Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
А да му каже некој на новинарчево дека Лико треба да игра бар пет сезони во Македонија пред да добие државјанство... т.е. може да добие државјанство, но не може да игра за Македонија, освен ако некоја баба не му е Македонка. И уште една работа, нашата лига не е мерило за тоа колку е некој квалитетен. И малце оф-топик но на Вардар не му се случи никакво „воскреснување“, се наполна со „старци“ кои на краток рок ќе бележат успеси, но досега очигледно е дека тимот нема никаква стратегија за во иднина.
 
Ќе дојдат нови старци и тако даљe...:D
Не се сите старци, Петров, Ивановски, Грозвдановски, Оса, Ранѓеловиќ па и Лико не се баш стари...
Тоа е формулата за освојување на титула кај нас. Ете го Работнички со потенцијалните ѕвезди што прави. Кај што губат, туку и секое коло баш тие се најдрва. Настески сега е втора постава, а од толку најавуваниот Велкоски Дарки но Ф од фудбал немаме видено;)
 
Кој мисли дека стварно е фер Ерменија да победи? Стварно не заслужуваме да победиме по ваков очаен циклус, додека Ерменија стварно заслужува да оди на ЕП.
 
За инат може нерешено да им извадиме:D
Не верувам и дека ќе ги победиме. А на Ерменија и треба победа, нерешено не и врши работа..
 
Абе не е поентата за инат да се игра, тоа е злобно. Треба да се игра за победа наша и тоа е тоа.
 
Кој мисли дека стварно е фер Ерменија да победи? Стварно не заслужуваме да победиме по ваков очаен циклус, додека Ерменија стварно заслужува да оди на ЕП.
Чекајте, има некои кои се надеваат на изненадување? Па јас за најсигурен 1 ја сметам оваа.
Плус 1.70 и ставиле на Ерменија, вакво нешто не се пропушта. :sneaky:
 
Чекајте, ние сеуште сме "млада" држава, требаат години за да се формира еден добар тим. Ние секој квалификациски циклус правиме репрезентација за наредниот, така ќе биде и сега, и утре, и задутре...

Со оглед на тоа како одиграа против нас во Скопје, како ја прегазија Словачка и капак на се шансата за историски пласман што ја имаат, црно ни се пишува... Останавме ние на дното во фудбалот, барем да се засрамат т.н. репрезентативци и фудбалери од кошаркарите и ракометарите.
 
Факт е дека Ерменија има историска шанса да се најде меѓу првите две во групата, но фудбал си е фудбал, не се знае, што се вели доколку сакаш да ја постигнеш примарната цел, излези на терен и покажи дека си подобар и резултатот ќе си дојде. Како и да е, да не испадне после ние сме биле виновни, што сме ги победиле ерменците, демек секогаш сме биле расипувачи на забави. Не треба така да се гледа, секој си гледа на секој меч, за својот национален тим да одигра најдобро и секако да победи, без разлика каква и да е ситуацијата.
Дали се сеќавате на квалификациите за пласман на Светското во 1998 год. во Франција, во последните два меча игравме со Литванија, тамам шест бода и две победи ни фалеа да се најдевме во бараж, ама не освоивме ниту еден бод, односно и двата дуели ги загубивме од Литванците...Така да сметам дека треба секогаш да се бодри и да се навива за македонската репрезентација..
 
Тоа што Ерменија има огромна шанса само го зголемува притисокот врз нив, прв пат се во ваква ситуација и нема да им е лесно ако наидат на отпор, или посебно ако се најдат во ситуација први да примат гол. Немаат искуство за вакви натпревари, баш како што немавме и ние со Литванија.

Од друга страна ние секогаш сме знаеле да заебеме некого за пласман, иако е глупаво да ја споредувам оваа наша репрезентација со предходните. Фудбал е, се надевам дека мотивот да се наметнат кај новиот селектор ќе вроди со нешто. Не сум голем оптимист.

Инаку во кладилница котираме за срамота, дури наоѓам и типови: 10 on Armenia... страшно.
 
Него, немој да ми кажете дека на стрим ќе го глеам мечот :pos:
Пренос ќе има? ... или нема потреба
 
Него, немој да ми кажете дека на стрим ќе го глеам мечот :pos:
Пренос ќе има? ... или нема потреба
Па според информациите директен пренос би требало да има на МТВ1 од 17:00 часот, а два часа порано на истиот канал најверојатно ќе се пренесува и мечот Македонија-Србија до 21 година - прв меч од квалификациите за младинската селекција за пласман на ЕП 2013
 
Глеам на МТВ1, нема никаква најава за мечот, ни во програмата не е вметнат ..
Ај се надевам дека тоа што го пиша ќе е вистинито, и убаво би било да ги видиме младите против Србија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom