Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Член од
27 септември 2011
Мислења
185
Поени од реакции
96
Вака сега, многу во архитектурата е прашање на вкус (но и наука). Јас, на пример, обожавам модерна архитектура. Функционална, напредни еколошки материјали, светла, стакло... Барок, класицизам и слично можам само да почитувам, тоа што се изградило пред 300 години. За 21-ви век мислам дека доволно напреднавме да направиме нешто пософистицирано.
А што во класични објекти неможат да се вклопат еколошки и напредни материјали?Оф лелее:tapp:
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Ако имаш проблем да прочиташ и да разбереш што сакам да ти кажам, воздржи се од коментари.
Во првиот коментар од темава реков дека сум за градење дека било какво градење е подобро од тоа што беше.Јас сум против стилот што се фура во дел од градбите.Не сум против градењето,нека градат,нека се гради и што повеќе................мене ова не ми се допаѓа како изгледа.А очигледно и доста архитекти се сложуваат со мене.
тебе може да не ти се допага и да си против - НЕ МОЖЕ ДА ФУРАТЕ ЛАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ДЕКА Е СТИЛОТ е

ЗАБРАНЕТ
СРАМОТЕН
НЕУПОТРЕБЕН во 21 век
НЕСВОЈСТВЕН ЗА СКОПЈЕ и Македонија

едноставно тоа се лаги! кажи не ми се допага и образложи зошто
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Значи покрај незадоволителната инфраструктура, густината на вработени во центарот и нерамномерните вложувања, како и темата за архитектурата во служба на граѓаните останува како едно од прашањата и функционалноста на работниот простор (за што има напис и погоре, даден на линкот од Порта 3). Овде би ни помогнал некој архитект кој знае што се изучува на ова поле во нивниот занает, како и новите идеи и достигнувања. За музеи се можеби соодветни, но за деловни, управни згради...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Koj ве лаже дека во Скопје немало барок и класицизам да ви ги врати парите !
Не во Скопје имало само амами,џамии и дрвени колиби :tapp:
 
TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
А што во класични објекти неможат да се вклопат еколошки и напредни материјали?Оф лелее:tapp:
Вклопија ли?

И шо одма со :tapp:? На сите до еден треба да ни се допаѓа како е направено? Не давате прав да падне на проектот, никој не смее да се прашува и да резонира дали нешто може(ше) да се направи подобро.
 
Член од
4 септември 2011
Мислења
94
Поени од реакции
23
тебе може да не ти се допага и да си против - НЕ МОЖЕ ДА ФУРАТЕ ЛАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ДЕКА Е СТИЛОТ е

ЗАБРАНЕТ
СРАМОТЕН
НЕУПОТРЕБЕН во 21 век
НЕСВОЈСТВЕН ЗА СКОПЈЕ и Македонија

едноставно тоа се лаги! кажи не ми се допага и образложи зошто
Ti ke mi kazes dali moze ili ne moze ??? Jebiga i tie sto kazaa nesto negativno se platenici i da te citiram tebe...
не знам со кој образ и дрскост една шака архитекти даваат оцени за мојот град,
Sto e be nazi, prvo strancite ne smeat da zborat posle koj e sleden... domasnite "predavnici" ??
Koj ве лаже дека во Скопје немало барок и класицизам да ви ги врати парите !
Не во Скопје имало само амами,џамии и дрвени колиби :tapp:
Zaboravivme deka Skopje (Makedonija) e kolevka na civilizacijata.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
185
Поени од реакции
96
Вклопија ли?

И шо одма со :tapp:? На сите до еден треба да ни се допаѓа како е направено? Не давате прав да падне на проектот, никој не смее да се прашува и да резонира дали нешто може(ше) да се направи подобро.
Ти не кажуваш конкретно дека можело да биде направено подобро,туку КОНСТАТИРАШ дека модерните градби биле со ефикасни материјали и бла,бла,а класичните биле неефикани:tapp:што е чисто трескање глупости!Ако си информиран за проектот,ако имаш познавања од архитектура,градежништво,ако си бил во центар и ако си видел,коментирајте бре,а не да лупате глупости и да ја упропастувате диксусијата.Па се живо и диво избркавте од темава само најупорните останаа
--- надополнето: Oct 5, 2011 2:37 PM ---
Ti ke mi kazes dali moze ili ne moze ??? Jebiga i tie sto kazaa nesto negativno se platenici i da te citiram tebe...

Sto e be nazi, prvo strancite ne smeat da zborat posle koj e sleden... domasnite "predavnici" ??

Zaboravivme deka Skopje (Makedonija) e kolevka na civilizacijata.
И што кажа?Ај ако нешто кажуваш конкретно затемава кажувај ,лечење на лузерски политички фрустрации на друго место.:tapp:
 
TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Ти не кажуваш конкретно дека можело да биде направено подобро,туку КОНСТАТИРАШ дека модерните градби биле со ефикасни материјали и бла,бла,а класичните биле неефикани:tapp:што е чисто трескање глупости!Ако си информиран за проектот,ако имаш познавања од архитектура,градежништво,ако си бил во центар и ако си видел,коментирајте бре,а не да лупате глупости и да ја упропастувате диксусијата.Па се живо и диво избркавте од темава само најупорните останаа
Дискусијата си е супер, тоа што тебе не ти одговара е друга работа. Јас си дискутирам 100% на темата. Не зборувам дали треба или не треба да се гради. Коментирам на тоа ШТО и КАКО се гради од перспектива на обичен форумџија. Колкумина од тука ги исполнуваат условите, тазе склепани од тебе, за да коментираат на оваа тема на слободен форум? Тие што кометираат на темата за нетрпиродни појави да не имаат натприродна моќ? Оти вака се брукаш? Јас си давам мислење базирано на мојот вкус за дизајн и некои општи познавања за модерни материјали и слично. Ако ти имаш некои докази за тоа какви материјали се користени, слободно напиши, дај извор и слично и јас ќе ги прифатам. Но за дизјанот се гледа, има слики, видеа и слично и за мене е тапа. Тоа е тоа.
 
Еве момче старо форумџиџе ја ќе ти кажам.На сите слики кога градбите беа во карабина фаза,можеш да видиш дека се правени со гитер цигла(оние малине со дупчиња) што е поскапа варијанта од стандандарната , но има висока топлинска изолациона моќ.Исто така можеше да видиш кога се поставуваше фасадата ,беше ставана со стиропорни панели кои уште толку дополнително дава звучна и топлинска изолација.Имаше дур и реклама на дел од објектите од која изолација стваат.Исто така можеше да видиш дека во дворот на секоја градба е ставена централна климатизација што е многу ефикасно решение место да висат еркодишни од секој прозор.Можеше да се видат цевките за вентилација што значи првпат ќе ставаат вентилационен систем во некоја државна зграда.Стаклата на најголемата зграда(уставен суд) се од стакло што пропушта светлина а ја одбива топлината.Сево ова ти дава заштеди во греење/ладење што беше многу висока ставка во претходните објекти.Слободно зирни слики и ќе видиш за што зборам.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
ХАХАХА:vozbud: настанот е организиран од Асоцијацијата на Архитекти на Македонија која беше директно одговорна за Архибригадата, книгата Скопје светското копиле и други активности кој беа финансирани од странски служби виа одредени амбасади и издавачки куки тука и од странство. - нема повеке да навлегувам

сега иде интересниот дел, држете се

1.последен пат кога проверив - БЕВМЕ СЛОБОДНА ЗЕМЈА и не знам со кој образ и дрскост една шака архитекти даваат оцени за мојот град, не знам истите тие архитекти да поканеа наши луге да даваат оцени за нивните градови во Германија или Литванија????, Но не се тие виновни, виновни се кртовите во ААМ кој ги донеле тука со однапред подоготвена агенда.

2. со ред да ги подбереме кретениве и да ги прашаме
- ако собранието личи на рајстагот на ШТО ЛИЧИ РАЈСТАГОТ??? АКО НЕ НА РИМСКА АНТИКВИЗАТОРСКА ПАЛАТА ???? срамота бе тоа германците антички значи..зошто не гледаат во иднината?

3.Ако Македонската порта личи на триумфална(да личи) на што личи Берлинската ако не на Париската...а Париската не на римската?? Сите е*ани порти низ светот ??? лесно проверлив кретенизам http://en.wikipedia.org/wiki/Triumphal_arch

4.Судот личел на хотел во Вегас исто толку колку што Конгресот во САД или било која државна институција во неокласичен стил во светот личи на хотел во Вегас- ама не, само нашиот е ете Лас Вегаски - ова другово се бре од чоколадо правено

5. пред да отворите устите дека тоа се правело пред 100 години
(глеам за за Трупер касно е :tapp:)
The Keating Millennium Centre at St. Francis Xavier University, Canada, completed in 2001

6.И НА КРАЈ ВИСТИНСКАТА ЦЕЛ НА СОБИРАНКАВА!!!

„Шокиран сум што некој сака да му направи толку страшна работа на еден европски град. Во име на националниот идентитет сака да се создаде нешто што личи на хотел во римски стил - палатата на Цезар во Лас Вегас. Секако дека една нација мора нешто да изгради за да се потврди“, смета Суџиќ, укажувајќи дека идентитетот не се создава со фалсификување на минатото, туку, како што вели, со позитивен поглед во иднината.

