАЊЕ вие разбирате под "Правна помош", без пари и од не адвокат, не нотар и не извршител на форумов.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ај една помош: пред некој ден ми дојде тужба од електродистрибуција за неплатени сметки од 2005 година, кои се за 8 месеци а за кои не верувам да не се платени, ама неможам да ги најдам тие сметки дома. е сега дали можам на некоја основа да поднесам жалба? Инаку тие сметки се на дедо ми кој е починат.
По закон сметки за струја, вода, телевизјиа... застаруваат во рок од 12 месеци (освен ако не е поднесена тужба за нив во рок од тие 12 месеци), е сега шо е интересно, и јас имав ист таков случај, и тоа им напишав со повратница писмо на ЕВН дека има сметки постари од 12 месеци и согласно закон да ми се избришат од долг, дојдоа за 3 дена и ми ја исклучија струјата. Појдов на адвокат и ми кажа дека не е проблем ќе ги добиеме на суд али дали јас ќе можам без струја месец дена да живеам (толку ќе фатело со хитна псотапка да го добијам спорот) и така фино лепо појдов си платив 6000+ денари за сметките и ми ја уклучија струјата.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.264
Поени од реакции
16.410
По закон сметки за струја, вода, телевизјиа... застаруваат во рок од 12 месеци (освен ако не е поднесена тужба за нив во рок од тие 12 месеци), е сега шо е интересно, и јас имав ист таков случај, и тоа им напишав со повратница писмо на ЕВН дека има сметки постари од 12 месеци и согласно закон да ми се избришат од долг, дојдоа за 3 дена и ми ја исклучија струјата. Појдов на адвокат и ми кажа дека не е проблем ќе ги добиеме на суд али дали јас ќе можам без струја месец дена да живеам (толку ќе фатело со хитна псотапка да го добијам спорот) и така фино лепо појдов си платив 6000+ денари за сметките и ми ја уклучија струјата.
застарувањето е за плаќање, но мислам дека дистрибуција може да исклучи струја, само вода не смее да се исклучи...па кај нас 2004 откажа кабелот надвор од влез, ( претходно Телеком имаше копано), не мрднаа со прст додека не плативме и мерна кола и тие истите да дојдат поручек да го поправат кабелот...Но би требало Организацијата на Потрошувачи да ги пронуди сите Даватели на Комунални услуги на секоја сметка да пишуваат дали има заостанат долг,( нерачунајќи го последниот месец кој често доцни со ажурирање) па во тој случај доволно е да се чуваат само сметки стари 1 година
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ve molam mi treba pravna pomos

Mi stigna sudsko resenie od edna privatna firma za podignata roba vo 2007 god vo iznos os 6500den
.Istata taa roba ja podignav i ja plativ po nekolku meseci Taka bevme dogovoreni so gazdaricata,
Sega istata taa gazdarica me dava na sud so obrazlozenie deka spored nejzinata tetratka jas i nemam plateno za robata
Nejzin dokaz e nejzinata tetratka a jas samo mojot zbor
Vo ovaj slucaj so treba da napravam
Kako da ja dokazam vistinata?
Ve molam koj bil vo vakva situacija neka mi pomogne ili koj ima bilo kakov praven sovet
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Како ја имаш платено робата, би требало да си ја платила на фактура ако имаш фирма, а ако си како физичко лице, фискална. Е сега, ако си платила по фактура, имаш доказ од банка, ако си физичко лице не знам каков доказ би имала освен фискалната. А ако си платила кеш, мислам дека може слободно да те тужи, а ти контра тужба, пошто не ти издала никаков документ или фискална.

Само мојот совет не е правен, т.е. ова ти е моето видување. За повеќе може некој правник ќе ти каже.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom