За Скопје 2014 и воопшто за Скопје-од архитектите (од
Скопска недела на архитектурата)
„Скопје 2014“ не им се допаѓа на архитектите
Новите градби од проектот „Скопје 2014“ што наликуваат на барокни, никогаш нема да ја има вредноста како вистинскиот барок, бидејќи се нови- рече познатиот архитект од Латвија, Едуард Бернарт кој учествува на Скопската недела на архитектурата која што почна завчера и додаде дека за некого контроверзниот проект може да изгледа како успех и достигнување, но не и за архитектите кои како што вели тој, не го сакаат барокот.
Светските архитекти шокирани од „Скопје 2014“
Лоши копии, неоргиналност, мешање стилови. Генерално, ваква е оцената на европските архитекти за дел од зданијата предвидени со владиниот проект за урбанизација на централното јадро во Скопје. Коментирајќи за Дојче веле, архитектите го споредуваат визионерскиот лик на републичкото Собрание со германскиот Рајхстаг, споменикот на паднатите херои велат оти потсетувал на берлинскиот Столб на победата, а Порта Македонија на Триумфалната порта.
Бразилскиот архитект, пак, Педро Мореира, кој живее и работи во Берлин, укажува дека Уставен суд е копиран објект оти личел на стоковна куќа од Сао Паоло каде што има 200 продавници на дизајнери, чии клиенти се новопечени богаташи. Дејан Суџиќ, пак, прв човек на Венецијанското биенале за архитектура во 2002 година и актуелен директор на Музејот за дизајн во Лондон вели оти е шокиран од намерите со „Скопје 2014“.
„Шокиран сум што некој сака да му направи толку страшна работа на еден европски град. Во име на националниот идентитет сака да се создаде нешто што личи на хотел во римски стил - палатата на Цезар во Лас Вегас. Секако дека една нација мора нешто да изгради за да се потврди“, смета Суџиќ, укажувајќи дека идентитетот не се создава со фалсификување на минатото, туку, како што вели, со позитивен поглед во иднината.
--------
нејасно и' е зошто модерната архитектура не е составен дел од урбанистичките визии ниту, пак, имало меѓународен конкурс за да се изнајдат подобри решенија.
Реурбанизација на индустриските зони во градовите на транзицијата
Архитектура по мерка на човекот, а не статистички податок