ПОПИС 2011-Ќе се преброиме ли?

Статус
Затворена за нови мислења.

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Опаа.Ма какви 2 години.Сега ќе ги наштеловаат резултатите за 2-3 недели.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.738
Поени од реакции
12.176
И уште нешто. Кој во Италија, Германија, Америка, и било каде , ќе помине понекогаш и по 1000 км за да се попише???? Тоа дека тие луѓе ќе се попишуваат во тие држави нема врска. Таму и дас е попишат, тоа ќе бидат податоци кои ќе им служат на дотичните земји за да знаат колку странци имаат дома. Тие во никој случај нема да ни ги достават податоците на нас за беспари па да ни кажат: еј Македонци вие кај нас имате волку ваши сограѓани, од нив толку се албанци, толку срби, толку торбеши( хахаха демек тие ќе сватат зошто во македонија нема само македонци). Еве ви ги податоциве на тацна и терајте со нив т.е дополнетеги податоците кај вас за да имате точна бројка.......... Ова е апсурдно. Па знаете ли вие дека за да се обработат сите податоци во Македонија која има 2.000.000 граѓани потребни се до 3 години???? А што станува со една Германија или франција или италија каде што имаат над 30, 50 милиони граѓани??? Абе не се играјте со оваа работа и едноставно почнете да бидете реални. ДАјте да си ги попишеме сите оние на кои сме им издале важечко државјанство, пасош, лична карта. Сите оние кои доаѓаат барем еднаш годишно во својата земја. Дајте им шанса на сите и конечно да си одговориме колку сме навистина а и каде се не има по светов.
Од кај ти се овие информации 3 години и 1000 км? Пописот не ги попишува државјаните на Македонија, малку (у ствари многу) е посложено. Многу јасно напишани во насоките од ОН, само треба да се прочитаат или преведат. На овој начин попишуваат и другите држави

(Периодот од 1 година (12 месеци) се користи во многу случаи па и во вкупно население, работа и слично...)
2010 World Population and Housing Census Programme
каде го вели истото (и ЕУРОСТАТ ги има истите насоки и препораки)
2.31. A usual resident population count is a count of all usual residents of a country at the time of the census. Although countries determine the definition of a usual resident according to their circumstances, it is recommended that in defining a usual resident and the place of usual residence, countries apply the definition contained in para. 1.463. Usual residents may have citizenship or not, and they may also include undocumented persons, applicants for asylum or refugees. Usual residents then may include foreigners who reside, or intend to reside, in the country continuously for either most of the last 12 months or for 12 months or more, depending on the definition of place of usual residence that is adopted by the country. Persons who may consider themselves usual residents of a country because of citizenship or family ties, but are absent from the country for either most of the last 12 months, or for 12 months or more, depending on the definition adopted, should be excluded.
Conversely, persons who are normally resident in the country but who are temporarily absent should be included in the usually resident population. Countries applying a different definition of a usual resident for national purposes should produce a usual
resident population count using the recommended 12-month definition for the purposes of international comparability.
ама кога секој си прави своја методологија, зависно од целите, не стигаме нигде.
Колата и беемве и мисебуши и тојота имаат четири тркала, волан, мотор и шофершајбна...разликите се во козметика (шалт табла, кружно или четвртасто огледало) кои не значат многу за возило како превозно средство
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.440
Поени од реакции
7.826
Морам сам да се цитирам, апсолутно бев во право вчера извадија нов КОНЕЧЕН список, со нови партиски војничиња, го споредував има многу нови лица а дел од старите без никаква причина не се повеќе на списокот, навистина страшна работа.
Не е страшна до толку.

Како прво во првиот список беше ставен мој колега кој зеде неплатено отсуство и замина за Швицарска на 3 месеци.

Како второ, има многу партиски војничиња кои сакаат да попишаат малку.

И трето, најбитно, наредните 2 недели кај мене на работа ќе биде ghost town. Осносно ќе бидеме двајца без тројца, што мене како вработен во сектор за поддршка ми одговара затоа што добар дел од колегите ќе бидат на попис. Ќе имам време да тролувам малку и јас по нетов :)
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Сега ќе е побрзо.Артан Груби е нов член ДПК.:tapp:Па то треба да се убиие
Ццц срамота....значи овие амнестираните од хашките случаи ги извисиле...нив не ги стаиле да бидат во ДПК...дискриминација...пу јазк.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Пописов уште од сега го прогласувам за нерегуларен,брука,срамота!
 
M

Moon Child

Гостин
Јас незнам дали у друга нормална држава (надвор од Балканот) се случуваат истите овие работи:tapp: Ете од каде ни е синдромот - "Наместено е"....
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Јас незнам дали у друга нормална држава (надвор од Балканот) се случуваат истите овие работи:tapp: Ете од каде ни е синдромот - "Наместено е"....
У Куманово повише има Албанци него Македонци попишувачи..:tapp: Па види ти..него катастрофа , не ми се прави муабет..
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.363
Поени од реакции
16.560
У Куманово повише има Албанци него Македонци попишувачи..:tapp: Па види ти..него катастрофа , не ми се прави муабет..
Нека има. Не смее да се испрати двајца попишувачи од иста етничка припадност.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Нека има. Не смее да се испрати двајца попишувачи од иста етничка припадност.
А добро а зашто да има ?
Они сакаат правична застапеност од 25 % во администрација нели, а сега за попис каде е процентуалната застапеност на Македонците? БДВ во Куманово не се ни 25% (за градот зборам) по кој основ е тоа колку Албанци,толку Македонци попишувачи? Рамковниот само за нив важи,а за нас неважи ни еден закон
 
M

Moon Child

Гостин
Самото тоа што бараат некои нон сенс барања јасно покажува дека се под 20%. Ако беа над немаше ниту воопшто да се вознемират, се ќе си протечеше по правила и прописи...
 
T

Tetro

Гостин
Јаневска поднесе оставка и обвини за пописен фалсификат


Неотповиклива оставка на функцијата претседател на Државната пописна комисија поднесе Весна Јаневска.

- Во Република Македонија се спрема уште еден голем пописен фалсификат. Колегите во ДПК од редовите на албанската и другите етнички заедници не оставаат ни минимум доверба за овој процес. Јас не знам што прават партиите, но моите сознанија од теренот и од она што се случува таму како и во ДПК, укажуваат дека се спрема фалсификат - нагласи Јаневска.
Според неа, Владата планира на нејзино место да ја именува Слободанка Гиевска, сегашен член на ДПК, а се планираат и промени на неколку други членови на Комисијата.
Според Јаневска, главни причини за нејзиното повлекување се ставовите околу попишувањето на гастарбајтерите и употребата на фотокопии за лични документи, како и инструкциите кои ги добивале попишувачите за одредени општини. Таа додаде дека пописот ќе стартува, но не може да има кредибилитет.

Владата го комплетира составот на ДПК, пописот утре почнува
Во меѓувреме, Владата на денешната седница го комплетира составот на Државната пописна комисија, откако ги констатираше оставките дадени на нивно барање од досегашните членови на Државната пописна комисија Абдулменаф Беџети, Весна Јаневска, Марија Ташева, Ванчо Ангеловски и Фаузи Скендери.
Воедно, како што соопшти владината прес-служба, Владата ги именуваше Бујар Османи, Лазар Трајчев, Живко Пејковски, Орце Тодоровски и Артан Груби за нови членови на Државната пописна комисија.
Нов претседател на Државната пописна комисија ќе биде Слободанка Гиевска, додека Бујар Османи ќе ја извршува функцијата потпретседател. (Б.Ѓ.)
#
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Сега ќе е побрзо.Артан Груби е нов член ДПК.:tapp:Па то треба да се убиие
Артан Груби ( презимето кажува се ) за оние кои сте заборавиле или од икс причини не сте го знаеле е човекот кој прв се побуни и се тепаше на кале против изградбата на црква - човекот јавно и пред камери се спотистави на градењето црква придоа користејки многу лош мкаедонски јазик + камерите го имаа фатено како им помага на сограѓаните да ја уништат црквата.

Vo 2002 nie bevme 25,1 % !

Ne se cudam sea 2011 da bideme pomalku ! ;)
од кои причини мислиш така?
чисто ме интересира....

Вчера зборував со еден колега од факс ,случајно го најдов на списокот за попишувачи.Рече дека немал појма и дека дури вчера вечерта му кажале и дека денеска од 8 сабајле е на обука :tapp:.Ни самиот не беше свесен како се десило (не е партиски војник за чудо).
комшија мој ИСТО.. нит партиски вработен ни по митинзи ни плакати ништо.... ете го има на список и утре треба да оди од куќа на куќа и да попишува.

И Јаневска поднела оставка:

„Одлуката ја смета за изнудена од колегите Албанци и Турци во комисијата, кои ги обвини дека подготвувале пописен фалсификат. Јаневска не можела да го поднесе настојувањето на Албанците и на Турците да им се овозможи да се попишуваат со фотокопирани документи, да се попишат оние кои не се во државава повеќе од 12 месеци и да се мешаат во составувањето на попишувачките комисии.

Оставката на Јаневска и на нејзиниот потпретседател, Беџети, сепак нема да го одложи пописот, што стартува утре.“
како може некој да биде попишан со ФОТОКОПИЈА од документ? жити се најмило и тоа со обична фотокопија ни заверена на нотра ни ништо.... ако е за тоа ке ги зеам моиве документи ке сменам по некој податок и коа ке ми дојде попишувачот ке речам а ја имам едно 10тина пратучеди еден отиде у швицарска 3ца у немачка 4ца и шветска... еве копии дај да ги попишеме и нив... ова ти е исто ко ја да вадам пари од нечија сметка со фотокопиран документ. и кој настојувал? АЛБАНЦИТЕ и турците...
ај за албанците не ме чуди - не треба ни да образложувам зашто ( се тупи 5 страни уназад ) а за турциве искрено не изненадува.

Ви беше и сеуште ви е, да не се лажеме. Пред рамковниот договор бевте толку многу себични што не сакавте ни да слушнете да вработите Албанец во ЈА. Сега тоа ви се враќа како бумеранг по носот. Karma is a bitch.

Извор
принц - ајде да правиме реално муабет како што викаш ти и како што тврдиш - во некое претходно мислење пишано е какви се „условите“ за да се вработиш во јавна администрација.

колку превработеност има во јавната администрација принц?
што работат тие во јавна администрација да те прашам?
гледано реално на работите * кога би бил ти премиер/претседател на албанија на пример дали би вработил некој македонец во јавна администрација а притоа да не го знае јазикот барем да го збори асално ( колку да се разбере ) - за стручните поими ич да не правам муабет.
колку способни дечки чекаат за вработување во завод а колку „писмени“ има во јавна администрација?

не ме сваќај погрешно дека ти одам контра намерно али ајде да гледаме реално на работите. јас сум да се вработува пред се квалитетен образован и НЕпартиски кадар. дали бил македонец албанец турчин ром воопшто не е битно.

Инаку денеска дипломите за факултет се еднакви на дипломите од средно... Кога имаш 90 % запишани на факултет, дипломата можеш слободно да си ја помножиш со 0.
ке одам оф топик малку извинете...
што треба да значи ова пријател ја не го разбирам искрено. тоа што порано факултетите биле скапи и оној кој сакал да учи едноставно а бил спречен значи дека е глуп?
во денешно време СКОРО секој може да се запише на факултет и тоа е голем плус за младата популација. за идните генерации кои допрва даѓаат.

кога сме кај ова прашање еве ке ти кажам јас еден муабет а ти процени и протумачи сам.
татко ми има завршено средно стручно економско (мислам правен смер). неговото знаење неможеш да го споредиш со моето и твоето заедно на ниво на средно школо. сеа сигурно си викаш абе овој којзнае какви глупости треска - во негово време иако учел економско имале предмет историја/географија/хемија/физика денеска овие предмети се учат во гимназиите само и тоа не во сите. земи да решаваш крстословка да те видам за колку време ке ја решиш и колку поими ке знаеш да ги напишеш па дојди да ти покажам како он решавал на времето крстословки ( пред 20/30 години ).
уз спат.... по географија јас до сеа никој немам слушнато да учи за ширина должина и длабочина на мориња/езера/океани. - постарите генерации ова го учеле...
се надевам дека свати што сакам да ти кажам

Па знаете ли вие дека за да се обработат сите податоци во Македонија која има 2.000.000 граѓани потребни се до 3 години???? А што станува со една Германија или франција или италија каде што имаат над 30, 50 милиони граѓани??? Абе не се играјте со оваа работа и едноставно почнете да бидете реални.
порано информатичката технологија барем кај нас не беше толку застапена како што е сега па многу работи биле по сложени баш зарати тоа што не биле искористени компјутерите. Денес за 2 000 000 жители како што сме ние нека бидат погребни највеќе 3 месеци да се евидентира сето тоа. просто кажано сите податоци од листовите внеси го во база на податоци на компјутер останатото компјутерот ке си го реши. ке ти даде каква сакаш статистика на тие податоци. колку се македонци колку се албанци босанци дрн дрн дрн.. кое име е најзастапено колку машки женски странци црнци белци СЕ на куп ти излага со 2 3 наредби на компјутерот... е така да си знаеш

инаку сакам да прашам нешто - како ке се одвива попишувањето на лицата кои се заведени како македонци, биле тука во претходните 12 месеци а моментално се во странство? конкретно јас имам роднини во германија 5 души - сите комплет беа тука пред 2 месеца но постојано место на живеење им е германија и покрај тоа што тука имат куќа на нивно име и имаат македонски пасоши и државјанства. на вести слушнав дека попишувачите ке поминат 2 пати во домот - третиот пат ке остават покана за да дојдат во општината и сами да се попишат - подетални информации за ова има некој да ми каже? колкав ке биде рокот за попишувањето во локалната општина колкави се казните ако не се пријавиш и слично?

друго. комшијата прееска ми рече дека имало повеќе прашања на пописот од типот на што се греете, дали сте вработени, какво образование имате завршено, струка и тн и тн и тн... - ме интересира чисто - зашто вакви прашања на попис? во 2002 мислам дека немаше вакво нешто или мал сум бил јас па непамтам?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.738
Поени од реакции
12.176
друго. комшијата прееска ми рече дека имало повеќе прашања на пописот од типот на што се греете, дали сте вработени, какво образование имате завршено, струка и тн и тн и тн... - ме интересира чисто - зашто вакви прашања на попис? во 2002 мислам дека немаше вакво нешто или мал сум бил јас па непамтам?
Од секогаш имало. И 91 кога бев реонски (тогаш општински) и сега. Работата е што медиумите и одредени лица и групи и нивни инструкции ги потенцираат само прашањата за религија и националност. Борбата со замислени противници го прегази значењето на самиот попис, на другите одлики (струја, вода, греење, вработеност, недвижнини...) кои се многу побитни кога се прават планови, проекции, анализи...после кенкаме 10 години (до другиот попис) немало асални податоци.

Споредба за трошоци и бројност со хрватите (кои имаат 21 пописница на јазикот на малцинствата, ние имаме 6). Тие имаат околу 15-20.000 учесници, ние имаме отприлика исто 16.500-20.000. Тие ќе потрошат 23-25 милиони евра, ние околу 14-15 милиони.

Како тоа го прават кинезите
Во Кина - 1евро по жител, кај нас - 7 евра по жител

Македонската приказна за пописот наредната година личи на вицот: „Колку русокоси се потребни за да сменат светилка? Пет - една да ја држи, три да го вртат столчето, а последната да внимава да не дојде струја“.
Колку пари и попишувачи се потребни да го пребројат населениево во државава? Очигледно многу повеќе од потребното, ако се споредат податоците од актуелниот попис во Кина.
Најнаселената држава во светот неделава почна мамутски подвиг - да преброи милијарда и пол жители.
За шестиот попис (операција што кај нив се одржува секои десет години), на Кинезите им се потребни 6,5 милиони попишувачи, десет дена и околу 1,2 милијарда долари за да покријат 400 милиони домаќинства. Според податоците од 2009 година, Кина има околу 1,34 милијарда жители, но демографите очекуваат во овој попис да пребројат близу 1,5 милијарда население. Грубо пресметано, Кина за пописот во просек ќе потроши 1,25 долар (речиси евро) по жител, а секој попишувач во просек ќе треба да преброи 2.500 лица за само десет дена.
За споредба, пописот во 2011 година Македонија ќе ја чини 14 милиони евра, а ќе има 18.500 попишувачи (пописот во 2002 година чинел седум милиони евра и имало 11.000 попишувачи). Ако населението во Македонија има околу два милиони, грубата математика покажува дека секој попишувач во државава во просек ќе преброи 108 лица, далеку помалку од кинескиот, и тоа за две недели, а не за десет дена. Македонските попишувачи ќе пребројуваат население на површина од 25.713 квадратни километри, а кинеските на 9.671.018 квадратни километри. Згора на тоа, во Кина има над 50 етнички групи.

Ама во Кина за вакви проблеми, бојкоти и оставки... :)
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
414
Поени од реакции
163
Многу сме, неможеме да се преброиме :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom