И еве уште еден #MKWIN потег на ЈСП
Музика за сечиј вкус во двокатните автобуси
Од денеска ЈСП Скопје ќе започне со реализација на проектот за унифицирање на музиката која се пушта во двокатните автобуси.
- Во соработка со ди-џеите Ицко и Ерик Фокс, во автобусите на ЈСП „Скопје“ ќе се пуштаат неколку различни жанрови на музика во зависност од периодот на денот. Во утринските часови ќе се пушта помирна класична музика, додека во текот на денот со зголемување на динамиката на движење во автобусите, ќе се пушта и подинамична музика. Во вечерните часови ќе следи ноќна, електронска музика, соопшти ЈСП „Скопје“.
Ваквиот проект, нагласуваат од ЈСП, се спроведува на барање на граѓаните односно за креирање на нови посовремени урбани навики.
Извор:
Курир