Не знам како се Албанците организирани околу пописот, но дефинитивно се согласувам со тебе околу тоа дека се подобро организирани и од самата држава.
Од лично искуство можам да потврдам дека албански службеници во државната и јавната администрација ме имаат многу подобро, побрзо и пред се, покултурно услужено во споредба со македонските службеници во државната и јавната администрација.
Всушност, според документите кои ги објави Викиликс на Интернет, поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер, наводно го пофалил Фатмир Бесими како еден од најнекорумпираните и најчесните министри, а истовремено го има спомнал Миле Јанакиески како еден од најкорумпираните министри во владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ предводена од Никола Груевски.
На мене ми е жал бидејќи Гордана Јанкуловска остана министерка за внатрешни работи, искрено, посакувам Албанец да поставеа на таа позиција, но не некој од калибарот на Артан Груби кој ја злоупотреби својата службена позиција за да ослободи луѓе осомничени за нарушување на јавниот ред и мир преку употреба на физичко насилство, ако Бесими навистина е некорумпиран и чесен министер, тогаш такви луѓе како него ни требаат, без разлика дали се од македонска националност, албанска националност или од било која друга националност.