Одиме смирено како и досега,без притисок,нашите се убедливо најстабилна репрезентација на првенството....
Репрезентација која игра подеднакво борбено во сите 40 минути...
Да одиме со смирени глави,и со Господ напред....
Сигурен сум дека нема да разочараме...
Да го издржиме првиот налет во првото полувреме,доколку има резултатска неизвесност во второто полувреме,тука ни е шансата...
Тука НИ НЕМА РАМЕН...МЕНТАЛНО СМЕ НАЈСИЛНИ....
Само напред лавови ,ГОСПОД Е СО ВАС....
П.С.
Можеби не е муабетот на место и во вистинско време...и не е кошарски и патриотски....
Ама сепак треба да се предвиди,една работа ме плаши како навивач....
Само да не се изрезилиме со навивачите па да настани некоја тепачка на трибини...
Од тоа се плашам најмногу....
Еден куп групи,еден куп ривали на иста трибина....посебно мислам на Комити и Чкембари....
Кога можеа Скопјани да се исчукаат во авионот во средата денес се е можно....
Да се надеваме дека се ќе помини најдобро.....