Кој и како известува во Брисел за состојбите во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Jа сведивте темата на лични препукувања и навреди, впрочем како и секоја тема од сличен карактер каде народот е поделен, и не го гледа реалното туку зафаќа страна и ја брани па макар и крај на светот да е...

Темата не е за Шакимаркакис (или шо име и да имаше). Тој е европратеник, со прилично сомнителни квалитети, но ние немаме што да се буниме, не сме дел од ЕУ и не гледам логика ние да им кажуваме какви луѓе да стават а какви не. Доколку станеме ќе биде друга песна.

Извештајот не треба да биде позитивен, ниту негативен. Треба да биде реален. А во ЕУ видоа на лице место каква е ралноста во МК, кога две групи очите ќе си ги извадеа таму. Страм за државата.

За Миленко и компанија уште нешто мора да се каже, пошо тие беа таму, значи нема тука офтопик. Замислете ја глупоста: Миленко и тие со слични ставови се против влегување во ЕУ, плукаат кога и да стигне за ЕУ муабет, предвидуваат распаѓање на ЕУ (која глупосте е ова само за себе...), а од друга страна ОДАТ во Брисел со “ДЕМЕК“ намера да се известува реално за МК, да не добие лош извештај, затоа што тоа не оддалечува од ЕУ. :pos:
Незнам...
 
Велиновска, Неделковски и Нонковиќ ќе го тужат Шацимаркакис

Македонските новинари ќе поднесат тужба против европратеникот за навреда и физички контакт. Велиновска смета дека со изјавата дека навредите биле за обезбедувањето, Шацимаркакис најавил како ќе се брани на суд

A4DA2C6037A4E1409BFE9B69AC9335EC.jpg

Новинарите Мирка Велиновска, Бобан Нонковиќ и Миленко Неделковски ќе поднесат тужба против германскиот европратеник со грчко потекло Јорго Шацимаркакис за навреда и физички контакт. Причина за тужбата е непристојното однесување на Шацимаркакис кон новинарите за време на панел-деискусијата за состојбите во македонското новинарство, во Брисел, во вторникот. Новинарите се непријатно изненадени од односот на европратеникот како и од одлуката на организаторите на дебатата да им дадат право на збор единствено на новинарите Биљана Секуловска, Борјан Јовановски и Слободанка Јовановска и на судијката Маргарита Цаца-Николовска.

На реакцијата на Велиновска, Нонковиќ и Неделковски, Шацимаркакис изреволтиран им го одзеде правото на збор, ја оттурна Велиновска за да ја напуштат салата и им се обрати на грчки со "малака". Дополнително, Шацимаркакис одби да им се извини на македонските новинари за навредите и рече дека "малака" било наменето за обезбедувањето и го употребил овој збор изнервиран од нивната задоцнета реакција.
-Со ова Шацимаркакис испрати порака како ќе се брани на суд. Ќе поднесеме тужба против него за физички контакт и навреда, вели Велиновска. Таа смета дека се работи за пропагандна машинерија која има за цел да го минимизира успехот на Македонија.
-Тоа е истата машинерија која функционира со години. Тоа се вика демократски централизам. Главата мисли, а останатите под него спроведуваат, смета Велиновска.
И Бобан Нонковиќ вели дека е јасно кому му беше упатен погрдниот збор.

- Целата македонска јавност можеше да види кому му се обрати. Ме гледаше во очи кога го изговори тоа. Претходно ми ја турна раката. Се однесуваше насилнички, вели Нонковиќ.

Зачудувачки, но ЕК вчера излезе со став дека организирана група индивидуаци од ПЈРМ и нивните поддржувачи ја попречиле расправата.

- Комисијата е запозната со овој инцидент и жали за тоа. Сметаме дека ова беше обид на група индивидуалци од Поранешната Југословенска Република Македонија и нивните поддржувачи да ја попречат јавната расправа во Европскиот парламент. Инволвираните во инцидентот пропуштија убава можност да земат учество во една отворена дебата, се вели во соопштението од канцеларијата на ЕК во Скопје.

И поранешниот министер за надворешни работи, а сега претседател на собраниската комисија Антонио Милошоски смета дека однесувањето на Шацимаркакис нема да придонесе за негова подобра репутација и углед.

- Нашата цел како Парламент е Мешовитиот македонско-европски парламентарен комитет да работи, да функционира добро, да има углед, копретседавачите да имаат добра соработка и приемот и во македонската и во европската јавност да биде добар.

Овој настан не оди во прилог на едно такво функционирање. Затоа, секој политичар треба да биде внимателен. Без да навлегувам во содржината на настанот или да заземам една или друга страна, моето мислење е дека овој настан нема да придонесе за подобра репутација и углед на европратеникот Шацимаркакис, изјави вчера во Собранието Милошоски по седницата на Комисијата за надворешна политика.

.
 
хехехех што се занесуваат овие Неделковски,Нонковиќ и ова смотаната Велинкоска ??

Што мислеа? и во Брисел има Вмровски кадри ?, па ќе аплаудираат за секакви глупости.. ?

Шацимаркакис е реален човек, многу убаво си знае што прави..

И пак ги прашувам, што мислеа? и во Брисел да владее ВМРО-ДПМНЕ ????
 
Шацимаркакис е реален човек, многу убаво си знае што прави..
И пак ги прашувам, што мислеа? и во Брисел да владее ВМРО-ДПМНЕ ????
точно така, знае што прави, gayreek нема да биде gayreek ако не нападне македонци..тоа им е во крвта..ете, дури и кај тебе тоа го има..
 
хехехех што се занесуваат овие Неделковски,Нонковиќ и ова смотаната Велинкоска ??

Што мислеа? и во Брисел има Вмровски кадри ?, па ќе аплаудираат за секакви глупости.. ?

Шацимаркакис е реален човек, многу убаво си знае што прави..

И пак ги прашувам, што мислеа? и во Брисел да владее ВМРО-ДПМНЕ ????

господ да чува и да брани, ви сте одлепиле скроз на скорз...ГРК ДА НАПАГА МАКЕДОНЦИ - ВИЕ ДА СЕ СИТИТЕ И АПЛАУДИРАТЕ,срамота, долно и подло,без коментар, само со добро срочена дефиниција.

Како сте тргнале, вие никогаш нема да станете дел од оваа нација. Не ја познавате, не ја разбирате, не делите исти вредности. Едноставно, вас не ве интересира овој народ и затоа природно е што никогаш не сте со него и до него. Како на овој 8 септември. Неговите победи, среќни моменти, мигови на радост за вашето раководство се извор на фрустрација. Од тука нема повеќе каде. Некој мора да се смени, односно да исчезне.
 
За цитатот - страшно добра колумна ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom