Teжината на зборот "брак"

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Гледајќи наоколу себе како луѓето лесно посегнуваат по разводот, гледајќи како еден куп деца патат како резултат на кавгите на родителите, гледајќи ги несовесните родители и нивниот начин кои своите деца имам впечаток дека луѓето изгледа не ја сфаќаат тежината на зборот „брак„.

Очигледно не разбираат дека бракот е инситуција која е резултат на долготраен процес на работа, разбирање и доверба.

Она што ме интерсира е:
  • која е според вас тежината на зборот „брак„?
  • колкав процес на работа е потребен за да се формира таа инситуција?
Кој е Вашиот став за начинот на кој младите луѓе го сфаќаат ова?
 

Fasty

Артист
Член од
1 август 2011
Мислења
182
Поени од реакции
47
Сити .. викаш младите луѓе јас се пронаѓам тука ..
вака .. за мене фамилија ти е сајенс фикш..она собирање од 3 до 5 на маса кажување кој што како си поминал едно големо среќно семејство ајде фемили фото -.- мајка татко и 7-8 деца .. немора да се толку .. се ми е така пре добро за да бидеа реално воглавно не почитувам НИКАКВО положување на сметки на родител или роднина кај што кога каде си бил .. мајка ми се премажи и отиде во друга населба пробаа да ме земат ама си останав со баба ми и дедо ми и на овие години се осеќам многу по независен и самосвесен што се доведов себе до степен да бидам 3 генерации понапред од мојата .. понекогаш и не го сакам тоа .. понекогаш и ме сакаат ради тоа
Вака .. знам дека зборот е тежок ..и дека со лесност прифаќаат луѓе бракови и се тоа јас лично не гледам ни позитивност ни негативност во тоа .. ЗА МЕНЕ ФАМИЛИЈА Е ИЗМИСЛЕНА РАБОТА КОЛКУ ДА ЦЕЛ СВЕТ НЕ ВОЈУВА ЕДЕН МЕЃУ ДРУГ .. БАРАМ РАБОТА КАКО ШАНКЕР,БАРМЕН,САДОМИЈАЧ,ЧИСТАЧ ИАМ 16 ЌЕ ПРААМ 17 ЗА СКОРО ВРЕМЕ ЗАКОНСКИ СЕ РАБОТИ ОД 15 ГОДИНИ И БАРАМ УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕНИ ПРВА ШКОЛО ВТОРА СМЕНА РАБОТА ЗАШТО СУМ РЕДОВЕН УЧЕНИК -излезете во пресрет
 
P

Princ

Гостин
@Fasty, тоа тека така си израснал, во таква средина, со таква случка... затоа така мислиш. Но не значи дека сите така живеат. Би ти дал други примери, ама ќе ја заебеме темата со лични искуства и исповеди, па back to the boobs. Сепак мислам и верувам ќе го смениш мислењето кога ќе потпораснеш, јас кога имав 16 мислев се што лета се јаде и секоја што ми се насмевнува сака да ме легне.

Факт е дека бракот има паднато во вредност и не се почитува како што се почитувал едно време.
За мене е нешто што секој мора да го има, како пар фармерки, во спротивно не го живееш животот во полна смисла. Ниту еден пријател, ниту една швалерка, не може да го земе местото на жена ми. Иако денес се сменети многу работи и етиката/вредноста почитувањето кај многумина е на нула, за среќа тие многумина не верувам дека се мнозинството па уште има надеж. Патем, моето мислење воглавно е засновано од искуства и муабети со постари, не помлади. Волот вол ќе си остане. И кравата крава. Без разлика на годините, секогаш ги имало и секогаш ќе ги има.
 
Член од
17 септември 2011
Мислења
29
Поени од реакции
10
Brak ,da toa e institucija koja navistina e mnogu tesko da se odrzi posebno vo denesno vreme.Site sme nervozni ,napnati od ovoj brz zivot i ventil za izduvuvanje tesko naogame i koga ne go naogame se pukame vrz partnerot i najtesko e ako se fati na inat rabotata i ne se najde zaednicki jazik za nestata.Sekoj ima izdignuvanja i padovi pa taka i brakot.No , brakot i semejstvoto se najsveti nesta.Treba sekoj koj e vlezen vo brak i ima semejstvo da se trudi so site svoi sili da go zacuva iako mnogu cesto na kraj sme so tie sili,no ako ne se trudime da go zacuvame sto ponatamu?da se rasturi brak e mnogu lesno tesko e da se oddrzi samo silnite i tie sto imaat razbiranje naogaat sila da go prebrodat periodot koga na trkaloto na zivotot se dole.
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
Зависи кој какви искуства има во семејството и пошироко, па така и гледа на бракот.
Јас сум порасната во семејство со стабилен брак и воспитана сум да гледам на бракот како на свето нешто. Еднаш и засекогаш. Тоа е бракот за мене. И нормално дека треба да се работи константно на него, да се оддржува страста во врската, да не се подлегнува при првата тешкотија.
Многу е лесно да речеш, ај не го бива ова, што ќе се мачам, отколку да се соочиш со проблемот и да се работи на него.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Има милион вакви теми поврзани со бракот...ама ај по милионити пат ќе повторам и тука:
не верувам во бракот како институција, вештачки е наметната од општеството а јас сакам да живеам по мои правила. Кога двајца се сакаат можат да бидат заедно и без обврзување т.е брак
 

Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Повеќето луѓе имаат меки карактери и слаба волја. Искушенијата во денешниот свет се преголеми. Брак повеќе не е збор кој претставува нешто посебно во животот. Разводи ќе има многу повеќе како што напредуваме понатаму низ времето. Јас како млад човек се прашувам што ќе биде со мене во ова лудо време, дали ќе имам успешен брак. Оптимистички настроен сеуште ме држи мислата дека сеуште има луѓе со правилни морални вредности, но колку повеќе созревам и воочувам што се случува околу нас се помала е таа капка надеж.
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Јас мислам дека за успешен брак треба партнерите да бидат прво доволно зрели ... да се сакаат доволно за да не им текнува после година две... дека уствари тоа не било љубов... значи мислам на подолга врска .. да бидат како едно.. да си помагаат еден на друг .. да има слога

Некои потфрлуваат затоа што кога влегле во брак не расчистиле самите со себеси за некои работи..
значи прво.. ти кога си во брак животот ти се менува.. не си веќе сам и тој живот шо си го имал предтоа не можеш веќе да го имаш... значи прво треба добро да размислат дали се спремни да го сменат својот начин на живот. Потоа доаѓаат децата и тука настануваат и првите кавги.. па сето тоа се претвара во еден натпревар... кој ќе биде полош родител... а децата во тој случај стануваат штафети.. само затоа што на некого му текнало дека он нема доволно време за себе и дека му фали стариот живот и излегувањата... па ајде бабите и дедовците се во улога на мајка и татко ...
многу од младите мислат дека како во филмовите... мед и млеко тече рози цветаат.. па ајде се склопуваат бракови на 17 18 год. возраст..
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.924
оние што се во врска и не се во брак и живеат долго заедно,а оние што се во брак не живеат долго и се разведуваат значи зборот брак губи вредност,а делата е вечна;)
 

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
не верувам во бракот како институција, вештачки е наметната од општеството а јас сакам да живеам по мои правила. Кога двајца се сакаат можат да бидат заедно и без обврзување т.е брак
Се сложувам дека бракот е вештачки наметнат од општеството.
Но бракот не го сфаќам како обврзување,туку како чин што е битен за твоето или сечие идно поколение.
Ова е Македонија и се запрашувам како ќе му биде на детето родено од родители кои само живеат заедно,а како што викаме ние-љубовта не ја крунисале со брак.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Се сложувам дека бракот е вештачки наметнат од општеството.
Но бракот не го сфаќам како обврзување,туку како чин што е битен за твоето или сечие идно поколение.
Ова е Македонија и се запрашувам како ќе му биде на детето родено од родители кои само живеат заедно,а како што викаме ние-љубовта не ја крунисале со брак.
Ништо нема да му биде на детето, ќе си живее нормален живот и нема да паѓа под депресии поради терминот „развод“ кој многу добро знае да не заплаши сите нас. Доколку дојде до разделба на родителите детето ќе сфати дека така би било најдобро за сите
 

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Ништо нема да му биде на детето, ќе си живее нормален живот и нема да паѓа под депресии поради терминот „развод“ кој многу добро знае да не заплаши сите нас. Доколку дојде до разделба на родителите детето ќе сфати дека така би било најдобро за сите
А зошто да се размислува на терминот развод,кога за може порано да се размислува за онаа вистинска љубов што ја бараме сите.
Нема потреба од страв само треба да се одбере она најдоброто.
 

sasha4fiercef

Титула по желба
Член од
9 август 2011
Мислења
167
Поени од реакции
64
Бракот е ноќ на вештерките, само преку ден ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom