Toecutter
Biafran Baby
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 5.243
- Поени од реакции
- 2.444
А како поинаку?Искрено не ги читав претходните мислења, директно одговарам на насловот:
Атеистите сакаат да се гледаат себе си како паметни и просветлени момци. Единствено, и јас сакам да се гледам себе со како Леонардо ди Каприо, ама не сум, а и модерниве просветлени момци, каснат едно двеипол илјади години, пошто голем дел од атинските филозофи биле атеисти, не верувале во божества. Така што, не знам кај е просветленоста, ако од почетокот на цивилизацијата луѓе сфатиле дека богови не постојат, да почнам јас да пишувам дека сум го открил тркалото и огинот?!?
Како и да е, себепрогласените атеисти, сакајќи да се осеќаат паметно, се обидуваат да си ја градат репутацијата на грбот на верниците, го хранат сопственото его јадејќи од нивното, бидејќи колку и да е паметен еден верник никогаш не може да се спротистави на обичен атеист, бидејќи не го зборуваат истиот јазик. Како да пробуваат да разговараат арогантни нем и слеп човек - двајцата живеат во различни светови и никој не сака да се потруди да го разбере другиот.
Она што треба атеистите да го прават всушност, ако веќе сакаат да се чувствуваат паметни, е да пробаат да се конфронтираат со авторитетите во општеството, во друштвото, во семејството, во училиштето... зашто многу е лесно да го колцнеш малиот nerd бидејќи знаеш дека не може да ти врати. Токму тоа атеистите го прават, пукаат во мртов слон од 5 метри и се чувствуваат како да погодиле ластовичка во лет. Браво мајстори.
Секоја генерација за себе ќе открива некои работи и нема да се користи од искуството низ вековите и милениумите?
Ако атеизмот е стар 2500 години, тоа зборува многу за религиите...volumes...
Самопрогласени секако. Но со причина. Не веруваат во одреден религиски или теолошки модел и тоа е се. Не прави разлика дали се научници,рудари,црни или бели.
А самопрогласените “верници“?
Нема никаков релевантен показател за нечие “верништво“ надвор од себедекларирањето. Апсолутно ништо.
Во што поточно веруваат? Не треба да се меша некаква магловита и нејасна перцепција за виша сила со некој кој се перцепира како ваков или онаков христијанин, муслиман, евреин, хинду...
Бидејќи одредената конфесија има своја света книга. А во неа Бог, лично, го дал Законот према кој треба да се живее за да се заработи животот вечен и спасението. Јасно и децидно. Не е тоа маркет во кој се зема она кое му одговара на наводниот верник. Конфесионалните верници се само уплашени и лицемерни атеисти, тоа е се.
И ако се чита Писмото...портите на адот им се пошироко отворени отколку на декларираните атеисти.
Не мора да значи, но сепак...можеби припадниците на конфесии ќе сакаат да одговорат...Ваков пост само муслиман може да напише, малку ме збуни со имево, но не мора да е точно нели? Сепак сте верници и вие муслиманите и мора да се поддржувате и со Адвентисти и со Православни.
Често се тврди дека христијанството било ок религија, но ете луѓето биле искварени.
Тотална глупост. Па луѓе божји, Бог лично бара од вас да немате секс пред и вон брак, ниту пак да погледнете некоја со желба за секс (ако не е сопруга или е планирана како таква во блиска иднина) за времетрањето на вашиот живот овде на земјава!
Зошто тогаш тоа го правите, го негирате Неговиот збор !
А тоа е само една од иљадници правила и прописи кои нели, се од Творецот а не од човек дадени, бидејќи на креаторот на универзумот no less...многу му значи дали Митре ќе ја гледа Митранка со желба да ја.........или дали саботата е ден за одмор а не неделата и обратно...
Би запрашал некој “верник“ што би било во случај рајата да се придржувала до она кое разните Богови го бараат во соодветните книги...ако стигне до поинаков заклучок од extinction event ќе бидам искрено шокиран. А во време на нет, Писмата се достапни...
Дали конечно некој припадник на некоја конфесија ќе се смилува и ќе објасни што е тоа добро во неговата религија/вера?
Има таков?!
Како референтна точка, онака...