Зошто атеистите се толку опседнати со Бог и религијата?

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ааааааа, а до пред гравитацијата да стане „теорија„, луѓето умираа во незнање, незнаејќи дека гравитацијата постои...:pos:

Можеби, лебдеа низ воздухот, кутрите...
 
W

wernstrom

Гостин
Немањето одговор, во случајов, незнаењето да дадеш одговор, не мораш да го возвратиш со напад кон неистомисленикот, кој Ти поставил прашање а Ти не можеш да го одговориш, не?

Но, како и секогаш, нападот е најдобра одбрана...
Еве јас ќе ти одговорам. Смртта е крај на индивидуата, не на еволуцијата. Ако таа индивидуа во текот на својот живот успее да се размножи, еволуцијата на индивидуата како и на индивидуите од кои таа настанала ќе продолжи.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јас прецизирав РАЗУМЕН ОДГОВОР!!!
За христијаните, а ми се чини дека чак и Ти се изјаснуваш за христијанин, постојат одговори од духовна а не од рационална природа. Но, ако бараш „разумен„ одговор, тогаш слободно обрати се до некој од поклониците на сциентизмот-тие имаат одговор за се‘.
 
T

Tetro

Гостин
Јас не сум опседнат (требало да гласи темата засегнати), или намерна грешка на авторот е тоа.
Засегнат сум од злоупотребите на искрените верници и секташи кои ќе направат се` за да придобијат верници и да си ја зголемат длабочината на џебот. Засегнат сум од злоупотребата на малолетници за сексуални игри на папата и неговите другарчиња, како и трошењето на народните пари (парите од верниците) на ку*ви. Засегнат сум од неможноста да се договорат со државата наша, стојат свештениците рамо до рамо со државниците, пази сега, заедно фрлаат лопати и удираат темели на странсите инвеститори кога почнуваат погони, заедно сечат ленти, а никако не можат да се договорат да плаќаат данок на протокот на пари, а сакаат пензии.

Опседнати се слепите верници, како при толку светлина од сонцето, не ја гледаат измамата на свештениците.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Еве јас ќе ти одговорам. Смртта е крај на индивидуата, не на еволуцијата. Ако таа индивидуа во текот на својот живот успее да се размножи, еволуцијата на индивидуата како и на индивидуите од кои таа настанала ќе продолжи.
Убо велиш, море....

Но, ако еволуцијата е еден прилично оптримистички тек, каде наредните генерации се „понапредни„ од своите претходници, зошто тогаш тој речиси неповратен оптимизам, завршува фатално, во краен песимизам, со смрт? :confused:
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
За христијаните, а ми се чини дека чак и Ти се изјаснуваш за христијанин, постојат одговори од духовна а не од рационална природа. Но, ако бараш „разумен„ одговор, тогаш слободно обрати се до некој од поклониците на сциентизмот-тие имаат одговор за се‘.
Не ли те мачи болдот?

Јас се изјаснувам за Христијанин (сите мои размислувања се атеистички), ти с еизјаснуваш за Христијанин (сите твои размислувања се слепо верување на црковните свети оци).

Зошто би требало ти да имаш ексклузивно право да се наречеш Христијанин, ради слепата верба во црковните вистини?:)
 
O

Oppenheimer

Гостин
Убо велиш, море....

Но, ако еволуцијата е еден прилично оптримистички тек, каде наредните генерации се „понапредни„ од своите претходници, зошто тогаш тој речиси неповратен оптимизам, завршува фатално, во краен песимизам, со смрт? :confused:
А што нема рок на траење? Дури и ѕвездите умираат по одреден период (неколку милијарди години)...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Реалноста се природните закони кои овозможуваат настанок на жива материја.
Воа погоре е премногу воопштен одговор, кој можеш да го „налепиш„ на речиси секое прашање.
--- надополнето: Sep 16, 2011 1:27 PM ---
Во свеќата која гори имаме процес на оксидација а вие верниците гледате на свеќата како молење за помош од непостоечки ентитет.
Сијалицата свети-за мене тоа се електрони кои поради високата отпорнос на волфрамот создаваат светлина т.е нивната енергија се трансформира во светлина а вие гледате ѓавол.
- Ако тој „непосотечки„ енттиет не постои, тогаш во што/кого ние верните, веруваме?

-Од кај ја изваде тезава дека светењето на сијалицата е „гледање ѓавол„? :rolleyes:
--- надополнето: Sep 16, 2011 1:28 PM ---
Нема вртење туку орбитирање и не треба да расудувам бидејќи факт е земјината орбита околу сонцето.
Кој е тој „факт„, живо ме занима?
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.031
Поени од реакции
24.712
Мислев дека кратиме, ама изгледа сум се заебал.
1. не ти го разбирам цитатот. Што сакаш да кажеш? Дека научна теорија не е соодветен наслов за ТЕ? Дека аксиома е различно од теорема? Дека некаде си во право, а ја викам дека не си? Што ли?

2. Некој се смееше на буквализмот, па сега се вади на терминологија. Едно е милитантен атеист, а сосем друго нешто е милитантен верник. Те молам провери по интернетов или по форумов за да не се фаќаме повторно за гуша. Тоа што сум јас радикален во дозволувањето на слобода на избор никако не ме поистоветува со верник кој е подготвен да набива атеисти/педери на колец на плоштад. Понатаму, милитантноста на новите атеисти е антитеза на стотиците години толерирање на ирационалните догми на религијата кои го држат целото човештво во залог. Едно е некој интимно да си верува во Дедо Мраз и тоа да му прави да се чувствува побезбедно, посакано или посигурно, а сосем друго своите илузии да ги наметнува на останатите луѓе како вистини, па уште и да суди за нив врз основа на своите ирационални заблуди.

Јас не сум закоравен атеист. Во моментот кога некое божество ќе се манифестира објективно пред нас луѓето, јас ќе бидам првиот кој ќе го грабне мегафонот и ќе почне да урла на цел глас! Мојата закоравеност можеш да ја бараш единствено во барањето објективни потврди на субјективните доживувања на луѓето. Впрочем, зошто е у лудница тој што вика дека зборел со Наполеон, а не е у лудница оној кој вика дека зборел со Господ?!?
1. Цитатот е од твојот линк со објаснување што е научна теорија. That's it. Мислам дека многу јасна ми беше поентата.

2. Ок ќе се сложам донекаде со делот за верници, затоа што точно некои религии има непоимлива насилства. Што мислиш за оние другине, кај што нема такви екцеси? А дали сега новите милитантни атеисти ќе треба да се толерираат стотици години како што биле толерирани религиите стотици години? Едно е некој да е интимно атеист по убедување од икс причини, друго е своите ставови да ги наметнува на другите луѓе како виситини (па дури и стварно да се, акцентот го ставам на наметнува), па и уште да суди за нив врз основа на било што (рационални, ирационални, ставови, теории, мислења, тврдења).

Дали ја сфаќаш Дбек поентата?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
о,кажи ми ти дали веруваш во тврдењето на црквата дека земјата е во средина а сонцето ротира околу нас.
Да, Земјата е во средината, како дел од црковното учење и до Божјото внимание, но не како некоја геометриска, материјална, космичка или гравитациона средина, туку во духовно-етичка, онака како што отсекогаш и била за Црквата.

И да, Сонцето, очигледно, ротира околу нас! Ние сме субјекти и нештата во природата ги гледаме „од овде„, од Земјава, а не „од таму„, од каде би изгледало дека Земјата „орбитира„ околу Сонцето.
 
W

wernstrom

Гостин
Да, Земјата е во средината, како дел од црковното учење и до Божјото внимание, но не како некоја геометриска, материјална, космичка или гравитациона средина, туку во духовно-етичка, онака како што отсекогаш и била за Црквата.

И да, Сонцето, очигледно, ротира околу нас! Ние сме субјекти и нештата во природата ги гледаме „од овде„, од Земјава, а не „од таму„, од каде би изгледало дека Земјата „орбитира„ околу Сонцето.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Срамота е во оној другиот систем каде што Земјата ротира околу Сонцето.

ВО овој нашиов каде што Сонцето се врти околу земјата, не е срамота:pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom