Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.064
Поени од реакции
74.715
Ајде да направам сума -сумарум еден (се мислев дали сда отворам посебна тема, али ај да не ми ја делитнат...).
Позитивни работи: Најголем успех во екипниот македонски спорт. Колку што ме држи моево памтење а и колку што ми е знаењето од македонскиот спорт, во младински категории два пати имаме освоено четврто место.
Еднаш тоа го направија мласдите кошаркари (генерацијата на Илиевски мислам, за потоа на следното првенство он да биде главен вионовник што не ја пом,инавме ни групата иако првенството се одржуваше кај нас). Следниот пат тоа го направија младите ракометари (генерацијата на Ристовски, Миркуловски итн). Во полуфиналето имавме пенал за победа. Мечот беше истечен, ние утнавме (мислам дека Кузмановски промаши) и изгубивме по продолженија а после го загубивме и мечот за четврто место...
Во сениорска конкуренција уибедливо најголем успех. Незнам за вас, али јас очекував сигурно четврт-финале знаејќи со каков солиден состав располагаме, меѓутоа тука ги сметав и Кире Николовски и Тодор Гечевски...
Откако останавме без нив, верував дека ќе ја поминеме групата, ама не очекував дека ќе стигнеме подалеку...
Одличен успех. Особено ќе го потенцирам четврт-финалниот меч и каква радост ни донесе истиот. Почнувајќи од самиот себе, кога трчав по улици се дерев како ненормален...
Сликите говорат се. Македонскиот народ никогаш не бил пообединет. Толку луѓе по улиците немало никогаш. Иста слика од сите градови. Насмеани фаци, радосни лица, песни до рани утрински часови, пиротехника до немајкаде, и се тоа во нашиот месец, месецот кога славиме 20 години независност...
Алелуја дочекав по топици, статуси и слично да се збори за Македонија. Конечно нашава младина престана да дрка на Ноле Моле, кур ми е двор ми е, туку МАКЕДОНСКОТО беше во преден план.
Океј, се накотија и многу напалени дечишта, кои неможе да поднесат критика.
Мода е да имаш трогателен статус бла бла, херои ова она, и се тоа океј, ама АКО ПРОДОЛЖИТЕ ДА СЛЕДИТЕ СПОРТ, А НЕ СИТЕ ГЛЕДААТ САМО КОГА ТЕПАМЕ.
Нараснаа и апетитите. Самите кошаркари почнаа да ветуваат дека ќе освоиме медал. Загубивме машки од Шпанија. Слободно ќе кажам дека можеби и најдобриот мечќ што го изигравме заедно со оној со Грција и Словенија...
Но јебига, они го имаа Наваро. Играше како на онаа играна стрит баскет или како и да ја викаа, кога послен одреден ериод имаш шут кој го погодуваш од кај сакаш:pos:
Само што овој погодуваше од каде сака...:D
Дојде и мечот за трето место... Катастрофално прво полувреме, одлично второ, но неискуството си го направи своето.
Научивме многу од првенствово. Нашите млади играчи добија непроценливо искуство, и дел од нив треба да ја водат реперзентацијата во иднина...
Сега е моментот кога сите зборуваат за кошарка. Се надевам овој успех ќе ги врати и гледачите во салите. Се надевам дека покрај МЗТ и уште некоја екипа ќе добие покана за Јадранската лига. Е тогаш може сите да доаѓаат во нашите клубови, и да имаат многу добри мечеви во текот на целата сезона.
Се надевам дека ова ќе ги натера бизнисмените повеќе да фрлаат во спортот, но не во носење на Американчиња во екипите, туку за напредок на младите играчи:)
Негативно: Негативно нема, освен можеби тоа што не земавме медал во моментот кога бевме во добитна комбинација...
Негативно е што кога губиме јавноста не критикува. Океј, успех е и се тоа, ама кога си изгубил по своја вина, критиката не те шрави предавник. Од грешки се учи, ако никој не укаже на грешките ништо не правиме...

Бо Мекелеб: МВП, МВП, МВП...:D
Секоја чест за Бо. Повеќе од 30% од кошевите на нашата репрезентација ги има постигнато Бо... Главен човек во нашиот напад. Повлекуваше кога беше најпотребно. Немам зборови... Секоја чест мајсторте:cuc:
Перо Антиќ: Маста му ја извадија :D
Браво и за перо. Клучен човек во нашата одбрана на скоро сите мечеви. Одличен и во напасдот. Осдвреме на време претеруваше со шутевите од далечина во неизградени напади ама сепак секоја чест...
Илиевски: Може бевме разочарани од него, ама неговото присуство беше од непреоценливо значење. Погоди тројки во клучни моменти, единствениот кој што асистираше и слично. Браво и за Владо :D
Самарџиски: Има уште многу да учи момаков. Се поправи во последните дуели, и се надевам дека во иднина ќе биде клучен играч под кошевите. Највисок е кај нас, мора он да игра помашки...
Војдан Стојановски: Стојановски е играчќот кој највеќе ме изненади во позитивна смисла,. Крадеше топки како ненормален, шут беспрекорен, одбрана одличен...
Секоја чест:cuc:
Тодор гечевски: Гече е најдобриот наш играч!!!
Срцето и душата на тимот. Ни скршениот нос, ни повредените нозе не го спречија да ја зидсигне напшата репрезентација во решавачките моменти по поразот од Црна Гора...
Како само се повреди у пизду материну... Што баксузи ќе бевме...
Чековски: Искрено незнам кој го повика во репрезентација, ама сепак се покажа солидно... Слаб си бил секогхаш Чековски, ама експлодираше со Грците :D Се изнаправи бунари на европсково, али во ситуација кога немаме некои високи играчи и кога Николовски се повреди тоа е тоа...
За резервиве што да пишам. За Дамјан каѓав погоре тоа што сакав да го кажам иако на повеќето не им се допадна. ИСтотака очекувам да излезе посилен од ова и во иднина да го пресдводи нашиот тим заедно со неговиот брат. И секако да го оправсда епитетот мека рака :D Соколов ме разочара... Дрво, дрвосано... Немаше муда да шутне во ниеден момент...
Мираковски беѓше играчот кој требаше да добие поголема шанса. Голема грешка на марин што денес не му дасде да одигра бар една четвртина...

Докузовски: Отсекогхаш сум го сметал за просечен тренер. Т.е. за најдсобар тренер во Македонско, ама тренер кој прави многу грешки. Ме демантираше и мило ми е :D
Го извади максимумот од нашиот тим во одбраната. Игравме најдобра одбрана... Најде лек за скоро сите екипи, и ниту една не не совлада убедливо...
Браво мајсторе!!!!
Ама некои нешта неможам да ти ги простам. На неколку меча најдобрите поединци на противниците ни играа сдолго време со 4 лични. Основно правило е после нападите да ти одат директно накај нив, за да ги натераш да направат исклучувачка лична. Тоа не го направивме НИТУ ЕДНАШ...
Денес ја имавме добитната комбинација. Враќање од мртвите, три поени предност, 4 лични за кириленко и Мозгов, и реално мечот го изгуиби токму Докузовски. Јебига, од грешките се учи :D
И среќата не беше денес со нас.
Истотака неможам да го разберам земањето на Димчевски и Симоновски. Пишав и погоре, парадокс е да не го земеш Блажевски кој е МВП на првенството, кој постигнуваше по 30 коша, има искуство колку сите резерви заедно, а да земеш играч кој е резерва во работнички...
Кога веќе знаеше дека Гечевски е повреден, дека Самарџиски игра променливо, дека чековски е далеку од посакувана форма, МОРАШЕ да земе некој друг играч од типот на Гоцевски па дури и Аврамовски...
Е така ги загубивме последниве мечеви, пошто не убија со лични над високите играчи и после ни правеа 312973897189379123 офанзивни скокови.

Никогаш не сме биле толку блиску до медал, а и мислам дека нема да бидеме во сдогледно време... Само за тоа ми е криво, што не се вративме со медал, само заради НЕИСКУСТВОТО!:place::place::place:

Очекувања за иднина: Реално ова беше можеби и последно натпреварување кај што можевме да очекуваме нешто од оваа генерација (Гече, Илиевски, Чековски па и Антиќ). Максимум уште за следното европскио би биле во добра форма... Нема многу играчи кој што би ги замениле. Скоро секоја година кај нас се одржуваат првенства Европски за помлади играчи но од Б дивизијата. И во една таква конкуренција завршува претпоследни:oops: Нема многу играчи кои имаат некој јак талент...
Костурот треба да биде, Војдан, Дамјан, Кире, Самарџиски но немаме некојси плејмејкер :D Јане петровски беше талент ама...
Ако не го задржиме Бо отидовме курбан....:D
Затоа мора да се вложува уште одма, за веќе на следното Европско да го повториме за зошто да не и да го подобриме овој успех!!!

За крај, БРАВО ХЕРОИ ЗАСЛУЖУВАТЕ ОДЛИЧЕН ПРЕЧЕК!!!!
МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА!!!!

П.С. колкав пост сум напишал, тешко дека некој ќе го прочита :D
 

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
Ајде не се разочарувајте, голема работа е да се биде помеѓу првите четири. Утре сите на плоштад да им се оддаде почит за се што направија овие 2 недели. Грешки се случуваат и тие се составен дел од спортот, сетете се на литванците како ја загубија топката од нас последните 10 секунди. Сите се херои :)
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676

Иако клипов не е МАКЕДОНСКИ сепак со него сакам да искажам некои работи :)))

Момците изиграа,изгинаа повеке од шо мислаше секој МАКЕДОНЕЦ. Дојдее до ПРВИТЕ ЧЕТИРИ репрезентации во ЕВРОПА, ни донесее ного РАДОСТИ,СОЛЗИ РАДОСНИЦИ и ПРОСЛАВИ. Се бораа за секоо топка под кошевите,на секоо утакмица со ЛАВОВСКО СРЦЕ,со ПОСЛЕДНИТЕ СИЛИ,СИТЕ ЗАЕДНО КАКО ЕДНО!! ГОЛЕМО БРАВО ЗА НИХ УТРЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕЧЕКАТ КАКО ШАМПИОНИ! ! ! За нас СЕ и ЌЕ бидат ШАМПИОНИ! :)
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Немам многу што да кажам освен едно огромно БРАВО !

Машка игра до крај и судии педери !
 

MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
Ајде откога се смирив (не се изнервирав само срцево ми лупаше 200 у минута и кога поентираа Русиве за малце ќе добиев напад на 15 години :D) и јас накратко нешто да сумирам.

Зошто изгубивме:

1.Замор - видно беше, само требаше да ги погледнете Антиќ и Дамјан/Војдан, а и МекКејлеб почна да се нервира. (и покрај тоа денеска пак имаше одличен перформанс)
2.Кратка клупа - ова ни е drawback цело првенство, Русиве ко луди мењаваа играчи.
3.Отсутвото на Гечевски - да, пак ќе изгубевме со Шпанија и да играше Тодор, али мислам дека ќе ја добиевме бронзата ако он играше денеска.
4.Притисок за медал - ок ова можда е мала причина, но сепак, мислам дека малце нашите подпаднаа под притисокот, едноставно не зафати еуфорија и сите зборевме за тоа како ќе ја освоиме бронзата. И сега откако изгубивме, се повеќе се плашам дека репрезентативциве се сметаат себеси за криви и дека не разочарале, посебно Дамјан.
едит - 5. Офанзивни скокови - речиси ги заборавив, Русите дефинитивно беа супериорни на ова поле.

Како и да е, да им оддадеме почит утре, кој може нека дојде на аеродром кој не обавезно по улици/на плоштад, најмногу за тоа да им покажеме колку ни значат овој успех и самите тие, и покрај тоа што не земаа бронза, ќе го крунисаа успехот но тоа е сосем небитно, и треба да е небитно.
И ве молам не ги потценувајте со коментари од типот на "Ова еднаш у 20-30 години се случува" итн. значи репрезентацијата има голем потенцијал, а да не споменувам дека браќава и уште доста играчи имаат доста голем потенцијал да прераснат во вистински ѕвезди, само треба малце Дамјан да поработи на самодовербата и толку. Денеска заморот, кратката клупа и неискуството дефинитивно си го направија своето.
Пред нас се квалификации за ЛОИ, и ЕП 2013, кадешто сме директно пласирани, верувам дека момците пак ќе не направат горди и ќе го извадат максимумот.
Едноставно, на ова првенство, што би кажале Америте, we made a difference.
И нормално ослободувам место во потпис за историската изјава на Владо Илиевски и репрезентацијата :)
 
Член од
20 јули 2011
Мислења
576
Поени од реакции
203
Не ми се верува какви тролишта сте вие.4то место да не вие доволно, да не ви е доволно ова што го направија овие борци. Секогаш морате вината да ја префрлувате на индивидуалци. Абе со 12 дечки стигнавме до тука а вие УШТЕ И УШТЕ тролате. Па имате ли вие памет, барем малце де во таа ваша пушплива глава? Чековски дрво,овој дрво, абе тролови вие дали ќе издржите 30мин на терен? Овде во Мадрид, каде моментално го јористам септември за одмор, па дали вие имате поим како навиваат шпанциве за нас? и како комплименти ни даваа кога игравме против Шпанија. Ја освоиме Европа, поради нашата борбеност до крај, а вие од згора на се ТРОЛАТЕ.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Алоооооооо види Лестер колку поени има и како игра за разлика од дрвово невидено што само усерува и промашува.Гомнарррррр невиден ,се да му ебам:mad::mad:
Значи колку и да сакам да не се лутам за шутот на Дамјан неможам. Млад, неискусен, трема незнам што уште. Се случува на сите, се случува на секој но луѓе сам под кош нема човек до него, сите се на два метри оддалечени, од десна страна .... Па што повеке требаше. Искрено овој натпревар го одигравме само со Мекејлеб и Илиевски другите беа изгубени во време и во простор. Антич ја погоди тројката која не доближи, која ни даде крилја. Но тоа беше се. Војдан погоди една тројка и тоа беше и од него. Самарџиски ке беше од голема корист доколку не ги направи оние дебилски фаули... Чековски денес незнам... Арно и што погоди обрач при еден шут....
Им благодариме за резултатите, им благодариме за сите радости, но ова денеска беше рамно на катастрофа... Но сепак не беше Дамјан единствен виновник... Па центрите ни ги немаше никаде. Имаше ситуации каде Русија имаше по четири офанзивни скока. Играат повторно четвртина и пол со 4 лични грешки на клучните играчи Мозгов и Кириленко...
То је то што би рекол Катанец но сепак барем сме четврти во Европа, први на балканот.... Им благодариме на нашите за се што направија....
Значи колку и да сум изнервиран не сум незадоволен... Ова е фантастичен резултат, можеше да биде и подобро... Главите горе одиме на олимписки игри....
чупо, не мислам само јас, тој треба да мисли што промаши, т.е ако го боли К
си навивам за македонија, за мене е доволно што дојдовме во полуфинале, ама разберете КАКВА ШАНСА СЕ ПРОКОЦКА
Под наводници професионален играч да го промаши тоа...:tapp:
ИЗЛЕЗИ ДАМЈАН ПРАВО НА ТЕРАСА И...СКОКНИ И АМАН
Вие таму да бевте топка нема да можевте да тапкате. Не ми е јасно како можете да плукате по кошаркарите, не направија ли доста? Не ја претставија земјата во најдобро светло? Никогаш не сум видел некој вака да го сплоти народод македонски како што го направија кошаркарите. Со 7 играчи на гигантот и европски шампион шпанија со бог знае колку NBA играчи му дадовме 80 коша ееј! Дали сте свесни што е тоа?
Неблагодарни сте, без трошка осет и разбирање во кошарката.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Сакам да може да им каже некој дека сите ние сме со нив и да не тагуваат :( Бронзениот медал го сакав највеќе за нив, како награда, нас срцето ни беше полно и вака и онака.

Главата горе Војдан, направи многу работи на шампионатов. Горда сум на нив, ќе кидам утре од факултет само за да ги пречекам, па ако сака и 100 степени нека е!
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Ајде да навиваме сега Паркер да не го мине, да имаме најдобар стрелец...заслужи каков таков медал Бо! Дали ќе биде искажан или врачен... битно е да го освои... напред кој и да е само Паркер не давај повеќе од Бо!
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
Доволно е херојството нивно и довербата наша... Тоа е она ЗЛАТО што вреди !!! ♥ ♥ ♥ ♥

Свака ви част МОМЦИ!!! :pipi: :love:
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.212
Поени од реакции
996
Вие таму да бевте топка нема да можевте да тапкате. Не ми е јасно како можете да плукате по кошаркарите, не направија ли доста? Не ја претставија земјата во најдобро светло? Никогаш не сум видел некој вака да го сплоти народод македонски како што го направија кошаркарите. Со 7 играчи на гигантот и европски шампион шпанија со бог знае колку NBA играчи му дадовме 80 коша ееј! Дали сте свесни што е тоа?
Неблагодарни сте, без трошка осет и разбирање во кошарката.
Кој плука бе кај гледаш да плукам прочити подобро
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Медалите ја впишуваат историјата,а не добра игра да не се лажеме;).Нас сега сите ќе не фалат,а утре ќе заборават додека во сите книги ќе стои дека Русија освоила бронза.Резулатот се гледа,а не играта за жал..

Мене воопшто не можат да дојдат и да ми солат памет “патриоти“ коишто до вчера незнаеја дека имаме кошаркарска репрезентација,а сега главни се тука на форумот.Во никој случај неможе да им се замери на Бо,Војдан,Тодор,Перо,Владо,но што направи Дајман Стојановски на ова Европско освен што се утепаа од серење за неговата “мека рака“?Што изигра Соколов дегенов?Чековски три бунари имаше за тројка.Алоооо тоа ни аматери не го прават.Јас од 5 години висам на Запад со Комити на македонска репрезентација,сум јадел 300 пати пендрак за Македонија,Комити кај и да биле ја бранеле гордоста на Македонија,а неможе да дојде некој којшто вчера почнал да навива за Македонија да ми сере тука за “патриотизам“ затоа што сум го критикувал Дамјан,Ѓорѓи и Соколов.Алоооооо да промашиш чиста ситуација под кошшш.Алоооооо:mad::mad:Аматеррррр невиден.Гомнаррррр.Зашто влегува кога е свесен дека ќе усере?
 

MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
Уште едно нешто....

И Бог е тажен , невремево е приказ на солзите негови поради поразот по втор пат од Судиите ( за време на меч против Руската репрезентација)
Дефинитивно има нешто во ова, секогаш кога ќе сум имал лош ден, ќе фатело невреме, али ова денеска е страшно... вакво невреме не памтам...:cuc:
 
Член од
29 мај 2009
Мислења
748
Поени од реакции
47
Bravo za momcive, sekoja cest, kakvo prvenstvo izigraa, neverojatno, Vlatce i Antic so po 30 godini igraa po prosek 37 i 34 min, u nba mislam deka ne mozat tolku da izdrzat, zdravjeto go dadoa za reprezentacija, Lester isto 34 min po natprevar, ZVER ni vo eden moment ne se stedese, pazete tipov e eden od najdobrite igraci u evropa, zema jaka plata, na nikogo nisto ne morase da dokazuva, ama izigra so celo srce za makedonija. I se zabeleza denas kolku se umoreni i pak igraa jako do kraj. Vojdan i Damjan se idninata na Mak kosarka, deckive samo da napravat trasfer vo bolje timovi ima da rasturaat za nekoja godina, ne e deka i sea ne rasturaat :). Samardziski se razigra kon krajot na prvenstvovo, pokazuva deka moze da se smeta na nego, ostanato ne za u reprezenatacija, mada jebiga toa e najdobroto sto moze mkd da ponudi, osven Nikolovski, za koj stvarno mi e krivo sto go propusti prvenstvovo i toj sigurno ke se prodadese. Uste ednas bravo za deckive, neka ucat drugive sportisti od makedonija kako se igra i kako se osvojuvaat simpatiite na makedoncite, a bogami i na svetot. sekoja cest. Mozebi se 4 mesto na prvenstvovo ama za mene se no.1
 

Kajgana Shop

На врв Bottom