FIFA 12 vs. PES 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Martin
  • Време на започнување Време на започнување

Што ќе играте оваа година?

  • FIFA 12

    Гласови: 59 53,2%
  • Pro Evolution Soccer 2012

    Гласови: 52 46,8%

  • Вкупно гласачи
    111
Незнам зошто ама ова се што кажа за ПЕС-от јас сето тоа го гледам во фифа и спротивно, не да ти се контрам или слично, ама како што кажа три утакмици на ПЕС јас го гледам како репетитивност, незнам колку утакмици си изиграл на фифа 12 ама ФИНАЛНАТА верзија. Јас вчера вечер цела ноќ ја плешев и буквално СЕКОЈА утакмица беше различна. Дури пишав и во темата ФИФА 12 дека АИ-то во новава фифа има сосема нова димензија, ама БУКВАЛНО размислуваат како човек, и незнам зошто ама не се сложувам со тебе за тоа што е со здебелен фонт. Баш напротив стриктно кога играм Манчестер - Барса и кога дриблам доле со Нани против Абидал, еднаш го исфрлам на еден начин, еднаш го исфрлам на друг начин, еднаш он ми ја зема топката. Значи зборот ми е дека ВООПШТО ништо не се повторува од постапките и двишењата на фудбалерите т.е. нивното АИ. А во врска со песот ке кажам дека ВООПШТО не е лош оваа година, значи далеку е подобар од лани и сакам така да тераат, па можда ке се вратам назад на него, али оваа година еве лично за мене да речеме дека е победник фифа :)

Е ако де, контрај ми, затоа и е темава нели.

Јас пишував поопшто во постот, зашто фул верзиите уште не ги пробав (јбг, немање време, играв на Playstation 3 деновиве некои ексклузиви), па затоа ќе пишам пак после играње на целиве верзии.

И пишете дали играте на гејмпад или тестатура, пошто ако некој игра на тестатура, жалам, али мислењето не му го признавам (без разлика дали е контра ПЕС или ФИФА). :)
 
Е ако де, контрај ми, затоа и е темава нели.

Јас пишував поопшто во постот, зашто фул верзиите уште не ги пробав (јбг, немање време, играв на Playstation 3 деновиве некои ексклузиви), па затоа ќе пишам пак после играње на целиве верзии.

И пишете дали играте на гејмпад или тестатура, пошто ако некој игра на тестатура, жалам, али мислењето не му го признавам (без разлика дали е контра ПЕС или ФИФА). :)

Хехе.. ах бре мац, не си ја пробал а викаш монотона ти е :)
Иначе зборуваме за со гејмпад, зошто со тастатура е сосема друго, да не речам поглупо.
 
PES ја играм од 2004 год. и стварно е многу јака и на ком и на плејстејшн, и мислам појака дека е од фифата :D
 
Најтрагично е што НАЈДОБРИТЕ верзии на двете франчизи се искочени во 2006 година. Overall ФИФА гејмерите ја сметаат ФИФА 07 за најдобра а ПЕС гејмерите пак ПЕС 6. Додека сите останати спортски игри грабаат напред и секоја година се се подобри и ги искористуваат максимално можностите сто ги нуди денешната технологија фудбалските игри незнаат каде одат. Не ме сваќајте погрешно дека нема прогрес во фудбалските игри но нивниот напредок е мал во однос на останатите спортски симулации.Formula 1, NBA, NHL, NFL,MLB, Golf, MMA, Бокс и останатите спортски игри изгледаат фото реалистично и речиси нивниот гамеплеј е исто таков. Како можеа сите овие игри да ги искористат можностите на денешните конзоли а фудбалските игри како да тапкаат во место? Знаете кој беше скокот на ФИФА од пс2 на пс3? ГРАФИКАТА и ништо друго. Кога за прв пат ја пуштив ФИФА 08 на хвох 360 се чудев што гледам. Но како постепено ја играв сватив дека играта е полоша од ФИФА 2004. Значи ја како што ги гледам работите најдобрите верзии на фифа и пес излегоа 2006 година кога пс2 и хвох беа на крајот од својата кариера кога таа година на големо искочија новите генерации на конзоли. Така да за 2-3 години кога ке биде крајот на 7-та генерација на козноли т.е. пс3 и хвох 360 треба да очекуваме совршена фудбалска симулација кога од ЕА и од Конами ке се решат да ги исцицаат денешниве конзоли и технологијата зад нив. Само се плашам да не биде обратно и уште толку да ги утепаат двете игри и да воведат кинект или мув супорт па да си ги лупаме главите од зид. А во меѓувреме отидете до youtube и пуштете некое видео од фифа 12 версус пес 2012 и читајти ги коментарите на сите фифа и пес FAGBOYS и смејте се на нивните глупости за тоа која игра е подобра и разлозите за истото. Само немојте и вие на форумов да бидете такви. Поздрав.
 
Темава е интересна од една причина, има фанови кој гледаат само коњ напред и викаат само ПЕС ПЕС и ПЕС. Него не го интересира какви промени биле направени во фифата!!! Ја играл фифа 2005 и не ја пробува ич повеќе, а пази поминале 7-8 години и се направиле МИЛИОНИИИИИ промени.

Дечки земете играјте фифа, песот е исти веќе повеќе години, се што прават е МИНИМАЛНИ шминки на мениата и трансфер на играчи. Додека фифа секоја година има куп изненадувања.

:cautious:

Од една страна збориш за луѓе кои гледаат коњ пред себе и викале само ПЕС, а од друга страна не убедуваш да играме ФИФА без некои солидни аргументи. Мислам дека погоре самиот си се опиша само наместо ПЕС пиши ФИФА.
 
Хехе.. ах бре мац, не си ја пробал а викаш монотона ти е :)
Иначе зборуваме за со гејмпад, зошто со тастатура е сосема друго, да не речам поглупо.

Демото го играв доста (некои 15+ утакмици сам плус тестирања против луѓе),па врз основа на тоа се темели мојот првичен пост.

Сега ја симнав фул верзијата на ПЕС, ќе ја играм неа деновиве, па потоа фифа може да се проба и ќе видиме кој до каде е...јесда не верувам дотолку да е сменета од демото ФИФА-та. :)
 
Одлични се и двете. Се работи за вкусови. И едната и другата имаат предности и недостатоци. А јас ја користам оваа прилика да се пожалам дека ги прават само за X-BoX, заборавајќи на нас пролетеријатот (играме на PC). Не можеш сите скиллс да ги употребиш со тастатура...
 
Одлични се и двете. Се работи за вкусови. И едната и другата имаат предности и недостатоци. А јас ја користам оваа прилика да се пожалам дека ги прават само за X-BoX, заборавајќи на нас пролетеријатот (играме на PC). Не можеш сите скиллс да ги употребиш со тастатура...

Можеш да ги употребиш, ама од што е толку тешко просто е невозможно, иначе кога (ретко)играм со тастатура, правам некои финтици, доста ми успева, ама не е тоа тоа, со џестик е комплетна играта. Иначе оваа година се е исто и х-бокс и пц и пс3
 
Одлични се и двете. Се работи за вкусови. И едната и другата имаат предности и недостатоци. А јас ја користам оваа прилика да се пожалам дека ги прават само за X-BoX, заборавајќи на нас пролетеријатот (играме на PC). Не можеш сите скиллс да ги употребиш со тастатура...

па да неможеш на тастатура, ама може у пц гејмпад да ставиш...

фифа ја неам играно од 2004 мислами во тоа време немаше теоретски шанси против пес и до денеска ја играф пес, али оваа година рака на срце фифа е подобра
 
Ја па играм на тастатура, имам џојстик дома но нема аналог на него, така ти доаѓа исто како на тастатура да играш :/
 
Јас сум ПЕС фан и ја играм играта многу многу одамна.
Последна фифа која што ја играв долго време беше фифа 07.
Според моите мислења и очекувања, ПЕС беше многу подобра во однос на фифата во последниве години.
Секогаш ја симнував и фифата, но уште истиот ден завршуваше во канта поради тоа што ПЕС ми беше далеку далеку подобра и пореална.

Со нетрпение чекав да излезе ПЕС 12.
Очекувањата, нормално како и на секој друг ПЕС фан ми беа преголеми и едвај чекав да излезе. Го дочекав и тој ден и играта излезе.
Првиот впечаток во играта беше глупавиот блур кој и во финалната верзија беше оставен и некорегиран.
Сменетите - "Improved" Goalkeepers како што ги нарекуваат од КОНАМИ се сеуште истите....неспособни, пропуштаат топки, не реагираат на шутеви, па дури и одбранети топки испуштаат од раце и ги внесуваат во гол....
Друга работа е што може да те дриблаат играчи од одбраната на противничкиот тим (пр. Абате дрибла како да е на исто ниво со Меси), па ќе направат некој соло продор при што не ти помага ни новиот дефанзивен систем на КОНАМИ.
Кога играм со Милан против Барса, Робињо е поспор од Пике, а кога играм јас со Барса против Милан, јас неможам ни да помислам да го стигнам Робињо со Пике....што е стварно иритирачки.
Ударите од слободен удар се катастрофални...Секој шут на компјутерот оди во аголот од голот. Па дури и голманот да се фрли на вистинската страна, компјутерот е милиметарски прецизен и ќе постигне пречка-гол (позицијата не е битна дали е 40м, 16м, 25м...од секаде исто шутира и милиметарски презицно).
Цената на играчите во Мастер Лигата е исто така лоша, како и беспотребно сменетите мрежи на стадионите.
Додавањата и не се така лоши, но не се ни нешто сјајни...може многу често да се случи играчите да се побркаат во некои ситуации и да настане хаос.
Многу често се случува и да ја подзаборават топката.
Добра работа се шутевите и снаоѓањето на играчите во некои позиции од каде што може да се упати удар.
Дриблинзите се супер и се прават солидни акции.
Новиот дефанзивен систем е исто така одличен, иако според мене тоа е една тотално непотребна комплицирана работа.
Се што беше доволно да се направи е да се средат фаулите и лошите судења.

ФИФАТА за разлика од Пес ја инсталирав колку да се види колкав ќе биде FAIL-от оваа година од ЕА.
Иако видов дека има големо подобрување 11ката во однос на другите години, јас се одлучив да останам на ПЕС.
Сега на големо изненадување 12кава фифа ми се виде доста интересна...
На графички план ми изгледа одлична...иако лицата на играчите се сеуште оние стандард пластифицирани, сепак конечниот исход е повеќе од солиден и Improve-нат.
Има повеќе од одлични камери, голманите одлично бранат, се прават одлични акции, додавањата се повеќе од солидни, шутевите исто така одлични.
Ме зачуди и одличната одбрана која што најмалку ја очекував. Ми се допаѓа како компјутерот се брани кога јас напаѓам, неможе само трчај трчај-гол.
Судиите одлично си судат, фаулирањето е одлично, клизачите се исто така солидни, дриблинзите одлични.
Се на се, јас сум многу пријатно изненаден од конечниот исход и можам да кажам дека ова е најдоброто од ФИФА некогаш.

Според мене оваа година дефинитивно Фифата го превзема местото на ПЕС како фаворит, но тоа не значи дека ни Пес нема да се игра. Затоа што и ПЕС 12 е доволно солидна игра :

PES 2012: 8.0 / 10

FIFA 12: 9.0 / 10
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom