Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ако ја пратиш Барса од натпреварот со Наполи, тогаш да...
Фабрегас дава голови и далеку од тоа дека не е корисен, али неможеш да кажеш дека е измислен за Кеита, затоа што тој доведува баланс во тимот... погледни колку акции запре против Милан. Трча човекот, се труди, не му е за џабе миленик на Пеп.
Запре акции, како при голот на Пато...миленик му е на Пеп поради карактерот, не поради фудбалските способности. Има моменти кога е на рамниште со остатокот од тимот, но вообичаено е едно ниво подолу. Бускец/Маскерано се далеку подобри ДМФ од него, за Иниеста, Фабрегас итн да не зборуваме на позиција ЦМ. Корисен е за ротација, но таа ротација не треба да се случува против првопласираната Валенсија. Најмногу од се ќе се изгуби на поврзаноста и креативноста во средината...далеку е Кеита од организатор на игра.
ФУЛ РЕСПЕКТ МОМАК ИСТО РАЗМИСЛУВАМЕЗапре акции, како при голот на Пато...миленик му е на Пеп поради карактерот, не поради фудбалските способности. Има моменти кога е на рамниште со остатокот од тимот, но вообичаено е едно ниво подолу. Бускец/Маскерано се далеку подобри ДМФ од него, за Иниеста, Фабрегас итн да не зборуваме на позиција ЦМ. Корисен е за ротација, но таа ротација не треба да се случува против првопласираната Валенсија. Најмногу од се ќе се изгуби на поврзаноста и креативноста во средината...далеку е Кеита од организатор на игра.
А кој рече дека Кеита е организатор на игра? Чави ќе игра, тој ја организира играта во пакет со Меси па и донекаде Бускетс. А и улогата која ја има Кеита кога игра не е ниту класичен ДМФ, ниту организатор на игра... тој е конекцијата помеѓу одбраната и нападот, пресекува топки и акции.
Со Бускетс како деструктивец и Кеита заедно со Чави како креатори на играта ,добро бе до кога Пеп ке го форсира Кеита не ми е јасно ? Златен Фабрегас !Еден од Тиаго, Фабрегас или Кеита ќе биде на клупа. Не верувам Педро да не игра 2 натпревари по ред. Веројатно Пеп го одмараше против Осасуна. Во таква ситуација кога имаме МВП во нападот, средината би сакал да биде Бускец, Чави и Фабрегас. Доколку се обезбеди комотна предност може да ги пушти Тиаго и Кеита.
А, на Спорт им тргна годинава со погодување на составите, упм.![]()
Оваа формација ја предвидува Спорт. Мада незнам зошто, но мислам дека ќе биде Цеск на местото на Кеита.
Аман бе, поголеми стручњаци од Пеп сте станале.
Јас не прогнозирам состави, ама да сум на место на Пеп вака би играл:
ValdesPuyol-Mascherano-AbidalBusquetsThiago - XaviFabregasAlves-Mesi-Villa
Пошто Алвес ни е како коњ, ќе се бара од него играње напред-назад, т.е. кога сме во напад, стандардно Алвес ќе си игра десно крило, а кога топката е кај играчите на Валенсија, Алвес ќе игра во одбрана и веројатно ќе се претвори во 4-3-3 формацијата.
Доколку имаме водство, некаде кај 70та минута, излегува Виља(и успут можеби добива аплаузи од Местаља), место него влегува Педро, а Алвес се враќа како бек.
Прогноза за победник и резултат овојпат не давам, оти со Милан кикснав.
--- надополнето: Sep 21, 2011 1:12 PM ---
А, на Спорт им тргна годинава со погодување на составите, упм.
Него, Валенсија стварно добар состав имаат сезонава.Гледајте во прв состав какви играчи имаат, па и на клупата(Мехмет Топал, Каналес, Парехо) се одлични.
Не дигам глас за Кеита се додека Пеп не го става ДМФ! Кеита е добар за позицијата што Спорт предвивдува дека ќе игра.
Секоја чест за Кеита,се е точно тоа дека трча мнофу,освојува многу топки...но на важни натпревари да го ставиш Кеита како ДМФ тоа значи дека средниот ред едно 40-50% е послаб од стандардниот.
За мене на позицијата деструктивец предност има Маскерано пред Кеита во ситуација кога Бускетс не игра.Сме виделе дека Маскерано има многу точни додавања,запира многу акции,освојува топки.А Кеита на таа позиција делуваше како изгубен на натпреварот против Реал,немаше идеја каде да ја додава топката цело време си ја враќаше назад.
Се на се имаме одличен склопен тим,поседуваме секакви играчи кои сите други тимови посакуваат да ги имаат во своите редови.
Денес прочитав една изјава на Пеп за вечерашниот меч каде што велеше дека во утрешниот(денешниот) натпревар влегуваме чуствувајќи се многу силни! Е кога Пеп ќе изјави вакво нешто тогаш значи дека стварно вечерва ќе делуваме моќно,играта ќе биде на ниво и верувам дека ќе дадеме над 2 гола!