ТЕНК ЈУ АНД ФАК ЈУ....ти ибам архитектите полуписмени, што мислат неаме интернет???
Баш си се залауфал,глеам, заедно со онаа мртвачка глава Ч(а)нтоМак. Признавам, ти барем имаш нешто да кажеш од време на време. Но, драго мое, тоа не значи дека ќе молчиме коа ќе почнеш да стануваш дрзок и нападен до неиздржливост. Зато држ му се сеа ти:
Прво бараш стручна дискусија, мислење на архитект, а коа ќе го добиеш-па, ондак добиваш дрскавица од типот-шака архитекти кои даваат оценка (замисли!) за "мојот град", кртови на ААМ, платени карти...паааа, можда од Бранко Црвенјковски? Абе, излези си малце, шетни, ваздух да те фати, ќе пожолтиш вака од многу озбилни мисли.
Бај д веј, тоа се АРХИТЕКТИ, кои дале свое СРТУЧНО мислење, кое без разлика што тебе не те сФиѓа си останува и натаму СТРУЧНО и како такво многу поозбилно го сфаќаме од мислењето на еден форумски анонимус. Жалам, ама тоа ти е реалноста! Твоето мислење е за на тоалет хартија! А ова го поддрчувам со следното:

2.Можда на твојата планета ова има логига, ама овде на земјава звучи како проливасто срање!
Знаш ли бре ти од кое време е зградулево? Низ што поминало? Знаш ли бре, где се оно налази? Значи, звучиш ко кретен коа споредуваш архитектура и архитектонски стилови во Европа и архитектура во МАКЕДОНИЈА И СКОПЈЕ. Поготово, што се однесува на последново. Западноевропските градови имаат поинаква архитектонскиа и уметничка култура (ако сакаш така) низ историјата-романика, готика, ренесанса, барок, нео-стилови (нео-класицизам, нео-готика на пример итн). И покрај разурнувањата низ времето, еве особено во текот на светските војни, некои од објектите биле обновувани во стиловите во кои оригинално биле градени. Зошто? За да се задржи контекстот, да се запази јадрото. Ако околните згради ти се во некој нео-стил, логично е да реконструираш, па дури и да градиш нови згради во тој контекст, нали така? Ова се однесува на сите малку подоцна истресени глупости за Лондон или Париз. Си бил во Лондон? Ако си бил, уште го мислиш истото од прееска? Ти успеа да најдеш сличност меѓу Скопје и Лондон? Мене тоа не ми успеа, што знам...

И пак за е**ната Порта. Еве пак, онаа во ПАРИЗ не може ни да се спореди со нашата. Нашата нема блага врска со терминот триумфална порта. Можда малце личи, ама е изгубена во преводот-утната местоположба во прв ред. Таков тип на градба не трпи близина на објекти високи колку неа и со станбено-деловна содржина. Еве ти сликовито (Триумфалната порта во Париз) како се то ради:

Видиш, стварно е лесно проверлив кретенизам.

Е, за малце ќе заборавев-имаш погоре еден бисер као сме имале ние неокласична архитектура од пред 2000години??? Стварно? Стварно? Чекај, ние сме имале, па дошле германците и ни ги испорушиле, па мораме сеа да си ги изградиме наново? Пфффф....
 
TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
...Слободно зирни слики и ќе видиш за што зборам.
Во ред дечко, задоволен сум од овој одговор, за разлика од претходните :). Верувам дека има одреден модерен елемент во целиот проект, но не баш толку за јас да би бил импресиониран. Но, корисни се и овие информации во секој случај, па оние кои се стручни може да дадат и повеќе на оваа тема, пред се споредби со она што се случува во светот во однос на модерни пристапи во архитектурата. За барокот, за тоа нема што да се дискутира, прашање на вкус, за мене е сепак промашено.
 
Многу високи очекувања! Професори домашни и светски не се рачунаат, ама ако се појави некој форумски експерт по архитектура (на кој ќе му веруваме само на чесен кајгана збор дека е таков), е, тогаш ќе се развие квалитетна дискусија!

Баш да видам :LOL:
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
тебе може да не ти се допага и да си против - НЕ МОЖЕ ДА ФУРАТЕ ЛАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ДЕКА Е СТИЛОТ е

ЗАБРАНЕТ
СРАМОТЕН
НЕУПОТРЕБЕН во 21 век
НЕСВОЈСТВЕН ЗА СКОПЈЕ и Македонија

едноставно тоа се лаги! кажи не ми се допага и образложи зошто
:pos:
ДА ДА ДА твојте информации,заедно со оние на латас миленко и уште некоја издркотина се најточни!
Сите треба да ќутат сите се глупи само ти си паметен :tapp:
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
185
Поени од реакции
96
Баш си се залауфал,глеам, заедно со онаа мртвачка глава Ч(а)нтоМак. Признавам, ти барем имаш нешто да кажеш од време на време. Но, драго мое, тоа не значи дека ќе молчиме коа ќе почнеш да стануваш дрзок и нападен до неиздржливост. Зато држ му се сеа ти:
Прво бараш стручна дискусија, мислење на архитект, а коа ќе го добиеш-па, ондак добиваш дрскавица од типот-шака архитекти кои даваат оценка (замисли!) за "мојот град", кртови на ААМ, платени карти...паааа, можда од Бранко Црвенјковски? Абе, излези си малце, шетни, ваздух да те фати, ќе пожолтиш вака од многу озбилни мисли.
Бај д веј, тоа се АРХИТЕКТИ, кои дале свое СРТУЧНО мислење, кое без разлика што тебе не те сФиѓа си останува и натаму СТРУЧНО и како такво многу поозбилно го сфаќаме од мислењето на еден форумски анонимус. Жалам, ама тоа ти е реалноста! Твоето мислење е за на тоалет хартија! А ова го поддрчувам со следното:

2.Можда на твојата планета ова има логига, ама овде на земјава звучи како проливасто срање!
Знаш ли бре ти од кое време е зградулево? Низ што поминало? Знаш ли бре, где се оно налази? Значи, звучиш ко кретен коа споредуваш архитектура и архитектонски стилови во Европа и архитектура во МАКЕДОНИЈА И СКОПЈЕ. Поготово, што се однесува на последново. Западноевропските градови имаат поинаква архитектонскиа и уметничка култура (ако сакаш така) низ историјата-романика, готика, ренесанса, барок, нео-стилови (нео-класицизам, нео-готика на пример итн). И покрај разурнувањата низ времето, еве особено во текот на светските војни, некои од објектите биле обновувани во стиловите во кои оригинално биле градени. Зошто? За да се задржи контекстот, да се запази јадрото. Ако околните згради ти се во некој нео-стил, логично е да реконструираш, па дури и да градиш нови згради во тој контекст, нали така? Ова се однесува на сите малку подоцна истресени глупости за Лондон или Париз. Си бил во Лондон? Ако си бил, уште го мислиш истото од прееска? Ти успеа да најдеш сличност меѓу Скопје и Лондон? Мене тоа не ми успеа, што знам...

И пак за е**ната Порта. Еве пак, онаа во ПАРИЗ не може ни да се спореди со нашата. Нашата нема блага врска со терминот триумфална порта. Можда малце личи, ама е изгубена во преводот-утната местоположба во прв ред. Таков тип на градба не трпи близина на објекти високи колку неа и со станбено-деловна содржина. Еве ти сликовито (Триумфалната порта во Париз) како се то ради:

Видиш, стварно е лесно проверлив кретенизам.

Е, за малце ќе заборавев-имаш погоре еден бисер као сме имале ние неокласична архитектура од пред 2000години??? Стварно? Стварно? Чекај, ние сме имале, па дошле германците и ни ги испорушиле, па мораме сеа да си ги изградиме наново? Пфффф....
Лејди(ман),во твојот расказ има многу бес и гнев, што не е својствено кога се гради и создава;)
Стручно мислење не е некој анонимус, странец ќе ми кажува кој бил мојот национален идентитет-тоа дечко/девојко е историска дискусија , а не дискусија на архитекти.Стручно мислење не е, кога е преставено од 5-6 архитекти кои имаат политички бекграунд и за кој се знае дека се исфрустрирани што не добиле некој конкукрс.Што правиме со оние 20-30 архитекти и уште толку историчари, кои работеа на проектот и кој се врвни имиња?Зашто нивното не е стручно миселење.

Дечко/девојко,зар ако немало пред тоа ништо,зар поѓаволите и соросоидите, да го оставиме така?Која е таа глупа логика,така не било порано,па ај тој стил да не се гради.Ристичиева палата извини што е?Кога беше планот за офицерски дом истите тие ,,стручнаци,, врескаа зашто ќе се градела зграда од српско време...
Ете се направило проценка од тим составен од архитекти и историчари кои легитимно си победиле на конкурс, тие 4-5 згради,најсоодветно и најавтетично да имаат таков стил.И сега ако шака од лузери архитекти ,дробат нон стоп дека не е така,треба да земеме чекичот и да рушиме?
А бе Игор Џамбазов кога го прашаа за СК2014, убаво кажа ''Само идиот може да корне коси против нешто што се гради''
Дечко/девојко, Триумфалната порта не ни треба да личи на таа у Париз.Ти ни значењето не и го знаеш а коментираш и замараш.И кој тоа те излажа дека не трпела згради во близина:vozbud:
Тоа е , што и да врскате што и да правите,колку и да плачете,таму се собра 250 000 народ за прославата и сите беа воодушевени.Битно на народот му се допаѓа проектот СК2014,а не што ќе ми каже некој анонимус исфрустриран.Жалам,готов е,завршен,изграден...сеа само ви останува да глумите експерти по архитектура и историја:place:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom