- Член од
- 15 август 2011
- Мислења
- 52
- Поени од реакции
- 14
Друже сепак човекот е во право, ама ај ете јас ќе ти кажам оти знам и јас како се траштав до пред една недела.друже три дена по ред тражам. така ако можеш да ми помогнеш дај ми линк каде што го пишува тоа или кажи ми шо треба да се направи..
Значи потребни документи за вселување се следните:
- Обврска за жиранти (од тука го симнуваш и го печатиш, треба да се пополни и да се стави печат од фирмата/фирмите каде што работат двата жиранти);
- Фотокопии од личните карти на жирантите;
- Меница од 100 денари (може да се најде по трафики, а со сигурност има во Тутунска банка... е сега во некои студентски бараат празна, во некои пополнета, ти најдобро однеси празна, па ако има потреба ќе ја пополниш таму);
- Документи и уплатници кои се купуваат и пополнуваат внатре во студентскиот (200-300 ден. чинат тие);
- Три слики со големина за пасош (3,5 x 4,5 cm);
- Пари за да уплатиш за станарина и КЗЖ (нешто повеќе од 3 и пол илјади мислам);
- Копија од твоја лична карта.
Btw некаде бараат и индекс.
Стварно ова 100 пати се повтори овде на форумот, ама ете има пак збунети, сепак нигде немаат јасно истакнато кои се потребните документи(мислам на Интернет, како што беше со остатокот од конкурсот), освен во самите студентски домови, а и таму можи да се случи да те вратат за нешто што не истакнале. И така ајде сега да си запаметиме за в година и среќнивесели и чао пријатно