Што е Исус?

Што е Исус?

  • Господ/Бог (Отецот)

    Гласови: 14 3,6%
  • Божји Син (синот)

    Гласови: 184 47,1%
  • Светиот Дух (гулабот)

    Гласови: 6 1,5%
  • Божји Пратеник

    Гласови: 82 21,0%
  • Нешто друго...

    Гласови: 105 26,9%

  • Вкупно гласачи
    391

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
тогаш не знам зашто си упорен кога негираш нешто за кое не даваш пример, но ок штом е лична работа. Инаку ниту христијанството ниту исламот мене не ми се замешале никогаш во животот на своја рака. Затоа и сметам дека е апсурдно тврдење дека црквата може да се меша и се меша во нечиј живот. Тоа било кај изминатите генерации.
Од твоја лична перспектива да, црквата не ти се замешала лично во твојот живот. Но се прашуваш ли некогаш каде би биле сега да не била религијата во последните 2000 години? Да не била декаденцијата во средниот век? Се прашуваш ли какво влијание има исламот со својата апсолутна и тоталитарна власт во исламските земји? Или можеби тие не се дел од човештвото?
И на крај краеви, кој ни гарантира дека религискиот фанатизам неможе да воскресне? Кој ти гарантира дека религијата нема да режира уште еден "среден век" на декаденција и уназадување?
споредбата е несоодветна...за ова треба да ја негираш државата и законите, генерално најмалку низ цела Европа и Америка. Да ги негираш системите како такви, дури и во држави каде религиите беа официјално ставени на маргините.
Законите на државите во европа и останатиот демократски свет не се тоталитарни и се со цел да му служат на народот! За разлика од религиозните закони и догми кој се неменливи и со цел луѓето да им служат на нив и да им се потчинуваат. Ако тука не ја гледаш разликата, џабе понатамошен разговор.
Во било која земја од европа, ако луѓето сметаат дека некој закон не треба да постои или треба да се измени, имаат право и начин да го сторат тоа! Што не е случај со религиозните догми, бидејќи тие не се создадени со цел да се менуваат и адаптираат! Нивната единствена цел е да ја наметнат покорноста над луѓето, и луѓето да бидат оние кој ќе им служат на догмата.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
... кои се прогласени консензуално, од група на чичковци во мантили, за научни факти. И толку. Пак се навраќаме на првичниот мој пост во кој тврдам дека тоа не е доволно. А атеистите не ни можат повеќе од тоа.
Али ај ќе се забављаме, па секој има право на свое мислење.
Ок, еве може ли тогаш ти да кажеш што е доволно? Бидејќи е очигледно дека христијаните меѓу себе никогаш нема да се согласат и да се договорат околу ништо.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.155
Поени од реакции
83.913
^ Ех извини, али стварно неам намера по милионити пат ова да го разглабам. Го има на неколку места на форумов.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ок, еве може ли тогаш ти да кажеш што е доволно? Бидејќи е очигледно дека христијаните меѓу себе никогаш нема да се согласат и да се договорат околу ништо.
Христијаните ќе горат во пеколот поради модификување на туѓ Бог за свои потреби, еврејскиот. И попатно адаптирање на пагански ситуации виа Сумер,Вавилон и останатите места на блискиот исток, отсекогаш омилено место за материјализација на некакви Богови. Тоа значи дека еврејте ќе одат во рајот, што би рекол Аткинсон.

Или сепак и тие ќе одат во адот поради неавторизирано преземање на религија на Акенатон и неговиот култ на сончевиот диск...!?

Јас не знам зошто учествуваат на вакви теми, кога во Писмото јасно си стои кој и што бил Исус. Можеби во потсвеста се тешки атеисти и нешто ги копка да рационализираат онаму каде простор за рационализација нема. А можеби тоа е само искушение на стариот,добар и лукав Луцифер во неговиот вечен поход кон душите земски...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.267
Од твоја лична перспектива да, црквата не ти се замешала лично во твојот живот. Но се прашуваш ли некогаш каде би биле сега да не била религијата во последните 2000 години? .
ова наликува на што ако наместо цицачи животните волуирале во сосем друга група или што ако не се формирале колхози, задруги, што ако не се случувале нешта кои се случиле...ние живееме овде и сега.
И на крај краеви, кој ни гарантира дека религискиот фанатизам неможе да воскресне? Кој ти гарантира дека религијата нема да режира уште еден "среден век" на декаденција и уназадување?
во тој случај треба да си ги отепам соседите од други националности, посебно оние кои го почитуваат исламот пошто е можно да се здружат со исламистите од арапскиот свет. Сето ова не е пример за лични повреди и лични проблеми, како единки.
Во било која земја од европа, ако луѓето сметаат дека некој закон не треба да постои или треба да се измени, имаат право и начин да го сторат тоа! Што не е случај со религиозните догми,
ти или било кој не ги следите религиските догми туку световните закони...бтв, ние ги преземаме европските закони, т.н. хармонизација. На пример плукањето е световен закон, убиството, грабежот, уништување на околината...сето тоа се световни закони. Ни црква ни џамија не ми се мешаат во животот ако јас не сакам
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
ова наликува на што ако наместо цицачи животните волуирале во сосем друга група или што ако не се формирале колхози, задруги, што ако не се случувале нешта кои се случиле...ние живееме овде и сега.
Ако живееме овде и сега, незначи дека треба да бидеме индиферентни за утре и тогаш.
во тој случај треба да си ги отепам соседите од други националности, посебно оние кои го почитуваат исламот пошто е можно да се здружат со исламистите од арапскиот свет. Сето ова не е пример за лични повреди и лични проблеми, како единки.
А тоа јас овде кого "отепав"? И каде сум рекол дека тоа е решението? Ова е форум и намената му е да се дискутира, коментира и критикува. И токму тоа и го правиме.
Дека исламот е нетолерантен, тоталитарен и непријателски настроен кон се што е различно од неговите норми и правила е факт. Кому не му се допаѓа тој факт е негов проблем. А исламот одсекогаш се стремел, се стреми и ќе се стреми да се наметне секаде каде ќе стигне.
ти или било кој не ги следите религиските догми туку световните закони...бтв, ние ги преземаме европските закони, т.н. хармонизација. На пример плукањето е световен закон, убиството, грабежот, уништување на околината...сето тоа се световни закони. Ни црква ни џамија не ми се мешаат во животот ако јас не сакам
Затоа што живееш во секуларно општество, каде државата е одвоена од религијата! Да живееше во општество каде владеат законите на религијата, друг муабет ќе правевме.
И не ми одговори, од каде знаеш дека мрачните денови кога владеела религијата неможе да се вратат?
Што ако некоја криза или катастрофа го погоди човештвото и религијата се врати на сцена и се наметне како апсолутна власт?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.267
А тоа јас овде кого "отепав"? И каде сум рекол дека тоа е решението? Ова е форум и намената му е да се дискутира, коментира и критикува. И токму тоа и го правиме.
Повторно буквално сфаќаш и се лутиш...што не е добро за позитивна дискусија. Еднашка наидов на таков муабет, иако погрешно ме сфати, се извинив. Доколку повторно оди во тој правец, подобро да прекинеме муабет пошто не ми е до таков вид расправии...во тој случај ќе останеме на твоите обвинувања без реална основа против православните христијани (негде 65% или околу 1.300.000 жители во Македонија).
Ако не, дали може да се вратиме на дискусијата...Не даде нигде причина како црквата ти се меша во животот, повремено ги допираш мрачните времиња (со кои немаме апсолутно ништо) од пред петстотини или илјада години...нешто кое нема врска со денешницата. А можеби и има, наместо ФБ преку тастатура, ќе сме давале команди мисловно...што и не ми мења нешто во животот.
Ако има, запрашај се од кој се во минатото сме виделе лошо...дали ќе си против оние кои чинеле зло на македонско тло? Тоа е цирка третина Европа.
Дали ако си свртен кон минатото, ќе се сетиш на Крчовски и неговото дело Слово исказаное заради умирание (прва книга на македонски народен јазик)? Или на Јордан Х. Џинот и манастирските училишта, Кирил Пејчиновиќ и Марковиот манастир, Теодосиј Синаитски наречен според Синаитскиот манстир, творењето на Прличев во Св. Јован Бигорски, делата на светите браќа Климент и Наум, првиот универзитет, првата печатница сместена во Св. Богородица, ...
Дека исламот е нетолерантен, тоталитарен и непријателски настроен кон се што е различно од неговите норми и правила е факт. Кому не му се допаѓа тој факт е негов проблем. А исламот одсекогаш се стремел, се стреми и ќе се стреми да се наметне секаде каде ќе стигне.
не е воопшто факт. Факт е дека е сосем толерантен. Опкружен сум со половина муслимани, половина христијани.
Затоа што живееш во секуларно општество, каде државата е одвоена од религијата! Да живееше во општество каде владеат законите на религијата, друг муабет ќе правевме.
не сфаќам...дали треба да се преселам во земја каде постои државна религија или да се вратам назад во времето...не знам на што мислиш со оваа реченица.
Што ако некоја криза или катастрофа го погоди човештвото и религијата се врати на сцена и се наметне како апсолутна власт?
одговорот го напишав погоре. Нема сврха да се разговара за претпоставена иднина без никаков основ.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Повторно буквално сфаќаш и се лутиш...што не е добро за позитивна дискусија. Еднашка наидов на таков муабет, иако погрешно ме сфати, се извинив. Доколку повторно оди во тој правец, подобро да прекинеме муабет пошто не ми е до таков вид расправии...во тој случај ќе останеме на твоите обвинувања без реална основа против православните христијани (негде 65% или околу 1.300.000 жители во Македонија).
Ако не, дали може да се вратиме на дискусијата...Не даде нигде причина како црквата ти се меша во животот, повремено ги допираш мрачните времиња (со кои немаме апсолутно ништо) од пред петстотини или илјада години...нешто кое нема врска со денешницата.
Не е никакво лутење, едноставно имаме дијаметрално спротивни ставови, и ти тоа најверојатно го сметаш како лутење. Што се однесува до минатиот пат, многу добро знаеш зошто реагирав како што реагирав. Кога некој ги извртува работите и ги претставува какви што не се, нема друг начин на реагирање за мене.
И за причина ти наведов многу јасно која е, лични примери и причини можам да ти дадам само доколку лично се видиме и разговараме во 4 очи. Ако толку те интересира, зборувај со Watchlist и може да ти каже место и време каде ќе бидам утре.
Дали ако си свртен кон минатото, ќе се сетиш на Крчовски и неговото дело Слово исказаное заради умирание (прва книга на македонски народен јазик)? Или на Јордан Х. Џинот и манастирските училишта, Кирил Пејчиновиќ и Марковиот манастир, Теодосиј Синаитски наречен според Синаитскиот манстир, творењето на Прличев во Св. Јован Бигорски, делата на светите браќа Климент и Наум, првиот универзитет, првата печатница сместена во Св. Богородица, ...
Примерите кој си ги навел се поврзани со манастири и религија, поради фактот што единствени "учени" луѓе во тоа време биле свештените лица, додека остатокот од популацијата била во интелектуален мрак.
не е воопшто факт. Факт е дека е сосем толерантен. Опкружен сум со половина муслимани, половина христијани.
Ти мешаш луѓе кој ти се комшии, со институционализирана религија како исламот! Исламот за луѓето што имаат поинаков морал од исламскиот вели казна - Смрт!
Прашај ги твоите толерантни комшии, што вели исламот за девојка муслиманка која сака да се омажи за немуслиман! Прашај ги дали ќе толерираат такво нешто! Прашај ги твоите толерантни комшии, како ќе го толерираат синот или ќерката ако одкријат дека е хомосексуалец/хомосексуалка?
не сфаќам...дали треба да се преселам во земја каде постои државна религија или да се вратам назад во времето...не знам на што мислиш со оваа реченица.
Очигледно дека треба.
одговорот го напишав погоре. Нема сврха да се разговара за претпоставена иднина без никаков основ.
Нема доколку го живееш животот од денес за утре, за мене итекако има основ и сврха.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Добро, вие сте се закачиле за тоа дали е 4000 или 3000 години (или 5000). ОК, смешно е како се обидувате да се одтргнете од главниот муабет, во кој некој рече дека нешто што траело 4000 (или 3, whateva), ќе го снема во наредниот пола век.
Да разјасниме -- ме интересираше на што се базира твојата проценка. Ништо повеќе. Јас сигурно не ја застапувам тезата дека ќе го снема христијанството -- напротив, верувам дека ќе го има се` до последните денови на цивилизацијата.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Најискрено се прашувам каде ќе биде сликата за Исус по некои 2-30 години со ова интернетов. Не се заебавам. Озбилно немам појма.

Денес исус го има во варијанти (главно у САД, кај на Чорба газдите) како шмекер, како рамбо, ко латино заводник со намрсена кадрава коса, има стрипчиња, има и клипови, раптор Исус... и мојот омилен зомби-џизс го има, исто така.

За дваес-триес години, со ваков креативен потенцијал на нашава младина... :) :) :) тоа ќе биде тотална калакурница од иладници и илјадници Исуси. Нешто као СуперЏизсМаркет или PickYourFavorite Jesus...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.267
Примерите кој си ги навел се поврзани со манастири и религија, поради фактот што единствени "учени" луѓе во тоа време биле свештените лица, додека остатокот од популацијата била во интелектуален мрак.
.
битно помогнала, битно учествувала и во збегови, востанија, ширење на просветителството...но точно, тоа биле други времиња, како и во случај со мракот за кој патем немам допирни точки ниту јас ниту црквата на која припаѓам.
Ти мешаш луѓе кој ти се комшии, со институционализирана религија како исламот! Исламот за луѓето што имаат поинаков морал од исламскиот вели казна - Смрт!
Прашај ги твоите толерантни комшии, што вели исламот за девојка муслиманка која сака да се омажи за немуслиман! Прашај ги дали ќе толерираат такво нешто! Прашај ги твоите толерантни комшии, како ќе го толерираат синот или ќерката ако одкријат дека е хомосексуалец/хомосексуалка?
Сепак не живееме у Авганистан. По месец-два сум седел во муслимански села во шарско и дебарско па фала богу влакно не ми фалело. Нормално не ги прашувам дали ќерката им е лезбејка...тоа се лични прашања (ниту атеист ниту било кого би прашал такви нешта, тоа е невкусно и нереално), но ти кажа дека религијата се меша не во личните туку сите сфери ...го генерализираше влијанието, тоа тврдење ме замисли да прашам во кои сфери и каде.
Религијата се наметнува во сите свери од живеењето. . Го обликува моралот, етиката и ја нуди лажната надеж како решение.
и ако има, овде виновници повеќе ги гледам законодавниот и извршниот дом...дозволуваат мешање на друга институција
И за причина ти наведов многу јасно која е, лични примери и причини можам да ти дадам само доколку лично се видиме и разговараме во 4 очи. Ако толку те интересира, зборувај со Watchlist и може да ти каже место и време каде ќе бидам утре.
не го мешам вочлист во ова...Треба цел ден да закажувам средби со форумџии...што и не е ниту практично ниту можно...а не ми е јасна ниту целта на ваков тек на разговор...не барам одговор, само констатирам состојба.
Нема доколку го живееш животот од денес за утре, за мене итекако има основ и сврха.
предноста на секуларните држави е да одбереш дал ќе имаш допирни точки со религијата или не...затоа не ми се јасни вакви претпоставки за иднината кои се се помалку можни, дури и реално невозможни. Дали има основа да претпоставиме и дека османлиите ќе се вратат на балканот.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
битно помогнала, битно учествувала и во збегови, востанија, ширење на просветителството...но точно, тоа биле други времиња, како и во случај со мракот за кој патем немам допирни точки ниту јас ниту црквата на која припаѓам.
Ај објасни ми на кој начин христијанството помогнало во востанијата, кога неговата порака е да го сакаш непријателот, да бидеш пасивен и да не враќаш на насилство со насилство?
Сепак не живееме у Авганистан. По месец-два сум седел во муслимански села во шарско и дебарско па фала богу влакно не ми фалело. Нормално не ги прашувам дали ќерката им е лезбејка...тоа се лични прашања (ниту атеист ниту било кого би прашал такви нешта, тоа е невкусно и нереално), но ти кажа дека религијата се меша не во личните туку сите сфери ...го генерализираше влијанието, тоа тврдење ме замисли да прашам во кои сфери и каде.
Ти можеш и по две години да седиш и пак ништо да невидиш. Исламот има јасни правила. Ако некој има поинаков морал од исламскиот, на пример е хомосексуалец, треба да се убие! Ако некој што се родил како муслиман реши да ја смени верата, треба да биде убиен! Ако девојка се заљуби во немуслиман, и реши дасе омажи за него треба да се убие.
и ако има, овде виновници повеќе ги гледам законодавниот и извршниот дом...дозволуваат мешање на друга институција
Законодавниот и извршниот дом не се тоталитарни, ако има закон кој народот го смета за неефикасен или штетен, може слободно да го промени тој закон. Што не е случај со религиозните закони.
предноста на секуларните држави е да одбереш дал ќе имаш допирни точки со религијата или не...затоа не ми се јасни вакви претпоставки за иднината кои се се помалку можни, дури и реално невозможни. Дали има основа да претпоставиме и дека османлиите ќе се вратат на балканот.
Можеби не османлиите, но некоја друга исламска нација е сосема можно дасе реши на такво нешто. Историјата има гадна навика да се повторува.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Најискрено се прашувам каде ќе биде сликата за Исус по некои 2-30 години со ова интернетов. Не се заебавам.
После 20,30, 50 или 250 г., сликата Христова ќе биде во Неговата Црква, како и до сега, а верните ќе бидат мисловно и молитвено насочени кон Него.
--- надополнето: Sep 20, 2011 11:25 AM ---
Озбилно немам појма.
Ти верувам...:). Ама не му се секирај ич, погоре го напишав одговорот.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.155
Поени од реакции
83.913
Најискрено се прашувам каде ќе биде сликата за Исус по некои 2-30 години со ова интернетов. Не се заебавам. Озбилно немам појма.

Денес исус го има во варијанти (главно у САД, кај на Чорба газдите) како шмекер, како рамбо, ко латино заводник со намрсена кадрава коса, има стрипчиња, има и клипови, раптор Исус... и мојот омилен зомби-џизс го има, исто така.

За дваес-триес години, со ваков креативен потенцијал на нашава младина... :) :) :) тоа ќе биде тотална калакурница од иладници и илјадници Исуси. Нешто као СуперЏизсМаркет или PickYourFavorite Jesus...
Што је баби мило то јој се снило.

Све тоа е слика за Исус исто колку што и написите на Биљана Секуловска се одраз на реалноста и вистината.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom