Срање!
--- надополнето: Oct 1, 2011 5:29 PM ---
И јас да го појаснам прашањето... сакав да прашам со кој смер шо можам да работам оти немам претстава баш ...
На финки имаш на 50-60 страни цел водич, подетално од тоа здравје. Во две реченици не се објаснува, ниту па со водич од 60 страни. Едноставно треба да го пројдеш до некаде факултетот за да добиеш осет. Вака џабе. Сите сме прашувале како тебе дур сме биле средношколци, али сега кога си ги гледаме истите прашања од други, смешни ни делуваат, едноставно немаат одговор прашањата.
И не се оптеретувај со тоа што ќе работиш. Во мнооогу од случаите нема да го работиш тоа што си го учел или ај еве вака, нема да го работиш за тоа што си се специјализирал... Никогаш не знаеш што ќе работиш, па дури и свој бизнис да отвориш, ќе мораш да се прилагодуваш према побарувачката.
Факултетот гледај го како некој водич, сепак тоа што ќе го работиш или сам ќе го учиш или некој што ќе биде над тебе на работа ќе те доучува. Факултетот ќе те научи како да учиш и како да размислуваш како инеженер, ќе те научи на повеќето концепти... Гледаш дека нови работи постојано излегуваат, тие практично сам ќе си ги учиш во животот. Со добра основа од факултет се ќе ти биде лесно, штом сфатиш како функционираат нештата, лесно ќе ти биде после да доучуваш.
Да не го тупам уште, што и да одбереш, прва година мислам дека пак е иста за сите смерови, ќе видиш тогаш самиот, многу ќе научиш во таа година за факултетот па ќе можеш и да се префрлиш на друга програма во иднина. Вака џабе ќе ти збориме понатака...