Се на се од гејмплејот сум задоволен од шутеви,подавања,тактики па се до новите пенали кои конечно влеваат возбуда.
Модовите се скоро исти,ФудбалЛајф е само ново мени.МастерЛигата со оние cinematic работи вои кои секоја пат се случува исто доаѓа играчот и ми вика "Зашто ја не играв наместо Бускец" тоа повеќе нервира отколку што придонесува до нешто.Добра работа се пријателските пред сезона,фала богу им текна на тоа.Цените на играчите се катастрофа Роналдо е девет милиони.И со години е глупо тоа што неможе да се смени тим кога веќе имаш титула Мanager.
BAL не сум пробал сеуште,а од ClubBoss не очекувам никаква забава и возбуда.Модовите може да се каже дека се добри но не и перфектни.
Ама ова со голманите страшно,страшно ме нервира,значи зошто секоја година лажат "Yes the goalkeepers have been imrpoved alot this year" што се подобрени бе?Секоја година истото ѓубре од голмани ми брани некој шут што оди во агол од слободен,а не брани некоја топка што се тркала покрај него или па анимацијата касни цел саат после шутот,реалноста е дека голманите си се исти уште од ПЕС 2008 кога се прфрлија на NextGeneration и нема ништо ама баш ништо подобрено.
И друг проблем е што играта е претешка на Top Player,не викам дека треба да биде лесна и дека треба секој шут гол да биде кога играш,но тука се губи реалноста на играта,се е перфектно секој пас,секој шут од страна на компјутерот безразлика против која или со која екипа играте компјутерот едноставно игра перфектно и тоа е многу иритирачко.На пример Гетафе игра исто како Барселона.Нешто слично е и со играчите,играчи од типот на Гатузо,Лампард,Чаби Алонсо прават такви продори каде што ми поминуваат 2-3 играчи од одбраната и тука опасно се губи реализмот.Скоро секој пат ми се случува значи почнува утакмицата на пр. Манчестер-Челзи,на почеток се нормално супер(и стадион и се немам зборови за графиката и презентацијата)и некаде околу 17-18 минута Челзи почнува да напаѓа и тоа ДА НАПАЃА БЕ,ДА НЕ СЕ ЗАЕБАВА!Лампард и Микел ми прават продори низ одбрана(како да се Меси и Роналдо во комбинација)додаваат до Мата,Мата дупли пасс до Торрес и некако ај ќе му ја земам и ќе избијам,НО топката секогаш доаѓа до некој од противничките играчи,дури и се случуваат и некој чудни анимации на моите дефанзивци и се тоа се случува се додека во случајов Челзи не постигне гол и ај после тоа изнервиран продлжува утакмицата и од таа 18 минута јас ќе имам петнаесет 100%шанси и сите Чех ќе ги одбрани(до некаде и јас сум крив за ова) за разлика од ДеГеа кој делува како да бил на викенд во Фукушима и така се некаде до 70 кога Челзи ќе бапне уште еден гол по продорот на Есиен,додавањето прецизно до Торрес и одличната реакција на Торрес(кај е тука реализмот бе ало!) и мртов коњ реакцијата на ДеГеа и после можеш да се сликаш и со добрата игра и со шансите.
А да ги спомнам и слобдните удари на компјутерот,кој се одлични од 18-19 метри неможе да видете центаршут во шеснаесетник туку само шут во АГОЛ и од страна на играчи(што мене ми се случи) од типот на ВанБомел и тоа два гола на иста утакмица.
8/10 ПЕС оваа година од мене токму заради овие работи,сепак ќе ја играм и оваа година како и секоја,кога можевме да ги играме ПЕС2011 со Fantastic NEW animations with 3000+ animations и ПЕС2010 без судија ќе ја играме и оваа која е далеку подобра од претходните верзии.