Кој и како известува во Брисел за состојбите во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Абе луѓе , овие новинариве сами признаваат дека таму се отидени за да направат скандал , да ги натерат европратениците да применат клоци на нив, зошто сега вие ја жалите Мирка за тоа што била клоцана?

Ако се организира дискусија од десничарските партии , во кои ќе бидат повикани Мирка , Миленко и тој другиот , дали може да се наречат предавници истите , затоа што според овие другите (Борјан , Секуловска ...) тие се предавници , затоа што се обидуваат да претстават лажна слика за состојбите во Македонија ?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi
Значи да сумираме: На Миленко, Мирка и (WTF) Нонковиќ им било дозволено да присуствуваат на дебатата и да добијат збор откако ќе ги образложат своите тези и мислења главните панелисти на дискусијата (во кои спаѓаат Борјан, Биле, Цаца...). Ова убаво го кажа Шацимаркакис во другото видео кое „Владините“ медиуми не се одлучија да ни го прикажат (а кое одеше на Алфа).
На самиот почеток од дебатата Миленко и Мирка не дозволиле да започне дебатата, уфрлувајќи се во зборувањето на европарламентарците... Уште еднаш им било објаснето на кој начин ќе се одвива дебатата, по што на Миленко и Мирка им биле изгаснати микрофоните и биле замолени да излезат од просторијата (што тие радо го прифатија дофрлајќи како ова не е демократија). За начинот на кој се однесувал потоа Шацимаркакис веќе имаше извинување од негова страна.
По овој „инцидент“ Мирка надвор во паркчето дава изјава за Сител: Ние бевме тука да ја растуриме дебатата и да направиме скандал!
Денеска (и вчера) во медиумиве (блиски на Власта) ова е наречено МЕГА - Скандал.
Што е мега скандалот? Никој не објаснува.
Биле отстранети од дискусијата затоа што не го почитувале редот и форматот на дебатата? Па во нашево Собрание секој ден се прекинува седницата затоа што некој се буни дека не му е даден збор, затоа што некој влегол преку ред за реплика, затоа што некому му било одземено правото да зборува затоа што немало време... и.т.н. Па никој од тоа не прави МЕГА-скандал!
Затоа што биле наречени „малака“ од Шацимаркакис? Тоа зборува за културата на типот. Но сигурно дека не зборува за целата Европска Унија или за целиот Европски Парламент. Кај нас пред нецел месец за малку ќе избиеше тепачка во Собранието помеѓу пратеници на две парламентарни групи. Дали тоа значи дека ние сме нецивилизирани грубијани и невоспитани луѓе?
Затоа што „поранешни“ новинари биле свикани на дебата за слобода на изразувањето, а нивниот бивш газда одговара за криминал?
Мирка Велиновска и Миленко Неделковски исто така не се новинари... Мирка Велиновска е колумнист во Нова Македонија, Миленко е водител на „шоу“-емисија на Канал 5.
На дебатата покрај „озлогласените“ Борјан и Секуловска биле уште и Маргарита Цаци Николовска, поранешен судија во Стразбург, Слободанка Јовановска од Утрински Весник (под сопственост на ВАЦ, не на Велија Рамковски) и Петар Стојковиќ, студентски активист (барем така е наведено во програмата за оваа дебата).
Е сега зошто не биле викнати новинари на МТВ, Сител или Канал 5... Па мислам дека е повеќе од јасно. Две од овие три телевизии имаат газди кои се коалициски партнер на владата, а јавниот сервис е дефакто во Владина сопственост. Мислам дека релевантно се поставува прашањето дали новинари од овие медиуми би ја кажале „вистината“ за македонската слобода на медиумите.
Плус, иако медиумите не зборуваат за ова, мора да се напомене дека многу „про-владини“ новинари и експерти секојдневно учествуваат на Европски и Балкански семинари и јавни расправи. Од Жоро (главниот уредник на Дневник), кој често е меѓу присутните на дебатите за новинарството на Балканот, преку Латас и Талевска (кои присуствувале на дебати и за политика и за медиуми), преку Димитар Мирчев (експерт со владини ставови) кој е учесник во сите владини делегации каде се дебатира за Македонија во рамките на глобалната политика, преку Чашуле, кој исто така редовно присуствува на меѓународните тркалезни маси за теми поврзани со глобалната политика и слободата на изразувањето... Тука има уште десетици други лица кои се блиски до владата: Новинари и уредници на МИА, експертите од „Павел Шатев“, новинари и уредници на МТВ... кои редовно се присутни на дебати и конференции каде што ја претставуваат Македонија. Не сакам некој овде да се прави наивен дека само Борјан и Тања Милевска ја претставуваат Македонија, тоа е извештачено и изопачено претставување на реалноста.

Јас лично се почувствував засрамен од реакцијата на Мирка, Миленко и (WTF) Нонковиќ. Незнам, можеби тоа е домашно воспитување. Прво, лично никогаш не се појавувам ненајавен на „гости“ кај некого и второ, и кога би се појавил никогаш не би се обидел да ја узурпирам јавната дебата со некаква задна намера.
Миленко, Мирка и третиот дечко, имаа шанса да дебатираат и да ги образложат своите ставови и убедувања за македонското новинарство, тие за жал се решија на радикализам и скандалозност, за што Мирка сама призна веднаш по излегувањето од зградата на ЕП.

Оние кои ги бранат овие три „неканети“ евро-посетители, треба да се запрашаат дали некогаш во школо или факултет додека првите 20 минути професорот предава лекција им било дозволено тие да зборуваат ако не им е даден збор? И дали јавната дебата треба да изгледа како што сме навикнати да ја гледаме на нашите телевизии (кога секој секому влегува во збор и не го остава да доврши?).
 
Завршниот резултат е битен.
И каков беше генералниот резултата от се това што го направиха тази група новинари като провокираха скандал? Има полза от него за новинарството во РМ или за имижда на РМ или за што?
Да не зборуваме дека тиja не посакали да останат и да дискутират со своите колеги.
Треба ли да заклучуваме,дека нивната цел не била дискусиja со другите новинари,а просто генерарине на скандал?
--- надополнето: Sep 21, 2011 5:47 PM ---
Ја злоупотребиле добрата волја на европратениците , им било дозволено да учествуваат на дискусијата без да бидат повикани , и на крај сакале да ја растурат.

Плус, ова ќе влијае на штета на Македонија. (Не верувам дека Миленко , Мирка и овој другиот , да се дојдени со своја глава , некој ги пратил, а ?).
Този инцидент е многу добро замислен и не е избран случаjно. Се уште се бара само нарачателот.
 
И каков беше генералниот резултата от се това што го направиха тази група новинари като провокираха скандал? Има полза от него за новинарството во РМ или за имижда на РМ или за што?
Да не зборуваме дека тиja не посакали да останат и да дискутират со своите колеги.
Треба ли да заклучуваме,дека нивната цел не била дискусиja со другите новинари,а просто генерарине на скандал?
--- надополнето: Sep 21, 2011 5:47 PM ---

Този инцидент е многу добро замислен и не е избран случаjно. Се уште се бара само нарачателот.
А шо те заболе тебе за нашиот имиџ? По кои точки те тангира тебе тоа? Дај ми еден валиден аргумент зошто би те засегало, иначе ќе сметам дека влетуваш намерно во муабет за провоцирање и тролаш!
А од потписот можам да проценам дека имаш некој проблем со нас Македонциве па лечиш фрустрации на форумов.
 
Нашле кого да го викнат да ја објасни ситуацијата во новинарството во Македонија ... Борјан, Секуловска и онаа Цаца ... абе ај ...
незнам само по кој критериум ... но сепак јасно е зошто ...

А Миленко, Мирка и Нонковиќ изреагирале понезрело од дете од 5год ..
--- надополнето: Sep 21, 2011 5:56 PM ---
А шо те заболе тебе за нашиот имиџ? По кои точки те тангира тебе тоа? Дај ми еден валиден аргумент зошто би те засегало, иначе ќе сметам дека влетуваш намерно во муабет за провоцирање и тролаш!
А од потписот можам да проценам дека имаш некој проблем со нас Македонциве па лечиш фрустрации на форумов.

Бугар е ... нормално дека лечи фрустрации .../ignore да не ти се залепи само :)
 
Нашле кого да го викнат да ја објасни ситуацијата во новинарството во Македонија ... Борјан, Секуловска и онаа Цаца ... абе ај ...
незнам само по кој критериум ... но сепак јасно е зошто ...

А Миленко, Мирка и Нонковиќ изреагирале понезрело од дете од 5год ..
--- надополнето: Sep 21, 2011 5:56 PM ---

Бугар е ... нормално дека лечи фрустрации .../ignore да не ти се залепи само :)
Миленко е прост човек, што не можам да го речам и за Мирка. А што се избрукаа, се избрукаа...
Ама па да стоиш и мирно да гледаш како некој отворено ти работи против државата... не го бива и тоа. Да бев Грујо, ќе го наредев Миленко со ТНТ и ќе го пуштев да се разнеси среде дебатата :D
А од бугаров немам гајле, лесно откачувам понеинтелигентни суштества од мене. :cool:
 
Колку и да е бе прост Миленко, колку и да му е кокхолдер на Груевски, сепак на многу прецизен начин точно ја опиша намерата или улогата поточно речено, на „репрезентите“ од македонското новинарство.

Значи тројца од една иста фамилија + 1 опозиционен претставник од партиско НВО треба да го претставуваат независното новинарство?

Ви се молам дечки, приказните за тоа како Мирка цуцала виски со БЦ и како Миленко е бивш робијаш, нема да го покријат очигледното во целава ситуација, а тоа е дека фамилијата новинари отиде да кодоши против Власта пред се’ од политички реваншизам како приврзаници на опозицијата, тоа не може да се одрекне, само најлошото за нас е што Македонија и народот за нив претставува само КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА и наместо да се трудат Македонија да добие позитивни оценки и уште повеќе да се зголеми притисокот против политичкиот интерес на Грција за условување на влезот со промена на името, тие работат во корист на Грција и вршат дополнителен притисок за потиснување на какво и да е чувство на вредност кај Македонецот, му го ускратуваат и ограничуваат правото да слави големи спортски успеси, „новинарски“ продавајќи приказни за иредентистични навивачки песни спрема Грција и нарекувајќи ги и кошаркарите и мнозинството од народот кој славеше пеејќи - малоумни, националисти и фрустрирани будали.

Премногу си играат веќе, а со овој скандал „Царот е фатен ГОЛ“! :)
 
И каков беше генералниот резултата от се това што го направиха тази група новинари като провокираха скандал?

Македонската јавност дозна кој со кого се плетка. :)
 
ако црпиш инспирации и ставови од бивши Робијаши од типот на Миленко далеку ќе стигнеш да се лупа будалаштини лесно е, паметно нешто да се каже тешко е
кој патем речено во една емисија си го опиша сам својот престој во затвор али изглеа многу не му влијаел воспитно истиот еднаш будала цел живот будала

Не ми треба некој да ми го каже тоа што сите го гледаме. Дека Борјан, Тања и пријателите се идиоти. Дека европратениците поготово грчките не се цвеќиња за мирисање.
Тоа сите го гледаме, само што тебе повеќе ти одговара да ја носиш темата во друг правец.
 
Значи според ова твое гледиште, доколку јас и некои останати мои истомисленици, каде што има слилни тези, зборуваме и ја критикуваме власта, ја оцрнуваме,тогаш и ние по default имаме антимакедонски став и сме предавници и имаме за цел да го оцрниме името Македонија. Е тоа е проблемот на нашето време, што дојде ред луѓето да се делат на предавници(оние кои имаат само критички став) и на патриоти(оние кои ги хиперболизираат работите и притоа не ја согледуваат реална слика), бидејќи критиката е огледало на демократијата.

Ти дефинитивно не знаеш да читаш. Затоа ќе се самоцитирам со делот кој не си го разбрал
Антимакедонски став не е исто со антивладин.

И зошто изгледа дека воопшто не ги читаш постовите на темава туку реплицираш безврска?--- надополнето: Sep 21, 2011 6:48 PM ---
Интервју со Шацимаркакис: Немам потреба да се извинам, навредата ја изговорив испровоциран од обезбедувањето

http://www.time.mk/read/2743527441/7f96da6b0d/index.html
:pos:

Не бре тој е европратеник за пример, не знам зошто јавно не побарал сите европратеници да се надвикуваат, да изиграваат обезбедување и да упатуваат погрдни зборови кон некој кој не им е истомисленик.
 
викам јас дека на форумов треба да се врати политика...изгорени сме сите за неа ))))))))).

по темава.

деновиве
На панел дскусијата биле покаенти дописничката на „А1“ Тања Милевска, Борјан Јовановски, Билјана Секуловска, Маргарита Цаца Николовска и Роберто Беличанец. извор http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2011921101224

претходно

Тања Милевска предизвика инцидент во Брисел

30.10.2010

http://www.youtube.com/watch?v=TriQgAilHRE

``Новинарката, која на состанокот присуствувала како новинар-набљудувач, без право на коментар, сама го вклучила својот микрофон за време на обраќањето на Наумовски и се обидела како тема на разговор да ја наметне неодамнешната инспекциска акција на повеќе компании кои се сместени во истиот објект со нејзината телевизија.

Пратеникот Шацимаркакис, кој претседавал со состанокот, морал да интервенира за овој инцидент и да ја замолчи новинарката, потсетувајќи дека таа нема право на збор и дека може единствено да го набљудува состанокот. Копретседавачот Шацимаркакис, воедно, му се извинил на вицепремиерот Наумовски за овој инцидент и го замолил да продолжи со неговото обраќање.

Овој скандалозен инцидент, на вториот ден на состанокот, следи по реакциите на повеќе учесници на состанокот за недоличното однесување на дописникот на А1 и на вчерашниот, прв ден на состанокот.

Дописничката на А1, која не го почитувала протоколот на Европскиот парламент и седела на местото предвидено и обележано за претставници на европските институции, вчера гласно дофрлала, коментирала, гласно се смеела и гестикулирала за време на обраќањето на пратеникот Владимир Ѓорчев.

По состанокот, повеќе учесници гласно коментирале дека станува збор за недолично однесување на новинар поканет на состанокот во својство на набљудувач, за подривање на достоинството на оваа висока институција за соработка меѓу Македонија и ЕУ, непочитување на присутните, непочитување на сограѓанин па и како македонски срам.`` http://kurir.mk/makedonija/vesti/9886-Sacimarkakis-ja-zamolci-dopisnickata-na-A1-od-Brisel
место заклучок.......

за состојби во новинарството во македонија одбрале ``новинар`` - тањето , за кое грков своевремено: ``морал да морал да интервенира за овој инцидент и да ја замолчи новинарката, потсетувајќи дека таа нема право на збор и дека може единствено да го набљудува состанокот. Копретседавачот Шацимаркаки`` и за кој новинар своевремено : повеќе учесници гласно коментирале дека станува збор за недолично однесување на новинар поканет на состанокот во својство на набљудувач, за подривање на достоинството на оваа висока институција за соработка меѓу Македонија и ЕУ, непочитување на присутните, непочитување на сограѓанин

btw ги избркал гемиџииве на панел дискусија со новинари ( меѓу кои и тања поканета на дискусијата која претходно ја ``замолчувал``), ама тањево не го избркал на состанокот кога Васко Наумовски ,владин претставник тоа време, кога евроинтегративецот се обраќал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom