Дали ќе се преброиме? Се надевам, но ми изгледа тешко. Целта е шипративе да покажат дека се 25% (или повеќе) за да се задржи поделбата на Македонија според изнудениот Рамковен договор. А јасно е дека се неколку проценти под 20%.
“По многу дебата, претседателката на Заводот за статистика во земјата, Благица Новковска, понуди дефинитивен одговор.
„Законот јасно предвидува ... дека оние кои работат во странство и ја посетиле Македонија само неколку дена во текот на изминатите 12 месеци, нема да бидат попишани, ниту, пак, вклучени во вкупниот број на населението.“
Пописот е сложена статистичка операција, но истиот дава снимка на ситуацијата, а не основата за политичката или етничката поделба, рече за
SETimes професорот по правни науки на Универзитетот Американ Колеџ, Звонимир Јанкуловски.
„Обидите да се претвори пописот во трка за зголемување на процентите на етничките заедници се погрешни и проблематични, и не смеат да се дозволат“, рече тој.
Многу Албанци тврдат дека тие сочинуваат 30 отсто или повеќе од населението на Македонија. Газмен Кадри, 31-годишен жител на Скопје го искажа општиот став на Албанците дека треба да се пребројуваат сите, без оглед на траењето на престојот во странство. „Ако дел од нив живее во странство, тоа не значи дека тие не треба да се попишат.“
Македонците жестоко се противат, тврдејќи дека има шема која ги вклучува Албанците од Косово, Албанија, јужна Србија и други места двојно да се попишат во македонскиот попис и во пописите на другите земји.
„На пописот во 2002 година, бројот на Албанците беше вештачки зголемен за да се поклопи со уставните измени кои предвидуваа ексклузивни права и привилегии за малцинствата што претставуваат повеќе од 20 отсто од вкупното население. На тој начин беше промовиран втор конститутивен народ во Македонија, иако тие сочинуваат 16 до 17 отсто од населението“, рече за
SETimes претседателот на партијата ТМРО-ВЕП, Страшо Ангеловски.
Ангеловски тврди дека повторувањето на пописот од 2002 година може да предизвика широко незадоволство бидејќи ќе се смета за закана за државата на македонската нација.
Во меѓувреме, владата го потврди правниот услов за сите попишувачи кои се од јавната администрација да учествуваат, а нивните раководители да ги ослободат од работните обврски за време на периодот на пописот, 1-15 октомври.
Но, градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи, им постави ултиматум на општинските службеници да изберат меѓу учеството на пописот или работата во општината.
Османи, етнички Албанец, објасни дека неговиот потег е неопходен за нормално функционирање на општината.
Повеќе од половина од општинските службеници се вклучени во пописот и треба да се фокусираат на неодложните општински проблеми, рече Османи.
Владата објави дека очекува да ги публикува резултатите од пописот во декември.“
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2011/10/07/feature-03