ПОПИС 2011-Ќе се преброиме ли?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 јуни 2011
Мислења
225
Поени од реакции
42
da znaete deneska shto mi se sluci vo koladilnica sedam na masa i i imashe edna papka od popisna komisija stoeshe tuka okolu 20 min i dojde eden rom re4e abe go zaboravif ova moze da go zeam i zamina hahahaha zborot mi e koj go izbral nego toj papkata mu ja dale ke ja zagine a ne luge da prebrojuva eeee makedonijo makedonijo .... kizne kolku falshivo ke izleze na kraj siguren sum deka nego nekade kaj albancive ke go pushtat tamu da gi ''prebroi'' TESHKO NA NAS SO VAKVA DRZAVA
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.247
Поени од реакции
5.210
Сето ова што си го пишал е ако прајме неврзан муабет за општите услови во Македонија и лични мислења за живеачката...да не звучам грубо, ова е за неврзан кафе муабет.
Ако се збори за попис, не е битно кој што мисли...постојат дефиниции, правила и насоки кои сите ги следат. Ако прочита барем дел од линкот кој ти го дадов, се ќе ти е јасно и што е попис и што е статистика и како се изведува пописот. Попис <> националност
Се работи за попис, а не за произволна активност. За статистичка операција со строги правила и критериуми кои мора да се хармонизирани со еу и со цел свет. Што и да мислиме ние е ирелевантно...критериумите, стандардите, насоките се праени од светски демографи, математичари, статистичари, економисти...
Пописот барем кај нас е џабе трошење пари или податоците се злоупотребуваат.

Што треба да значи пописот? (пример)

Образование

Општина Арачиново: 1000 необразовани , 5000 со основно , 400 со средно , 50 високо образование ...
Значи дека на оваа општина и треба некоја програма за да се зголеми степенот на образование.

Активно население
Општина Студеничани: 500 вработени , 2000 невработени , 4000 неактивни.
Оваа општина има висока невработеност , треба да се создадат услови да се намали невработеноста.

Услови за живот
Општина Долнени: 600 семејства имаат канализација , 2400 немаат , 500 немаат чиста вода за пиење.
Треба да им се изгради канализација и да им се обезбеди вода.

Вака би требало да биде , ама не е така , чисто сакаат да знаат само , колкумина имаат нормален живот , ех , да се знае.
Одат во општина Центар инвестираат , каде според пописот сите се вработени , сите имаат компјутери , канализација , вода.

(примерите не се вистински)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Пописот барем кај нас е џабе трошење пари или податоците се злоупотребуваат.

Што треба да значи пописот? (пример)
треба, за жал...инаку големи пари се
од она што го читав низ медиумите, неколку прашања ми се врткаат
На пример зошто г-дин Беџети и уште (како што сфатив) неколкумина даваат оставка со образложение за попишување до и над година токму ден пред попис. Зошто г-ѓа Јаневска дава оставка ноќта пред попис со образложение за до и над година и користење копии од документи...
кога истите тие проблеми постоеле и пролетоска (кога дпк требаше да е подготвен и со затворени прашања за пописот), кога од пролетта досега можеле барем да ги соопштат пред јавноста. Дали токму ноќта на 30-ти проблем биле копиите и отсутноста....зошто нетранспарнтност и немање записници и подетални информации (барем за потребите на медиумите) од седниците...без разлика на етнос ...
не сакам да шпекулирам, сепак ова за мене засега останува мистерија
Друга работа е новиот начин во тандем, кој лично мислам дека некако е непрактичен, непогоден за попис.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.254
Поени од реакции
16.249
Колку пописов би бил лесно спроведлив само да го нема прашањето за етничка припадност.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723

  1. За : аллександар Луртз и Каран: Вашите коментари на моите размислувања во врска со пописот, воопшто не се однесуваат на она што јас го “зборувам“ и сакам да го докажам, а тоа е дека во одредбата да не се попишуваат луѓе кои подолго од 12 месеци претстојувале во друга држава( оваа одредба е спорна и поради неа се водат сите полемики дали да се продолжи или да се прекине со пописот), има “дупки“ кои може да се искористат за попишување на оние наши сограѓани кои се на привремена работа во странство. Е сега дали вие ќе се согласите со тоа или не, тоа и не е толку важно но важно е дека во коментарите на 95% од луѓето на форумов се чувствува одреден “страв“ од пописот. Да, тој треба да служи само за статистика и за планирање на некои идни чекори во државава, но не треба да се правиме на удрени и да поминеме преку тоа дека овој попис е нај исполитизираниот до сега. Сега никој не знае кој од кого се плаши,дали албанците од македонците или македонците од албанците, и сите очекуваат да се добие поголем број на едната или другата етничка група. Ова би било повеќе од смешно доколку сите верувавме во она за кое тврдиме а тоа е дека оваа држава е демократска и дека таа без оглед на тоа кој човек како се декларира истиот ги има сите основни човекови права. Ако беше така, тогаш крајните резултати немаше да ни значат толку, затоа што тие, какви и да се, сите луѓе ќе си имаат исти права како пред така и после пописот. Мене ме плаши идејата на двете главни страни во овој циркус, да го претстават “противникот“ во што помал број а потоа да се направат драстични промени во сите сегменти од живеењето или што е најтрагично да се намалат правата на едните или другите. Ова го нема во ниедна демократска земја и сите ние треба да се подзамислиме што правиме денес и како тоа ќе се одрази утре. Треба да се заборави фразата: Ние им дадовме се а тие не ни возвраќаат со добро. Во светот и демократските држави, луѓето ги стекнуваат сите права од смото нивно раѓање и никоја нација не е супериона во однос на некоја друга. Се знае дека сите оние кои се државјани на германијаа без оглед на тоа дали се етнички турци, французи и сл., ги имаат истите права како сите германци а сите оние со привремен престој таму си имаат некои други права. Во оваа наша Македонија не живеат само етнички Македонци и ние мора тоа да го прифатиме. Тие ги имаат истите права како нас и ние мора да им дозволиме да си ги остварат. Нема да го направиме тоа ако сме се исплашиле дека доколку бројот на албанците или било која друга етничка група порасне тоа ќе биде лошо за Македонија. Напротив, доколку успееме да го демократизираме општеството и им покажеме на оние кои не се како нас, дека и ние сакаме да живееме со нив, тогаш нема да има потреба од вакви превирања.......
Абе ќе бидам малце груб ама Будала си или паметен бре ти ? како тоа за нас е подобро ако насилно преку фалсификат пописи ни ја направат федерализирана државава и ни ја направат држава на АЛБАНЦИТЕ и македонците и како тоа е се едно ? а да не зборам што у берово ќе пишува се на албански и што детето твое и мое задолжително ќе треба да учи албански , значи у превод да ти преведам ја албанизираат државава (не антиквизираат ко што тврдат комуњарите) ќе и ИБАТ мајката а македонците , у курац ќе отидат .
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Баш ме интересира со кое мислење ќе настапиш подоцна. Толку брзо смени мислење :)

Ако ти не веруваш во државните податоци , јас уште помалку. Јас велам дека овие податоци се лажирани за да се скрие вистинскиот процент , а тоа е 33%.

Ај да збориме кафански муабети сега.

Имам еден другар кој работел во македонски населби , и тој вели дека во секоја втора куќа кај македонците има по еден ерген над 40 години , една баба и едно куче. Три члено семејство.
А на улилиштата има повише роми и срби кои учат на македонски него македонци. А на училниците има по 10 ученици.

Веруј на мојот пријател кој е добар верник , не веруј на државни податоци.

Што да прави сиромавиот албанец и ром , има 3 сина и една ќерка , 2 сина му заминуваат во странство , му останува еден син и една ќерка.
Лесно му е на богатиот македонец , има еден син и една ќерка.

Разбираш ли ? Пак еднакви сме.

Абе веруј ми ти мене , сум ги шетал сите овие места.

Еве ти и потврда од весник , или веруваш само на твојот роднина ? :

А сеуште не се слезени од селата нити во Струшко , нити во Кичевско и Тетовско , Кумановско , замисли ако ги фати македонски синдром масовно да бегаат кон градовите. Колку за информација , најголемиот број на албанците живеат по селата.
Ај чуј сега прво едукација култура почитување на државата кај што живеат (тие што се во град) за тие низ селата малце се и следни 100 години па ќе правиме муабет. До тогаш гледај си во твојот двор да ти биде арно џабе тука се обидуваш да "држиш лекции."
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
1.За ова можда си во право.Ама во теорија.Во пракса е поинаку и би било оф топик доколку истите тие земји не ни продаваа нас приказни за човекови права.
2.Дали некој им забранил да си ги остварат своите права?Е сега зависи кој шо подразбирал под свои права.
3.Ние (Македонците) не рековме дека не сакаме да живејме заедно со други националности.Ама (дел од) одредени други националности не се сигурни дека сакаат да живеат заедно со нас.

И сега собери ги трите точки и размисли дали секогаш е потребно вината да ја бараш во своите редови?
Па најпрвин секој треба да почне од кај себе. Ако сите ние сметаме дека секогаш мора да сме во право и дека секогаш некој друг не не сака ама ние него го сакаме тогаш и ти размисли дали ситуацијата е таква. Размисли од каде толкава омраза кон сите оние кои не се како нас и пробај да најдеш одговор.
1. Во пракса можам да ти кажам дека имам брат кој живее и работи во италија, ги има сите права како сите италијани, неговите деца имаат италијански пасоши и во ништо не се дискриминирани. тој доага во македонија 2 до 3 пати години, тука изгради куќа и остава многу пари(планира да оснива и бизнис). Тоа што тој сеште е државјанин на Македонија му дава право и да биде попишан. Е сега кажими ти зошто јас да не го попишам мојот брат кој до пред еден месец беше дома и тука донесе преку 20.000 евра( за време од еден месец колку што престојуваше)???? Неговите деца нормално нема да бидат попишани но кажими зошто тој да не се рачуна како жител на оваа држава кој секоја година придонесува да се зголеми буџетот на Македонија? Е сега тоа што поголемиот дел од ваквите наши сограѓани се Албанци, Турци и др тоа не значи и дека ние треба да се пашиме од тоа и да не им дадме право да се попишат. Па јас зборам дека треба да се пушти се да биде реално и да се види колкав е бројот. Па после ќе знаеме кој на што е. Вака како што е досега никаде не одиме. Повторно ќе се добијат резултати кои никој нема да ги признава, и повторно следниве 10 години едните ќе ги обвинуваат другите дека не се толку колку што кажуваат затоа што пописот бил лажиран. ако на вас ви е страв од федерализација, мене не ми е затоа што знам дека тоа нема да се случи. Како прво нема да се случи затоа што доколку најреално се направи пописот албанската страна нема да добие поголем процент од оној кој сега го има затоа што тоа не е возможно. Луѓето кои се на привремена работа во странство не се само Албанци туку ги има секакви и јас сум 100% сигурен дека колку и да се бројат, не може да ја дигнат нивната бројка енормно. Е сега дали стравот кај нас е од оние патиоти кои можеби ќе се пишат како ,срби, бугари, па и грци е тоа е друга приказна но за тоа не ни се криви ни албанците, ни турците.
2 Дали некој им забранил да ги остварат своите права??? Можам да кажам дека сега веќе ова е надминато но порано и тоа како некои луѓе беа дискриминирани. За жал поради тоа денес се дискриминирани и некои од Македонците. Е затоа јас зборам дека не треба да ги правиме грешките од минатото кога наместо да ги тераме да ја сакаат Македонија, ние на албанците и останатите малцинства го натеравме да ја мразат државата во која и тие се родиле и живееле. Сепак мислам дека работите си доаѓаат на свое место и дека следните генерации ќе ги надминат овие проблеми.
3. Тоа дека ние сме спремни да живееме едни со други тоа е и обострано. Сите знаеме дека било какво поинакво мислење или делување ќе придонесе оваа мала држава да исчезне. Треба на сите да ни е јасно дека никого веќе на сила од овде не можеме да истераме ниту пак некој нас може да не истера. Оној кој и посакува лошо на Македонија само нека продолжи со национализам. Јас ја сакам ваква каква што е, цела и различна. Мене не ми смета никој а тоа не е грев.
 
Член од
4 септември 2011
Мислења
94
Поени од реакции
23
Имам еден другар кој работел во македонски населби , и тој вели дека во секоја втора куќа кај македонците има по еден ерген над 40 години , една баба и едно куче. Три члено семејство.
Hehehe abre... ko Hitler da go citam koga pisuvas. Samo brojki ti se motaat u glava, veseli matematiki, iseluvanja, prirasti i sranja. Ama ako i toa e interesno neli :D barem za mene za drugite neznam.

Koj veruva deka Albancite i frajerov Dardania im mislat dobro na Makedoncite i Makedonija se udreni so mokra corapa po glava. Ustvari moze za Makedonija mislat razlicno... ama ne vo ovaa forma sto e denes.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
Сето ова што си го пишал е ако прајме неврзан муабет за општите услови во Македонија и лични мислења за живеачката...да не звучам грубо, ова е за неврзан кафе муабет.
Ако се збори за попис, не е битно кој што мисли...постојат дефиниции, правила и насоки кои сите ги следат. Ако прочита барем дел од линкот кој ти го дадов, се ќе ти е јасно и што е попис и што е статистика и како се изведува пописот. Попис <> националност
Се работи за попис, а не за произволна активност. За статистичка операција со строги правила и критериуми кои мора да се хармонизирани со еу и со цел свет. Што и да мислиме ние е ирелевантно...критериумите, стандардите, насоките се праени од светски демографи, математичари, статистичари, економисти...
Да бе да, тоа треба да е пописот- статистичка операција со строги правила и критериуми кои мора да се хармонизирани со еу и со цел свет. Но за жал кај нас не е само тоа. Пописот кај нас е една исполитизирана работа која може само да ги влоши состојбите. Ова ќе си го потврдиш и тука на форумов затоа што 99% од луѓето тука на оваа тема разговараат за политика а не за попис. Разговараат за затскриени мрачни идеи на едните или другите. Идеи кои нема да ни дозволат да одиме напред туку ќе не вратат годиништа наназад. Е сега ако ти на ова гледаш само од таа страна дека се е само статистика тоа е твое право. Ја мислам дека не ќе да е така, затоа што “сите ние“ тука се трудиме да прикажеме дека ние сме оние правите а другите ни работат зад грб, демек ние ништо такво не правиме.

И ако веќе толку ги разбираш овие работи ајде кажи ми како една америка ги попишува своите граѓани???? дали знаеш дека тие имаат информација за секое едно нивно новороденче каде и да се родило во светот??? Е сега ако некој американец живее во Тунгузија, ќе ми кажеш дека тие таму немаат податоци за него затоа што тој не е во Америка? И ќе кажеш дека и тие одат според некои евро стандарди за попишување и дека сега сите ние мора да ги следиме тие правила? Епа ако сакаме да следиме правила тогаш зошто ги следиме само оние каде што може да дискриминираме некого додека оние каде што некој треба да добие повеќе права ги забораваме? Што ми зборите за стандарди и споредби со европа кога ние од тоа само најлошото го применуваме. Ако сакате стандарди тогаш во оваа земја секој треба да има исти права, да не се делат луѓето по верска и национална основа. Но тоа не е така. А “оревот и каменот“ не се кај другите( албанци, турци, бугари, срби). Тие се кај нас и ние одлучуваме како и каде ќе ја водиме државава.
--- надополнето: Oct 2, 2011 9:12 AM ---
Абе ќе бидам малце груб ама Будала си или паметен бре ти ? како тоа за нас е подобро ако насилно преку фалсификат пописи ни ја направат федерализирана државава и ни ја направат држава на АЛБАНЦИТЕ и македонците и како тоа е се едно ? а да не зборам што у берово ќе пишува се на албански и што детето твое и мое задолжително ќе треба да учи албански , значи у превод да ти преведам ја албанизираат државава (не антиквизираат ко што тврдат комуњарите) ќе и ИБАТ мајката а македонците , у курац ќе отидат .
Пријателе, можеби за тебе јас сум будала но за мене ти си во голема заблуда. За да се дели нешто треба да е фифти фифти а албанци тука во Македонија нема толку. Твојот страв од албанизација е нереален и штета е што оголемиот дел од луѓето го чувствуваат истиот страв. Јас тврдам дека нивниот број сосе сите оние кои се надвор на привремена работа ќе се движи од 22до 25% затоа што сега најверојатно се околу 19- 20%. Да се добие реална слика е многу добро затоа што тогаш ќе може многу работи да се стават на маса и реално да се дискутира. Сигурен сум дека во Берово нема да се учи албански туку вие сакате да преувеличувате. А јас би бил среќен моето дете да има можност да учи и Албански, и Турски, и Англиски, Германски Италијански. Тоа воопшто не би му сметало а и многу би му помогнало во животот. Во денешно време нема шански ниедна нација да отиде у курац затоа што светот е изменет. Нема повеќе договори како од 2ра светска војна кога малите нации се бришеле по желба на големите земји.Тоа дури и тогаш не успеало а за истото најдобар пример сме ние. Еве денес имаме држава и истата ќе опстои уште иљадници години. Само треба да престанеме да гледаме непријатели насекаде околу нас затоа што ако некого гледаш низ нишан тогаш очекувај и тој тебе така да те гледа. Никој нема да ни ја земе македонија. Ние само треба да им дозволиме на другите оваа земја да ја чувствуваат како своја. Учењето јазици не е атомска бомба тоа е благодет за луѓето.
П.С. Доколку си од истокот, плаши се од новите бугарчиња. Тие може да бараат да се учи блгарски во школите а албанците, турците и др. се далеку од тебе.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Па најпрвин секој треба да почне од кај себе. Ако сите ние сметаме дека секогаш мора да сме во право и дека секогаш некој друг не не сака ама ние него го сакаме тогаш и ти размисли дали ситуацијата е таква. Размисли од каде толкава омраза кон сите оние кои не се како нас и пробај да најдеш одговор.
1. Во пракса можам да ти кажам дека имам брат кој живее и работи во италија, ги има сите права како сите италијани, неговите деца имаат италијански пасоши и во ништо не се дискриминирани. тој доага во македонија 2 до 3 пати години, тука изгради куќа и остава многу пари(планира да оснива и бизнис). Тоа што тој сеште е државјанин на Македонија му дава право и да биде попишан. Е сега кажими ти зошто јас да не го попишам мојот брат кој до пред еден месец беше дома и тука донесе преку 20.000 евра( за време од еден месец колку што престојуваше)???? Неговите деца нормално нема да бидат попишани но кажими зошто тој да не се рачуна како жител на оваа држава кој секоја година придонесува да се зголеми буџетот на Македонија?
Јас кажав и еве сега ќе ти цитирам дел од Упатството за реонски инструктор и попишувач:
"НАПОМЕНА:
Не се смета за прекин на работата/престојот во странство користењето на годишен одмор или посета на роднини или пријатели во Република Македонија.
На пример: Лицето кое ги дава податоците реба да го наведе датумот кога попишуваното лице заминало за да отпочне со работа во странство, или кога членовите на неговото семејство заминале за да престојуваат со него."

Верувам дека ова упатство го има отпечатено и на албански и на јазиците на другите малцински заедници. Исто така, кога се носело ова упатство имало согласност од страна на Абдула (Абдулменаф или како се викаше потпретседателот). Се направи проблемот на денот пред отпочнување на изборите за работа за која веќе е донесено решение.
Како што рече Dardan-ia ако во македонско семејство имало еден син тој е заминат во странство, ако кај Албанците имало тројца двајца заминале еден останал. Каде е тогаш проблемот да се применува донесеното решение??

За пописот. Пописот е пресек на вообичаената состојба во Македонија како статистика за бројот на население и други параметри. Бројот на население во Македонија изнесува околу 1.7 милиони преку поголемиот дел од годината (330 од 365 дена во годината).
Начинот на кој сакаат Албанците и некои Македонци кои се во странство да се спроведе пописот не дава реална слика за вообичаената состојба и бројот на население во Македонија.
 
Викаш дека оваа напомена ја има во законот за спроведување на пописот 2011? Не знам дали е така. Ако ја има те молам кажими каде да ја прочитам.Јас читам од тука( http://makstat.stat.gov.mk/popis2011/OpfatNaPopisot.aspx ) и ова што ти го тврдиш го немам забележано. Еве за твоја информација линк од страницата па види.
--- надополнето: Oct 2, 2011 10:13 AM ---
порано информатичката технологија барем кај нас не беше толку застапена како што е сега па многу работи биле по сложени баш зарати тоа што не биле искористени компјутерите. Денес за 2 000 000 жители како што сме ние нека бидат погребни највеќе 3 месеци да се евидентира сето тоа. просто кажано сите податоци од листовите внеси го во база на податоци на компјутер останатото компјутерот ке си го реши. ке ти даде каква сакаш статистика на тие податоци. колку се македонци колку се албанци босанци дрн дрн дрн.. кое име е најзастапено колку машки женски странци црнци белци СЕ на куп ти излага со 2 3 наредби на компјутерот... е така да си знаеш

инаку сакам да прашам нешто - како ке се одвива попишувањето на лицата кои се заведени како македонци, биле тука во претходните 12 месеци а моментално се во странство? конкретно јас имам роднини во германија 5 души - сите комплет беа тука пред 2 месеца но постојано место на живеење им е германија и покрај тоа што тука имат куќа на нивно име и имаат македонски пасоши и државјанства. на вести слушнав дека попишувачите ке поминат 2 пати во домот - третиот пат ке остават покана за да дојдат во општината и сами да се попишат - подетални информации за ова има некој да ми каже? колкав ке биде рокот за попишувањето во локалната општина колкави се казните ако не се пријавиш и слично?

друго. комшијата прееска ми рече дека имало повеќе прашања на пописот од типот на што се греете, дали сте вработени, какво образование имате завршено, струка и тн и тн и тн... - ме интересира чисто - зашто вакви прашања на попис? во 2002 мислам дека немаше вакво нешто или мал сум бил јас па непамтам?
Еве ти линк па види до кога треба да се добијат сите податоци и до каде е стигната технологијата. Тоа што сега има компјутери не значи дека податоците сами ќе скокнат во нив и сами ќе се израчунаат. Ако на македонија ке и треба период до 2013 година за целосна обработка на податоците, тогаш колку ќе и треба на земја со над 50 милиони жители а во исто врее таа земја нема пренатрупана државна администрација како нас.
Еве ти линк па читај:

http://makstat.stat.gov.mk/popis2011/Default.aspx

Најдоле убаво пишува: Првите пописни податоци Државниот завод за статистика ќе ги објави во декември 2011 година, а конечните податоци најдоцна до февруари 2013 година.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Да бе да, тоа треба да е пописот- статистичка операција со строги правила и критериуми кои мора да се хармонизирани со еу и со цел свет. Но за жал кај нас не е само тоа. Пописот кај нас е една исполитизирана работа која може само да ги влоши состојбите. Ова ќе си го потврдиш и тука на форумов затоа што 99% од луѓето тука на оваа тема разговараат за политика а не за попис. Разговараат за затскриени мрачни идеи на едните или другите. Идеи кои нема да ни дозволат да одиме напред туку ќе не вратат годиништа наназад. Е сега ако ти на ова гледаш само од таа страна дека се е само статистика тоа е твое право. Ја мислам дека не ќе да е така, затоа што “сите ние“ тука се трудиме да прикажеме дека ние сме оние правите а другите ни работат зад грб, демек ние ништо такво не правиме.

И ако веќе толку ги разбираш овие работи ајде кажи ми како една америка ги попишува своите граѓани???? дали знаеш дека тие имаат информација за секое едно нивно новороденче каде и да се родило во светот??? Е сега ако некој американец живее во Тунгузија, ќе ми кажеш дека тие таму немаат податоци за него затоа што тој не е во Америка? И ќе кажеш дека и тие одат според некои евро стандарди за попишување и дека сега сите ние мора да ги следиме тие правила? Епа ако сакаме да следиме правила тогаш зошто ги следиме само оние каде што може да дискриминираме некого додека оние каде што некој треба да добие повеќе права ги забораваме? Што ми зборите за стандарди и споредби со европа кога ние од тоа само најлошото го применуваме. Ако сакате стандарди тогаш во оваа земја секој треба да има исти права, да не се делат луѓето по верска и национална основа. Но тоа не е така. А “оревот и каменот“ не се кај другите( албанци, турци, бугари, срби). Тие се кај нас и ние одлучуваме како и каде ќе ја водиме државава.
--- надополнето: Oct 2, 2011 9:12 AM ---

Пријателе, можеби за тебе јас сум будала но за мене ти си во голема заблуда. За да се дели нешто треба да е фифти фифти а албанци тука во Македонија нема толку. Твојот страв од албанизација е нереален и штета е што оголемиот дел од луѓето го чувствуваат истиот страв. Јас тврдам дека нивниот број сосе сите оние кои се надвор на привремена работа ќе се движи од 22до 25% затоа што сега најверојатно се околу 19- 20%. Да се добие реална слика е многу добро затоа што тогаш ќе може многу работи да се стават на маса и реално да се дискутира. Сигурен сум дека во Берово нема да се учи албански туку вие сакате да преувеличувате. А јас би бил среќен моето дете да има можност да учи и Албански, и Турски, и Англиски, Германски Италијански. Тоа воопшто не би му сметало а и многу би му помогнало во животот. Во денешно време нема шански ниедна нација да отиде у курац затоа што светот е изменет. Нема повеќе договори како од 2ра светска војна кога малите нации се бришеле по желба на големите земји.Тоа дури и тогаш не успеало а за истото најдобар пример сме ние. Еве денес имаме држава и истата ќе опстои уште иљадници години. Само треба да престанеме да гледаме непријатели насекаде околу нас затоа што ако некого гледаш низ нишан тогаш очекувај и тој тебе така да те гледа. Никој нема да ни ја земе македонија. Ние само треба да им дозволиме на другите оваа земја да ја чувствуваат како своја. Учењето јазици не е атомска бомба тоа е благодет за луѓето.
П.С. Доколку си од истокот, плаши се од новите бугарчиња. Тие може да бараат да се учи блгарски во школите а албанците, турците и др. се далеку од тебе.
океј благодет е да знаеш ама доколку МОРАШ да знаеш веке не е благодет :) , а и уште нешто албанизација е се живо да е И на албански ....
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
1. Во пракса можам да ти кажам дека имам брат кој живее и работи во италија, ги има сите права како сите италијани, неговите деца имаат италијански пасоши и во ништо не се дискриминирани. тој доага во македонија 2 до 3 пати години, тука изгради куќа и остава многу пари(планира да оснива и бизнис). Тоа што тој сеште е државјанин на Македонија му дава право и да биде попишан. Е сега кажими ти зошто јас да не го попишам мојот брат кој до пред еден месец беше дома и тука донесе преку 20.000 евра( за време од еден месец колку што престојуваше)????
Пописот не се прави да се види колку се државјани на Република Макодонија, туку пописот се прави да се види колкаво е моменталното население и каква е демографската ситуација во државата. Убаво кажа HITCH пред некоја страна:
Пописот по правило се врши за да се знае што имаме дома. Значи државата да си има увид до каде е.

Со пописов и со гласањето настана едно огромно недоразбирање. Треба на граѓаните на Македонија да им се објасни дека: Право на глас имаат оние граѓани кои не живеат во Македонија, а имаат државјанство, но се попишуваат само оние граѓани кои живеат во Македонија. Впрочем и затоа се вика ДРЖАВЕН ПОПИС!
Еве и во Законот како е:
Закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година
Член 6
Со Пописот ќе бидат опфатени:
1) лица кои имаат место на вообичаено живеење во Република Македонија, без оглед дали во моментот на Пописот се наоѓаат во местото на живеење или во друго место во Република Македонија;
2) лица кои имаат одобрение за постојан или привремен престој во Република Македонија со исклучок на лицата од точката 6 потточки а), б) и в) на овој член;
3) лица кои имаат место на вообичаено живеење во Република Македонија, а во времето на Пописот, но најдолго до 12 месеци (една година) пред неговото спроведување, се наоѓаат на работа во странство, како и членовите на нивните домаќинства.

Еве ја и дефиницијата во самиот закон, за што значи место на вообичаено живеење:

„Место на вообичаено живеење” е географско место, каде што лицето кое се попишува вообичаено живее, тоа може да биде исто или различно од местото каде што лицето фактички се наоѓа во времето на Пописот или тоа може да биде неговото официјално место на живеење. Место на вообичаено живеење се смета местото каде што лицето поминува најголем дел од својот дневен, односно ноќен одмор.

Што значи дека доколу брат ти повеќе од една година не живее во Македонија, нема зошто да бара да се попише, ама слободно нека гласа на избори.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Пописот намерно го минира некој, да ги видите тоа шифрите таму виша математика се глава боли :icon_lol:. Инаку овде кај нас сеуште има консултации и не се излезени на терен за попишување иако веќе изминува и вториот ден.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom