Шпанија - Македонија |1/2 финале|, 16.09.2011, 16:30 часот

Член од
18 февруари 2011
Мислења
95
Поени од реакции
9
Ја да ти кажам вчера како сум ги заебал Србите!! Опнав 600 да тепаат и Русија ги згази! Сеа планирам да ги заебам и Русите пошо ме нервираат многу, ке опнам едно 500 за нив против Франција и ке ги закопам живи!!
До сега може да се пофалам дека го истумбав Хамилтон, му земав титула на Челзи и Федерер го симнав од трон!! Додуша за Челзи потрошив едно 10 000 ама го заебав за титула....:tapp:
Добро е бате (y)
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Време е Шпанците да го дознаат вистинското значење на зборот фурија !
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Овие новинариве се жими левово!40 км бил аеродромот од Каунас?Па отворете бре Википедија,Гугл...15 км!
Една група од 140 навивачи се стигнати сабајлето во 12 ,втората тура два авиони околу 15:30 во Каунас.Мислам дека е доволно да стигнат до салата.
Само да се кревало тензија и негативност ,исто ко тие од Канал 5 за 2 минути време.Е овие се за набивање на колец за следниот Осми Септември ,исто како во ЧДА Програмата за 20 години самосстојност.
Бај д пат:
http://kurir.mk/sport/kosarka/42506-Makedonija-na-noze-300-navivaci-pristignaa-vo-Litvanija
Повеќе од 300 навивачи штотуку пристигнаа во Каунас со цел да и дадат подршка на македонската кошаркарска репрезентација во историскиот меч со Шпанија, меч за финале.


Два чартер лета само за македонските навивачи пристигнаа во Литванија. Еден од нив беше со навивачи, а во другиот имаше естрадни ѕвезди, а меѓу нив се најдоа Каролина Гочева и Владо Јаневски. Место во авионот обезбедија и преставници на највлијателните електронски и печатени медиуми.
За Македонија ќе навиваат и семејствата на кошаркарите, а обезбедено е место и за најистакнатите спортски работници и носители на спортски пензии.
За сите оние кои немаа среќа да се најдат во Каунас, директниот пренос од мечот против Шпанија почнува во 16:30 на Сител ТВ.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
дечки. ке го следи некопј натпреварод од плоѓштад од форумџииве или сам ке бидам?
 

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Овој натпревар како што знаеме Литванците си го планираа за нив, па се прашувам колку ќе има карти за сите навивачи што патуваат денес? Во секој случај, подобро да има луѓе отколку никој да не отиде.
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.046
Поени од реакции
547
Дали по утрото се познава денот ? .. Се ми оди од рака денес изгледа пак ќе славам..
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Одиме смирено како и досега,без притисок,нашите се убедливо најстабилна репрезентација на првенството....
Репрезентација која игра подеднакво борбено во сите 40 минути...
Да одиме со смирени глави,и со Господ напред....
Сигурен сум дека нема да разочараме...
Да го издржиме првиот налет во првото полувреме,доколку има резултатска неизвесност во второто полувреме,тука ни е шансата...
Тука НИ НЕМА РАМЕН...МЕНТАЛНО СМЕ НАЈСИЛНИ....:cool:
Само напред лавови ,ГОСПОД Е СО ВАС....:cuc:
П.С.
Можеби не е муабетот на место и во вистинско време...и не е кошарски и патриотски....
Ама сепак треба да се предвиди,една работа ме плаши како навивач....
Само да не се изрезилиме со навивачите па да настани некоја тепачка на трибини...:cenzura:
Од тоа се плашам најмногу....
Еден куп групи,еден куп ривали на иста трибина....посебно мислам на Комити и Чкембари....
Кога можеа Скопјани да се исчукаат во авионот во средата денес се е можно....:eek:
Да се надеваме дека се ќе помини најдобро.....
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Каква еуфорија луѓе, каква еуфорија. Се чувствува во воздухот... :vozbud:

Сеа бесполезно е да се споредуваат ростерите на Шпанија и Македонија, разликата на хартија е огромна. И овие играат добро под кош, што може да ни е најголемиот проблем. Ај Наваро може да има лош ден, но играта под кош...

Тие нема да не потценат у никој случај. Сигурно се подготвувале минативе два дена за нас, не оставаат ништо на случајноста. Добро е што нашиве нема да имаат притисок од 14 000 души сега, и ќе преовладуваат македонските песни во салата.

Најмногу ме радува тоа што сите неутралци сега навиваат за нас, ние сме таа малекчка земја која ги освојува симпатиите на сите, која ги расплака едни од најголемите кошаркарски сили. Време е да ги расплачеме и најдобрите во Европа.

Доволно беше ние на континентални спортски собири да навиваме за други репрезентации... сега е време сите тие да навиваата за НАС !!! Сакав полуфинале, го добивме. Сега сакам финале !!! Ајде... !!!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не знам што им пишувал Боби вакви работи, глупости се ова според мене, исто ко да тераме Косовари да навиваат за нас кога би играле против Србија.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Абе треба да ги забранат сите тие идиотишта од навивачи! Тие се срамот за Македонија!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom