Скопје низ призмата на еден „провинцијалец“

С

сашенко

Гостин
^ Еве бе јас не се нарекувам така и нит сакам да ме нарекуваат.Провинција е нешто од надвор во подалечна околина.Нема никаква логика Скопјани на Битолчани да ги нарекуваат провинцијалци,кога тие си се две посебни места,а и во однесувањето се прави граѓани кои не се дојдени од пичкеси.... како што се во СК од права провинција.Провинцијалци вие можете да ги викате драчевци,лисичани,чентовци итн ,за мене провинција се селата во околина.Зашто тие се тие што се вртат околу градот а не другите градови околу Скопје,не е тој центарот на светот.
Тоа ти така гледаш на тој збор.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Добро, колкупати некој ви викнал -провинцијалецу ниеден, а колкупати г**вно едно, сељак, стоко, ку**во една ороспијо, маме ти..да ти... Сте прерачунале или ...? Некој везден се обраќа некому со -хелоу провинцијалецу, или со -здраво Трајче, Перо, Влатко, Викторија...? ај дабт...сириосли. ама ај, нека се тркала...ко во Скопје да владее апартхејд.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Мене просто ми иде да ги вратам во селото од кај што дошле кога ми доаѓаат во Скопје и гледаат со презир на сите скопјани и на градот воопшто.Не го сакаш градот?Слободно учи си во Тетово,Прилеп,Штип си има таму факултети,а не да ми доаѓаат тука да ми се прават некои чисти Македонци а не знаат ни македонски литературен говор.Има и некои што одат до крајности и се однесуваат како поголеми скопјани од самите скопјани,што страшно ме иритира.

Има исклучоци се разбира,секоја чест до нив.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Беше, веќе не е, има огромна разлика од порано и тоа во позитивно.
Значи сега е најголемо :)
Има општини што немаат атмосферска канизација и тоа се во центарот како на пример Кисела Вода, ќе направат некој кружен тек и после првиот дожд има баричка и да не редам натаму.
Скопје ќе беше метропола ако го оставеа Кензо Танге да си ја завршеше работата и ништо да не чепаат наредните 100 години, ама пусто Македонче од се се разбира.
Пример за тоа ти е Градски зид, ако ги забележиш зградите кои се блиску Валијант првите 2 ката не се ни планирани за место за живеење бидејќи тука треба да поминува ветерот кој доаѓа од Водно, арно ама да се добие уште некој стан плус го соѕидале и сега во центарот летно време не се дише и има барем 5 до 10 степени разлика од други места како на пример, Автокоманда кај парк шумата Гази Баба
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443

Јас Скопје веќе не го доживувам како село и гледам огромна разлика од пред 10 години така да тука нема да се сложиме :).

Тоа што ти го спомна си во право се гради секаде и во секоја можност ама тоа со село веќе нема врска туку е проблематика на урбанистички план, визија за развој на градот и се разбира можноста за брза заработка затоа што е јасно дека станови во центар побргу и поскапо ќе се продадат од тие на периферија.

Можеби е најголемата грешка што се дозволи непланско населување на кого му текне а самата инфраструктура не беше планирана за толкав број на луѓе, Љубљана е еден пример на град каде пазат колку и како ја шират, е на тоа поле ние кикснавме :).

Но тоа е веќе друга тема нели, јас само реагирав дека Скопје веќе не е големо село, метропола е и си го носи бремето од комунистичкиот период но мене ми е сеа супер за живеење па дури и си го засакав, каков таков мој град е :).
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Мене просто ми иде да ги вратам во селото од кај што дошле кога ми доаѓаат во Скопје и гледаат со презир на сите скопјани и на градот воопшто.Не го сакаш градот?Слободно учи си во Тетово,Прилеп,Штип си има таму факултети,а не да ми доаѓаат тука да ми се прават некои чисти Македонци а не знаат ни македонски литературен говор.Има и некои што одат до крајности и се однесуваат како поголеми скопјани од самите скопјани,што страшно ме иритира.
Има исклучоци се разбира,секоја чест до нив.
Не е страшно да користат дијалект ,не знам можда тебе не ти е ок ,мене лично ми е симпатично.
Викаш ако дојдат во Скопје ,а да говорат литературно...демек во Скојпе литературно се зборувало?
Изразување на литературен јазик во Македонија малку слабо ,а и измислиле некој глупи зборчиња да се згазиш од смеење ,ама ај да не бегаме оф топик.

А за вториот дел ,останале некој период во Скопје и после сменале однесување ,ама уште менување на говорот колку е болно не се свесни и тие самите шо забегале така.Греотичка.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Мене просто ми иде да ги вратам во селото од кај што дошле кога ми доаѓаат во Скопје и гледаат со презир на сите скопјани и на градот воопшто.Не го сакаш градот?Слободно учи си во Тетово,Прилеп,Штип си има таму факултети,а не да ми доаѓаат тука да ми се прават некои чисти Македонци а не знаат ни македонски литературен говор.Има и некои што одат до крајности и се однесуваат како поголеми скопјани од самите скопјани,што страшно ме иритира.

Има исклучоци се разбира,секоја чест до нив.
Многу од тие кои се населиле во Скопје пред 20-30-40 години се однесуваат поголеми скопјани од скопјаните и им смета се што доаѓа од друго место. Мене многу ме иритира тоа што некому му е битно кој од каде е наместо кој каков е.

А за зборувањето на дијалект навистина некои претеруваат и понекогаш многу смета. На факултет, на работа, со луѓе од повеќе места треба да зборуваш литературно за сите да те разберат, а со тие од твоето место како сакаш зборувај си.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
17
Поени од реакции
4
Skopje e najgolemata zbirshtina od lugje (sekakvi i od sekade) vo Makedonija.. Retki se onie stari, chisto Skopjani ... Koj shto saka neka kazhe ama taka e .. ;)
 
Член од
5 април 2011
Мислења
1.920
Поени од реакции
925
а што нешто као демек скопскиот не е дијалект?
ако некој кога мисли за литературен македонски дека е скопски уствари, а не сака да се мења името, тогаш има психофизички проблеми, или само физички беа? :confused:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom