Брат не е баш малку да го минуваш целиот град
Плус треба да менуваш два автобуси, па со нивната нередовност, за натпревар кој почнува во 13 часот, ќе треба да станам уште во 10...
Цел ден се губи, а за позафатени луѓе тоа е недозволиво
Ќе го гледам Вардар кај и да игра, може ќе пропуштам некој меч раду колоквиумите што се ближат, ама сепак и Градски ми беше далеку, па вака уште побетер
Го заборави и Црниче во набројувањата
Сум кажал населбиве што се во овој регион се нај Вардарски, ретко може да се најде некој од друга навивачка група. Пржино е 100% Комитско на пример
Со Шкендија 26 души отидовме во кортео и на јужна имаше уште толку, а млади има едвај 100-тина на возраст од 14 до 25 години
И Сопиште е за пофалба, а за Драчево немам зборови
Во Кисела Вода малце потфрлаат новиве генерации пошто знаат и со ВПБ да отидат, али во глобала, за Вардар може и 150 души да се соберат, плус што има постари генерации кои традиционално навиваат за Вардар.
Припор потфрла тука... Знам само неколку души што идат од Припор, али воглавно се со ЦПБ