Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Меси :pos:

Неам поим, освен Васоски, никој друг не ми текнува...

Па Тетовче,има големи шанси да дојде,ако не денес утре,до крајов на неделава сигурно ке дојде !
 
Само една пречка го дели Тетовка од враќањето во Вардар според сознанијата на еден мој познаник, воедно и спортски новинар. Тоа е жалбата на Кавала на одлуката на грчката федерација да бидат исфрлени од Првата лига. Да се надеваме на позитивен епилог за нас и Васоски од петок да биде старо-нов играч на Вардар!
 
Само една пречка го дели Тетовка од враќањето во Вардар според сознанијата на еден мој познаник, воедно и спортски новинар. Тоа е жалбата на Кавала на одлуката на грчката федерација да бидат исфрлени од Првата лига. Да се надеваме на позитивен епилог за нас и Васоски од петок да биде старо-нов играч на Вардар!

Истото и јас го прочитав,жалбата ќе била разгледувана во петок.
 
Елитниот дефанзивец Александар Васоски е многу блиску до враќање во „црвено-црниот“ дрес, остануваат само неколку правни детали до потпис. Тој се уште чека одговор на жалбата на грчкиот клуб Кавала која е исфрлена од Првата лига на Грција, и ако тоа во петок биде регулирано, ете го, многу, многу брзо во Вардар. Како и секој фудбалски професионалец, не сака предвреме да дава изјави, но признава дека имал контакти со највисоките структури од раководството на Вардар.


„Сакам Вардар да биде шампион“, истакнува популарниот Тетовче. „Има само една пречка до враќањето во Вардар, а тоа е жалбата што ја има Кавала како клуб на исфрлањето во понизок ранг на натпреварување. Според моите информации, состанокот на кој ќе се разгледува оваа жалба е одложен за петок, по што најверојатно ќе добијам слободни документи за да побарам нова фудбалска средина. Во спротивно, не можам да потпишам договор и со друг клуб, во ист преоден рок. А, веќе кажав, сакам Вардар да биде повторно шампион!“, вели Александар Васоски.


Во текот на денешниот ден Васоски тренираше самостојно, но не е исклучено да се појави на тренинг со вардарци. За некој ден, доколку се биде в ред, тој и официјално треба да им стане соиграч.


Александар Васоски од 2001 до 2004 година го носеше дресот на Вардар, а потоа шест сезони мина во редовите на бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт. Во „црвено-црните“ редови освои две шампионски титули, а по неговото заминување, Вардар воопшто и нема освоено титула. Можеби неговото враќање во клубот, потпомогнато со целиот квалитет што тимот на Илчо Ѓорѓиоски го има во моментов, повторно ќе го вратат шампионскиот сјај во најтрофејниот клуб.
 
Членската карта на Влатко Гроздановски:
40nny.jpg
 
Тешко ќе биде денес...


Фудбалерите на Вардар денеска од 15 часот во 8. коло под Шара против Тетекс за првпат по три години ѓе бранат лидерска позиција во домашното првенство.

Во периодот кога тимот конечно за настап може да смета на репрезентативецот Влатко Грозданоски, но и најновите засилувања Остоја Стјепановиќ и Мите Цикарски, „црвено-црните“ сепак и пред денешниот натпревар се соочуваат со проблемот кој ги прати од стартот на шампионатот - повредите.
Покрај отсуството на Мирослав Вајс кој ќе мора да ја издржува казната од два натпревари поради црвениот картон заработен на претходниот меч со Брегалница, како и веќе добро познатата повреда на Игор Стојаковиќ за денеска до последно нема да биде извесно дали тренерот Илчо Ѓорѓиоски ќе може да смета и на Нигериецот Ајс Крим Оса како и на левиот бек Златко Бошковски.

„И двајцата последниве денови се пожалија на повреди, така да не знам колку ќе можеме да сметаме на нив. Не би сакале да ризикуваме со Оса кој и претходно не настапуваше поради повредата. Сепак, со кој било состав Вардар да настапи очекувам сериозен пристап од секој фудбалер. Нашите амбиции се добро познати. Не очекува тежок натпревар против тим кој има искусни прволигачки фудбалери, но со добра игра верувам и во добар резултат“ - вели Илчо Ѓорѓиоски пред натпреварот.

Проблеми со стомачен вирус деновиве имаа и Предраг Ранѓеловиќ и напаѓачот Илбер Али, но се најавува дека тие ќе може да се стават на располагање на стручниот штаб.
 
Pisi si ja komotno :)) ja vise ja pisav 2ce :)
Брат не заебавај без Оса, Вајс, Златко, Ранѓеловиќ не играат играме на гости против Тетекс кој нема слаба екипа, не ми е бап сигурна :D
 
Проблеми со стомачен вирус деновиве имаа и Предраг Ранѓеловиќ и напаѓачот Илбер Али, но се најавува дека тие ќе може да се стават на располагање на стручниот штаб.
Ја викам да не се ризикува со него, боље нека остане у Скопје. :D
Иначе да не има пренос на спортефе ?
 
Не се враќам без три бода од Тетово бре :D
Ајде се надевам на добро дерби, и на терен и братско навивање на трибините. Тетово-Скопје!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom