Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272
Леле каква ќе беше прославата на ова време надвор да тепавме?! Што ли ќе беше погласно извиците на среќа или грмотевиците? Сите македонци со мокри но пресреќни лица пеат песни сплотени во едно. Тоа ќе беше нешто што ќе го одбележеше веков, верувам. Сепак ,сепак ми е малце криво.
 
cetvrti-vo-evropa-junaci-300x199.jpg

Ви благодарам што ја сторивте Македонија 4та европска велесила, ви благодарам што докажавте (со тапија:) ) дека Mакедонците имаат најголемо срце на Балканот, ви благодарам што ни покажавте колку било убаво да се биде Mакедонец. Ќе дојдам утре да ве пречекам и да го дотрошам навивачкиот глас, а на вас ви посакувам олимпијада, од се' срце!
 
Пораз еднаков на победа !

Четврто место исто како ПРВО ! ! !

Не плукајте по Дамјан.Уште е дете, тремата си го направи своето. Штета што се израдува пред да постигни кош ама што е тука е. И вервајте, него му е најтешко сега !
 
СЛЕДЕТЕ ГО ФИНАЛЕТО, ВТОРА ЧЕТВРТИНА 10 ПОЕНИ РАЗЛИКА ГУБИ ФРАНЦИЈА ОД ШПАНИЈА, НИЕ 10 ПОЕНИ ГУБЕВМЕ НА 40 СЕКУНДИ ОД КРАЈОТ НА ПОСЛЕДНАТА ЧЕТВРТИНА ПРОТИВ ШПАНИЈА, ЗАПАМТИ ГО ОВА МАКЕДОНИЈО ! НИЕ ЗА ФРАНЦИЈА ? - БОГОВИ !
 
Сакам да прашам дали Бо МекКејлеб има право за настап за друга репрезентација или не?Тие поупатените нека ми одговорат.
 
Само нека ги згазат французиве. Уште мнооооооооооооооооооогу повеќе ќе не величаат странските медиуми деновите шо следуваат. И уфф, Паркер да падне втор стрелец и по просек на поени и БО може дае МВП. ИНАКУ бо перо и влатче се номинирани за у најдобра петорка. Уште не е готово, УШТЕ ќе има радости.
 
Сакам да прашам дали Бо МекКејлеб има право за настап за друга репрезентација или не?Тие поупатените нека ми одговорат.
мислам дека треба 2 сезони да не игра за репрезентација за да можи да игра за друга..
 
Сакам да прашам дали Бо МекКејлеб има право за настап за друга репрезентација или не?Тие поупатените нека ми одговорат.

Нема кога игра за една, има право за настап само за таа... Слично како во фудбалот
 
мислам дека треба 2 сезони да не игра за репрезентација за да можи да игра за друга..

Не знам како е во кошарката, меѓутоа во фудбал е ако еден официјален натпревар одиграш за некоја репрезентација, никогаш повеќе нема да смееш да играш за друга репрезентација. Не гледам зошто би било поинаку во кошарката...
 
Не знам како е во кошарката, меѓутоа во фудбал е ако еден официјален натпревар одиграш за некоја репрезентација, никогаш повеќе нема да смееш да играш за друга репрезентација. Не гледам зошто би било поинаку во кошарката...
Некаде читав дека треба да направи 2 сезони пауза и ќе можи да настапува за друга репрезентација..затоа вика дека можеби е така, пошо имаше еден спор меѓу Илиевски и КФМ каде тој имаше понуда да игра за Словенија и беше спомнувано тоа дека треба да паузира 2 сезони и ќе има право на настап за нив.
 
Гледав на Германска Телевизија. Дури и на коментаторот му стана криво затоа што изгубивме. И на крајта кажа можеби изгуби Македонија но тие се дефинитивно „ЕВРОПСКИ ПРВАЦИ НА СРЦАТА„. Ми беше многу криво за поразот но мислам дека ова што го направивме особено без Гечевски е еднаково на шампионска титула.
А сеуште сум убеден дека имавме потенцијал и да дојдеме до злато, но таков е спортот што е тука е репрезентативците ги заслужуват сите почести.
 
Многу топки под кош ни фанаа Русите исто како и со Шпанија (20+ минимум) затоа и ги изгубивме овие две утакмици ..

Да беше Гечевски под кошот ќе беше друга приказна (y)
 
Фактот што сите репрезентации играа со најсилен состав, за разлика од прошлото ЕП каде што не беше така, уште повеќе е повреден нашиот пласман. Ова е одлично, до сеа на никое ЕП/СП сме немале претставник во последниот ден од првенството и сме немале за кого да навиваме, мие само сме биле надгледувачи, беше вистинска чест годинава да се гледа завршницата на едно ЕП со срце, со душа, да имаме наш претставник, да имаме за кого да навиваме ! Се надевам дека со ова ќе се подобри спортот у Македонија, а у кошарката мислам дека имаме добра иднина . Самарџиски, браќата, Николовски, овие се (ќе) прераснати во одлични играчи и тие би требале да го понесат товарот понатаму. Еве се појавуваат и нови играчи како Димчевски итн... Исто Антиќ може слободно да игра уште 5-6 добри години. Бошко би требало да остане, Илиевски уште 3-4 години. Има надеж дека следниве години ќе се освои нешто, само да продолжиме така... :)
 
291761_115033295266477_112607952175678_60108_270557205_n.jpg

Изгубивме ама не се посрамотивме. Бевме достојни синови на големиот Александар Македонски. Од сега светот ќе мора да рачуна и на нас. Денес во кошарката, утре во нешто друго. Докажавме дека тука сме и постоиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom