Зошто атеистите се толку опседнати со Бог и религијата?

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Искрено не ги читав претходните мислења, директно одговарам на насловот:

Атеистите сакаат да се гледаат себе си како паметни и просветлени момци. Единствено, и јас сакам да се гледам себе со како Леонардо ди Каприо, ама не сум, а и модерниве просветлени момци, каснат едно двеипол илјади години, пошто голем дел од атинските филозофи биле атеисти, не верувале во божества. Така што, не знам кај е просветленоста, ако од почетокот на цивилизацијата луѓе сфатиле дека богови не постојат, да почнам јас да пишувам дека сум го открил тркалото и огинот?!?

Како и да е, себепрогласените атеисти, сакајќи да се осеќаат паметно, се обидуваат да си ја градат репутацијата на грбот на верниците, го хранат сопственото его јадејќи од нивното, бидејќи колку и да е паметен еден верник никогаш не може да се спротистави на обичен атеист, бидејќи не го зборуваат истиот јазик. Како да пробуваат да разговараат арогантни нем и слеп човек - двајцата живеат во различни светови и никој не сака да се потруди да го разбере другиот.

Она што треба атеистите да го прават всушност, ако веќе сакаат да се чувствуваат паметни, е да пробаат да се конфронтираат со авторитетите во општеството, во друштвото, во семејството, во училиштето... зашто многу е лесно да го колцнеш малиот nerd бидејќи знаеш дека не може да ти врати. Токму тоа атеистите го прават, пукаат во мртов слон од 5 метри и се чувствуваат како да погодиле ластовичка во лет. Браво мајстори.
А како поинаку?
Секоја генерација за себе ќе открива некои работи и нема да се користи од искуството низ вековите и милениумите?
Ако атеизмот е стар 2500 години, тоа зборува многу за религиите...volumes...
Самопрогласени секако. Но со причина. Не веруваат во одреден религиски или теолошки модел и тоа е се. Не прави разлика дали се научници,рудари,црни или бели.
А самопрогласените “верници“?
Нема никаков релевантен показател за нечие “верништво“ надвор од себедекларирањето. Апсолутно ништо.
Во што поточно веруваат? Не треба да се меша некаква магловита и нејасна перцепција за виша сила со некој кој се перцепира како ваков или онаков христијанин, муслиман, евреин, хинду...
Бидејќи одредената конфесија има своја света книга. А во неа Бог, лично, го дал Законот према кој треба да се живее за да се заработи животот вечен и спасението. Јасно и децидно. Не е тоа маркет во кој се зема она кое му одговара на наводниот верник. Конфесионалните верници се само уплашени и лицемерни атеисти, тоа е се.
И ако се чита Писмото...портите на адот им се пошироко отворени отколку на декларираните атеисти.:pos:

Ваков пост само муслиман може да напише, малку ме збуни со имево, но не мора да е точно нели? Сепак сте верници и вие муслиманите и мора да се поддржувате и со Адвентисти и со Православни.
Не мора да значи, но сепак...можеби припадниците на конфесии ќе сакаат да одговорат...:sneaky:

Често се тврди дека христијанството било ок религија, но ете луѓето биле искварени.
Тотална глупост. Па луѓе божји, Бог лично бара од вас да немате секс пред и вон брак, ниту пак да погледнете некоја со желба за секс (ако не е сопруга или е планирана како таква во блиска иднина) за времетрањето на вашиот живот овде на земјава!
Зошто тогаш тоа го правите, го негирате Неговиот збор !
А тоа е само една од иљадници правила и прописи кои нели, се од Творецот а не од човек дадени, бидејќи на креаторот на универзумот no less...многу му значи дали Митре ќе ја гледа Митранка со желба да ја.........или дали саботата е ден за одмор а не неделата и обратно...

Би запрашал некој “верник“ што би било во случај рајата да се придржувала до она кое разните Богови го бараат во соодветните книги...ако стигне до поинаков заклучок од extinction event ќе бидам искрено шокиран. А во време на нет, Писмата се достапни...

Дали конечно некој припадник на некоја конфесија ќе се смилува и ќе објасни што е тоа добро во неговата религија/вера?
Има таков?!

Како референтна точка, онака...
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Искрено не ги читав претходните мислења, директно одговарам на насловот:

Атеистите сакаат да се гледаат себе си како паметни и просветлени момци. Единствено, и јас сакам да се гледам себе со како Леонардо ди Каприо, ама не сум, а и модерниве просветлени момци, каснат едно двеипол илјади години, пошто голем дел од атинските филозофи биле атеисти, не верувале во божества. Така што, не знам кај е просветленоста, ако од почетокот на цивилизацијата луѓе сфатиле дека богови не постојат, да почнам јас да пишувам дека сум го открил тркалото и огинот?!?

Како и да е, себепрогласените атеисти, сакајќи да се осеќаат паметно, се обидуваат да си ја градат репутацијата на грбот на верниците, го хранат сопственото его јадејќи од нивното, бидејќи колку и да е паметен еден верник никогаш не може да се спротистави на обичен атеист, бидејќи не го зборуваат истиот јазик. Како да пробуваат да разговараат арогантни нем и слеп човек - двајцата живеат во различни светови и никој не сака да се потруди да го разбере другиот.

Она што треба атеистите да го прават всушност, ако веќе сакаат да се чувствуваат паметни, е да пробаат да се конфронтираат со авторитетите во општеството, во друштвото, во семејството, во училиштето... зашто многу е лесно да го колцнеш малиот nerd бидејќи знаеш дека не може да ти врати. Токму тоа атеистите го прават, пукаат во мртов слон од 5 метри и се чувствуваат како да погодиле ластовичка во лет. Браво мајстори.
И ја стигнав до 3-та страна и ми скурчи да читам. Налетав на овој пост.

Многу хипстерски пост.Браво! Не сум читнал ваков одамна.

Од ѕидините на цитаделата каде си недопирлив за кутрите глупави верници и wошите егоистични атеисти ти успеа да ги презреш сите членови кои пишуваат на овој подфорум во 3 параграфи. Посебно е волшебен делот околу повикот на акција. Баш имам во план да организирам еден антицрковен протест пред Синод и Влада.

Иако си, гледам, стар ко да си подзаборавил зашто луѓе се логираат. Никој никого овде не тера да пишува, да чита, да се кара или псуе. Сите сме тука од кеиф. Бар повеќето.

Иначе. ја сум самопрогласен атеист. Зар треба некој да ме прогласи, па да бидам?
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
спорно е што сите кои не веруваат во Исус т.е во „Господ“ по автоматизам ги прават атеисти, значи христијаните се тие што не дозволуваат трета опција..дали од неинформираност или нешто друго можеби е во прашање..
Сигурен си? Јас (и многу други христијани) дозволуваме трета и четврта опција. Сеа шо праиме?
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.031
Поени од реакции
24.719
И ја стигнав до 3-та страна и ми скурчи да читам. Налетав на овој пост.

Многу хипстерски пост.Браво! Не сум читнал ваков одамна.

Од ѕидините на цитаделата каде си недопирлив за кутрите глупави верници и wошите егоистични атеисти ти успеа да ги презреш сите членови кои пишуваат на овој подфорум во 3 параграфи. Посебно е волшебен делот околу повикот на акција. Баш имам во план да организирам еден антицрковен протест пред Синод и Влада.

Иако си, гледам, стар ко да си подзаборавил зашто луѓе се логираат. Никој никого овде не тера да пишува, да чита, да се кара или псуе. Сите сме тука од кеиф. Бар повеќето.

Иначе. ја сум самопрогласен атеист. Зар треба некој да ме прогласи, па да бидам?
Друга е поентата друже, тоа е она што го спомна, тој дечкото пред некоја страна, како и да се викаше. Секој си има право на свои убедувања и верувања. Само што тука на форумов, постојат доста атеисти (а нормално дека има и верници од спротивната страна), кои предпоставувам дека водени од лични фрустрации, не се живи и не можат да доживеат ерекција, ако не испосерат и испопљукаат се што некој верник напишал. Се разбира и доста верници го прават тоа, ама гледам "тенденција нa oправданост" према атеистите. Нешто како на пример она што се случува во Америка-ако си црнец и правиш вицеви за белци, тогаш тоа е хумор, кога белец прави вицеви за црнци тоа е расизам. А нели атеизмот треба да е нешто покултурно, поцивилизирано, баш нели атеистите како замерка го земаат начинот со кој црквата ги опресирала, омаловажувала сите што не размислувале како неа. Истото го прават атеистите. Ти си глуп зошто мислиш дека Господ го создал светот, јас сум паметен затоа што мислам дека мајмуните се симнале од гранки, се исправиле и им се изгубиле влакната. Објективно гледано и двете се теории (непотврдени). Може еден ден патувајќи низ некои паралелни димензии луѓето ќе го најдат Господ (како год и да изгледа), а може ќе најдат марсовци како прават Галичка свадба во село Галичник во некоја друга галаксија. Друга е поентата, а тоа е дека атеистите не се ништо поголемо цвеќе или поголемо гомно од било кој друг во секој поглед, и ги прават истите грешки во комуникација што ги правеле и религиозните, дека не си го гледаат својот двор а му се смеат на комшискиот. Сељачки е преку било која идеологија или религија да си лечиш фрустрации и да си дигаш ерекција, преку навреди и омаловажување. Како што е задоволство да направиш цивилизиран муабет, па и да спротиставиш ставови (што е нормално), со некој асален соговорник. Само што добивам претстава дека во последно време оние религиозговците стануваат се поповлечени и покултурно комуницираат за разлика од атеистите коишто стануваат се попрости и посељаци.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Pa na tie prasanje nemaat monopol teolozite koi se experti samo za svojata verzija na bog, taka da tie prasanja se opsto covecki a ne samo na teologijata .
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
1. Истото го прават атеистите. Ти си глуп зошто мислиш дека Господ го создал светот, јас сум паметен затоа што мислам дека мајмуните се симнале од гранки, се исправиле и им се изгубиле влакната. Објективно гледано и двете се теории (непотврдени).
* * *
2. Сељачки е преку било која идеологија или религија да си лечиш фрустрации и да си дигаш ерекција, преку навреди и омаловажување. Како што е задоволство да направиш цивилизиран муабет, па и да спротиставиш ставови (што е нормално), со некој асален соговорник. Само што добивам претстава дека во последно време оние религиозговците стануваат се поповлечени и покултурно комуницираат за разлика од атеистите коишто стануваат се попрости и посељаци.
Фер пост. Две сериозни КОНЦЕПТУАЛНИ забвелешки.

1. Објективно гледано, едната е митолошка приказна за креација, какви што има илјадници на број. Таа не е теорија. Или толку е теорија, колку што е теорија приказната за Дедо Мраз. Да не се заебаваме. Од друга страна, Теоријата на Еволуција е одамна проверена и потврдена. Тоа што ти гаиш романтични емоции за потеклото на ЧОВЕКОТ не ја прави Теоријата на еволуција недокажана. Дали ме разбираш. Мене ме распаметува кога во јавност некој спори нешто што е толку сеприсутно. Околу можноста еден ден да го најдеме Дедо Боже онаков каков што е измислен во Библијата неќу ни да почнам да пишувам. Збоктисано ми е, озбилно.

2. Сељачки е да лечиш фрустрации по форуми. Точно. Она што не ти е точно во двојкава е дека мешаш идеологија (религија) со тврдење (атеизам). После толку пенавење околу атеизмот мислам дека е срамота некој уште да го поистоветува со идеологија. Атеизмот не е идеологија. Атеизмот, освен тврдењето за непостоење на божества не тврди АПСОЛУТНО НИШТО ДРУГО. Се' што ти ќе одлучиш да го сместиш во кошот атеизам настрана од ова тврдење е произволна генерализација или стереотип. А тоа е не фер.

Понатаму (исто кон 2.), тоа што „во последно време“ радикалните верници се потивки на подфорумов мислам дека не се должи до таа мера на агресијата на атеистите, туку на содржините кои се постираат, а кои содржини најчлесто се повеќе од очигледно реални и несобориви како аргументи.

Забележувам дека полека но сигурно се создава одбојност кон атеистичката „фела“ на форумов и мислам дека е тоа во ред. Така овој, за мене барем, драматичен надоаѓачки проблем на регресија кон извитоперен бајат морал, сервилност и субмисивна комоција која полека се устоличува во нашата млада нација ќе добие на видливост. Кој што ќе купи - за него е.

Не дека одобрувам вербално изживување или форумски мобинг, но мојата аверзија кон игнорантноста и човековата ароганција се понекогаш посилни од моето чувство за толеранција и почит на туѓото мислење. Нема изговор за глупост.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
А како поинаку?
Секоја генерација за себе ќе открива некои работи и нема да се користи од искуството низ вековите и милениумите?
Ако атеизмот е стар 2500 години, тоа зборува многу за религиите...volumes...

Дали конечно некој припадник на некоја конфесија ќе се смилува и ќе објасни што е тоа добро во неговата религија/вера?
Има таков?!
Па точно на тоа и целам, ако атеизмот е стар 2500 години и сè уште постои, а религиите од прилика исто толку, значи дека 2500 години никој не победува. Ама ако 2500 години е реми, сега атеистите нешто ќе тргаат во напад со два коњи и еден пион кон два ловци и еден пион? Глупости. И едните и другите се задоволни со своите сфаќања и така треба да остане.

Вториот пасус, јас ќе се произнесам за верник за да можам да одговорам.

Припадник сум на христијанството, да речеме. Доброто е што христијанството и неговите храмови заедно со библијата ми даваат мир и спокојство во моментите кога го немам. Едноставно, на ниту едно друго место не можам да ја почувствувам таа енергија, освен кога ќе запалам свеќа во црква и додека го слушам тивкото црковно пеење.

Зошто, немам поим, претпоставувам дека е исто како и „напредните атеисти“ - поклониците на Ѓаволот, припадници на разни секти, поклоници на филозофии кои веруваат во натприродни сили, вештерки, вештици и магови коишто им требаат посебни услови и моите влакна, слики, прљави маички за да се концентрираат на нив и да прават злобни работи врз некој друг или да се прочистуваат духовно себе.
Секој со своето, целта иста. Ти како атеист сакаш да најдеш духовен мир преку тоа што прифаќаш дека Господ не постои и го бараш мирот апстрактно, ние се фаќаме за други работи пошто ни помагаат.

DBack напиша:
И ја стигнав до 3-та страна и ми скурчи да читам. Налетав на овој пост.

Многу хипстерски пост.Браво! Не сум читнал ваков одамна.

Од ѕидините на цитаделата каде си недопирлив за кутрите глупави верници и wошите егоистични атеисти ти успеа да ги презреш сите членови кои пишуваат на овој подфорум во 3 параграфи. Посебно е волшебен делот околу повикот на акција. Баш имам во план да организирам еден антицрковен протест пред Синод и Влада.

Иако си, гледам, стар ко да си подзаборавил зашто луѓе се логираат. Никој никого овде не тера да пишува, да чита, да се кара или псуе. Сите сме тука од кеиф. Бар повеќето.

Иначе. ја сум самопрогласен атеист. Зар треба некој да ме прогласи, па да бидам?
Аи аи аи... :pos:

Од ѕидините на Цитаделата обзнанувам: Клекнете пред вашиот Бог или умрете.

Фала ти шо за убавите зборови и тоа шо ти се бендисал постот, ама не можам да дојдам на протест, не ја гледам црквата како авторитет, не ми се меша во секојдневието, не ми пречи на никаков начин. Ако сакаш пред собрание на град Скопје да идеме, на Коце протест да праиме, со тебе сум.

И морам да проверам дали твоја и на Тоукатер слика стои поред зборот буквалист у новиот речник на македонскиот јазик. :) Самопрогласен треба да значи човек кој се убедил себе си бесправно во нешто. Сам себе се прогласил за... И јас можам да се нарекувам Леонардо ди Каприо, како што реков, but I aint fucking THE di Caprio.
 
Протестот е сарказам. Не ми паѓа на памет такво нешто ниту во моите најлуди фантазии. Власта во моментов би сосекла такво нешто за 3 секунди.

Зошто бесправно?!? Зошто претпоставуваш дека јас не сум атеист? Ме сметаш ли за идеолошки или догматски заслепен човек? Што е бесправно во мојата определба да не верувам во митолошки приказни?

Не можам ниту да ја сфатам твојата репетитивна паралела со Леонардо ди Каприо. По малку дури ја сметам и за навредлива. Ти, друже, не си Леонардо. Од друга страна, јас сум атеист.

Да не сакаш да се обидеш да ме убедиш во спротивното?

За крај, сличностите кои некои од самопрогласените тематски (религија/атеизам) недопирливи членови ги влечат помеѓу атеистите и верниците се, во најмала рака, смешни. Теизам/атеизам е дихотомија. Невозможно е човек да е нешто трето (агностик нема врска со овие два термини). Така, бил ти теист или атеист, со твоето спорно обраќање ти генерализираш, а во исто време се апстрахираш од припадност.

Затоа ти викам дека надмената проповед од цитаделата е не фер.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.031
Поени од реакции
24.719
Фер пост. Две сериозни КОНЦЕПТУАЛНИ забвелешки.

1. Објективно гледано, едната е митолошка приказна за креација, какви што има илјадници на број. Таа не е теорија. Или толку е теорија, колку што е теорија приказната за Дедо Мраз. Да не се заебаваме. Од друга страна, Теоријата на Еволуција е одамна проверена и потврдена. Тоа што ти гаиш романтични емоции за потеклото на ЧОВЕКОТ не ја прави Теоријата на еволуција недокажана. Дали ме разбираш. Мене ме распаметува кога во јавност некој спори нешто што е толку сеприсутно. Околу можноста еден ден да го најдеме Дедо Боже онаков каков што е измислен во Библијата неќу ни да почнам да пишувам. Збоктисано ми е, озбилно.

2. Сељачки е да лечиш фрустрации по форуми. Точно. Она што не ти е точно во двојкава е дека мешаш идеологија (религија) со тврдење (атеизам). После толку пенавење околу атеизмот мислам дека е срамота некој уште да го поистоветува со идеологија. Атеизмот не е идеологија. Атеизмот, освен тврдењето за непостоење на божества не тврди АПСОЛУТНО НИШТО ДРУГО. Се' што ти ќе одлучиш да го сместиш во кошот атеизам настрана од ова тврдење е произволна генерализација или стереотип. А тоа е не фер.

Понатаму (исто кон 2.), тоа што „во последно време“ радикалните верници се потивки на подфорумов мислам дека не се должи до таа мера на агресијата на атеистите, туку на содржините кои се постираат, а кои содржини најчлесто се повеќе од очигледно реални и несобориви како аргументи.

Забележувам дека полека но сигурно се создава одбојност кон атеистичката „фела“ на форумов и мислам дека е тоа во ред. Така овој, за мене барем, драматичен надоаѓачки проблем на регресија кон извитоперен бајат морал, сервилност и субмисивна комоција која полека се устоличува во нашата млада нација ќе добие на видливост. Кој што ќе купи - за него е.

Не дека одобрувам вербално изживување или форумски мобинг, но мојата аверзија кон игнорантноста и човековата ароганција се понекогаш посилни од моето чувство за толеранција и почит на туѓото мислење. Нема изговор за глупост.
1. Ако веќе навлегуваме во техникалии Теорија не е исто со на пример Теорема. Затоа се вика Теорија на Еволуцијата. Колку и да делува логички и очигледно, сепак е теорија. Исто како во судството. It's not what you know, it's what you can prove. Знаеш и сам имало мал милион случаеви кај што сите знаат кој е крив, ако нема докази џабе е. Со други зборови уште е теорија. А теорија мислам дека добро знаеш што е по дефиниција. Значи делува логички, делува реално, делува дури и проверено, потврдено не е сеуште. Што не значи дека ќе биде или нема. И секако нигде нити си гаам некакви илузии нити мислам дека со болдови ќе постигнам нешто. Ако веќе се фаќаме технички.

2. Не реков ни идеологија ни религија дека е атеизмот, друга ми беше поентата али еве ок моја грешка. Сељачки е преку идеологија, религија, тврдење, купено ново БМВ, големина на полов орган, пари во банка да се курчиш.

Одбојност према дел од атеистичката фела се ствара поради (дел од нив што го прават) нивното курчење, омаловажување и вреѓање, односно понашање како исфрустрирани дечиња а не поради тоа што се атеисти, филатеисти, пожарникари, планинари или играат во аматерска фудбалска лига.
Твојот избор на нетолеранција и непочитување на туѓо мислење (ради икс причини за тебе оправдани), дали е ок ако од икс причини (за некој друг оправдани) утре е нетолерантен према твои мислења, ставови итн? Ако не, ондак не играме фер, и малце сме лицемерни. Ако е ок ондак нема некоја посебна разлика меѓу тебе и него во однос на фер/нефер, толеранција нетолеранција. За тебе нема изговор, за нешто што ти тврдиш дека е глупост. Што правиме ако за други нема изговор за нешто друго на пример?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Припадник сум на христијанството, да речеме. Доброто е што христијанството и неговите храмови заедно со библијата ми даваат мир и спокојство во моментите кога го немам. Едноставно, на ниту едно друго место не можам да ја почувствувам таа енергија, освен кога ќе запалам свеќа во црква и додека го слушам тивкото црковно пеење.
И + уште едно прашање, ако може:

Дали, доколку си на работен престој во Индија, на пример, би посетувал будистички храмови од истите мотиви (мир, спокој, аудиотерапија)? Дали во Јапонија би свртел цилиндар пред шитно храм?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Фер пост. Две сериозни КОНЦЕПТУАЛНИ забвелешки.

1. Објективно гледано, едната е митолошка приказна за креација, какви што има илјадници на број. Таа не е теорија. Или толку е теорија, колку што е теорија приказната за Дедо Мраз. Да не се заебаваме. Од друга страна, Теоријата на Еволуција е одамна проверена и потврдена. Тоа што ти гаиш романтични емоции за потеклото на ЧОВЕКОТ не ја прави Теоријата на еволуција недокажана. Дали ме разбираш. Мене ме распаметува кога во јавност некој спори нешто што е толку сеприсутно. Околу можноста еден ден да го најдеме Дедо Боже онаков каков што е измислен во Библијата неќу ни да почнам да пишувам. Збоктисано ми е, озбилно.

2. Сељачки е да лечиш фрустрации по форуми. Точно. Она што не ти е точно во двојкава е дека мешаш идеологија (религија) со тврдење (атеизам). После толку пенавење околу атеизмот мислам дека е срамота некој уште да го поистоветува со идеологија. Атеизмот не е идеологија. Атеизмот, освен тврдењето за непостоење на божества не тврди АПСОЛУТНО НИШТО ДРУГО. Се' што ти ќе одлучиш да го сместиш во кошот атеизам настрана од ова тврдење е произволна генерализација или стереотип. А тоа е не фер.
Абе пријател... :)

1. Теоријата на еволуцијата е одамна проверена и докажана? Зошто тогаш сè уште се вика теорија?! А да, зашто не е факт, мудрецу. Пред неколку дена научници објавија дека можеби ја нашле алката којашто недостига во човечката еволуција, ти како атеист (а атеистите нели, now their science shitz) треба да знаеш дека теоријата на еволуцијата има пропусти на неколку места за коишто се чека одговор.

Дури и да не е така, тоа не е нешто кое што е докажливо, тоа се само теории, како што е и теоријата за Биг Бенг, недокажлива ствар.

2. Како што реков, абе пријател... :) После толку пенавење, уште не успеваме да им објасниме на атеистите дека Религијата не се изедначува со Вера, ама на паметен атеист, само со примена на прв њутнов закон може да му се објасни изгледа.

DBack напиша:
Протестот е сарказам. Не ми паѓа на памет такво нешто ниту во моите најлуди фантазии. Власта во моментов би сосекла такво нешто за 3 секунди.

Зошто бесправно?!? Зошто претпоставуваш дека јас не сум атеист? Ме сметаш ли за идеолошки или догматски заслепен човек? Што е бесправно во мојата определба да не верувам во митолошки приказни?

Не можам ниту да ја сфатам твојата репетитивна паралела со Леонардо ди Каприо. По малку дури ја сметам и за навредлива. Ти, друже, не си Леонардо. Од друга страна, јас сум атеист.

Да не сакаш да се обидеш да ме убедиш во спротивното?

За крај, сличностите кои некои од самопрогласените тематски (религија/атеизам) недопирливи членови ги влечат помеѓу атеистите и верниците се, во најмала рака, смешни. Теизам/атеизам е дихотомија. Невозможно е човек да е нешто трето (агностик нема врска со овие два термини). Така, бил ти теист или атеист, со твоето спорно обраќање ти генерализираш, а во исто време се апстрахираш од припадност.

Затоа ти викам дека надмената проповед од цитаделата е не фер.
Дали те сметам за идеолотшки И догматски заслепен човек? ДА... ДА... факинг ДА. Ако си убеден во себе дека имаш право да се нарекуваш атеист, со претпоставката дека атеизмот го прифаќаат луѓе коишто се ослободени од предрасуди, домги и идеологии, не значи дека навистина си таков човек. Читај си ги постовите од трето лице, ќе видиш. Напаѓаш, убедуваш, браниш ставови, браниш догми, идеологии и имаш предрасуди за другите луѓе. Ти си догматски и идеолошки заслепен дефакто.

Дихтомија... :vozbud: You may think ur cool using the word afroamerican on him, but he will still be a fucking nigger. Како и да е...
Да мислиш дека само СДСМ и ВМРО се опции во твојот живот, треба не само да бидеш глуп, туку да бидеш и игнорантно глуп кон оние коишто ти викаат дека постои трета опција. Теизам и атеизам се комплементарни поими, токму затоа и постои агностицизмот како сфаќање на нештата.

DBack напиша:
Дали, доколку си на работен престој во Индија, на пример, би посетувал будистички храмови од истите мотиви (мир, спокој, аудиотерапија)? Дали во Јапонија би свртел цилиндар пред шитно храм?
Врска немам искрено да ти кажам. Сега за сега христијанството и темјанот се тие што ме прават среќен и задоволен. И доволно ми се, а тоа ми е целта. Кога ќе отидам и се вратам, ќе ти кажам. ;)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
1. Ако веќе навлегуваме во техникалии Теорија не е исто со на пример Теорема. Затоа се вика Теорија на Еволуцијата. Колку и да делува логички и очигледно, сепак е теорија. Исто како во судството. It's not what you know, it's what you can prove. Знаеш и сам имало мал милион случаеви кај што сите знаат кој е крив, ако нема докази џабе е. Со други зборови уште е теорија. А теорија мислам дека добро знаеш што е по дефиниција. Значи делува логички, делува реално, делува дури и проверено, потврдено не е сеуште. Што не значи дека ќе биде или нема. И секако нигде нити си гаам некакви илузии нити мислам дека со болдови ќе постигнам нешто. Ако веќе се фаќаме технички.

2. Не реков ни идеологија ни религија дека е атеизмот, друга ми беше поентата али еве ок моја грешка. Сељачки е преку идеологија, религија, тврдење, купено ново БМВ, големина на полов орган, пари во банка да се курчиш.

Одбојност према дел од атеистичката фела се ствара поради (дел од нив што го прават) нивното курчење, омаловажување и вреѓање, односно понашање како исфрустрирани дечиња а не поради тоа што се атеисти, филатеисти, пожарникари, планинари или играат во аматерска фудбалска лига.
Твојот избор на нетолеранција и непочитување на туѓо мислење (ради икс причини за тебе оправдани), дали е ок ако од икс причини (за некој друг оправдани) утре е нетолерантен према твои мислења, ставови итн? Ако не, ондак не играме фер, и малце сме лицемерни. Ако е ок ондак нема некоја посебна разлика меѓу тебе и него во однос на фер/нефер, толеранција нетолеранција. За тебе нема изговор, за нешто што ти тврдиш дека е глупост. Што правиме ако за други нема изговор за нешто друго на пример?
Мислам дека ќе се лизнеш, Сусаро. те молам внимавај.

1. Поради вакви концептуални пропусти дискусиите зафаќаат несакани правци. Имаш проблем со сфаќање на терминот Теорија. Едно е коа ти ќе кажеш јас имам една теорија за македонциве, а сосем друго нешто е НАУЧНА ТЕОРИЈА. Имаш концептуален проблем. Не е мала заебанција. Теорија е и гравитацијата. Дали ќе се осмелиш да кажеш дека е тоа само теорија? Ми се повраќа од креационистичкиот аргумент ТЕ е само теорија. Срамота е паметен, начитан човек да не прави разлика помеѓу шпекулација (си имам јас една теорија) и научно поставена, проверена и потврдена теорија. Теоријата на еволуција е одамна научно потврдена теорија.

2. Курчење е карактерна црта. Нема врска со верувања или убедувања. Нема што да го поврзуваш курчењето со атеизмот, па уште и да проектираш генрално кон целата атеистичка популација. Се курчат и верници, се курчи и Дмт. Па што?! Лично, мене не ми смета кога некој мој неистомисленик аргументирано ќе ме распердаши околу некој мој пост. Доколку курчењето е квалитетно и на место, јас можам само да се поклонам. Од друга страна, лажната скромност и лажната наклонетост, милост или срдечност која неретко се чита меѓу редовите на некои вернички постови за мене е врв на хипокризијата.

И уште нешто. Кој на светов има право да очекува да не биде навреден од ставовите и мислењата на другиот?!? Ја мислам дека никој. Мене ме вреѓа кога некој тврди дека жена ми е виновна за злото во светот пошто е жена, ме вреѓа кога некој претпоставува дека сум се родил со грев, ми иде накурац кога некој ми вика дека сум празна лушпа без цел. Што да правам јас? Да плачам и да кукам како е конкретниот верни wош и пакосен?

Околу изговорите на крајот од постот.

Секако дека секој има избор да биде толерантен или не. Јас мојата толеранција ја базирам на рационално резонирање. За мене, секој рационално аргументиран пост е основа за почит. Од друга страна, ирационалните аргументи понудени во рационална дискусија за мене се, најпрвин, аларм за корекција (контрааргумент) но кога соговорникот продолжува да дискутира ирационално, мислејќи (или правејќи се) дека е рационален во постот, јас не можам а да не го исмеам тоа. Call me vile. Јеби, га, ова е форум каде луѓето дискутираат според своите лични убедувања и капацитети. Никаде на форумов не пишува „Ова е царство на неповредените - место каде цветаат љубовта и толеранцијата.“
 
Н

нихилист

Гостин
1. Ако веќе навлегуваме во техникалии Теорија не е исто со на пример Теорема. Затоа се вика Теорија на Еволуцијата. Колку и да делува логички и очигледно, сепак е теорија. Исто како во судството. It's not what you know, it's what you can prove. Знаеш и сам имало мал милион случаеви кај што сите знаат кој е крив, ако нема докази џабе е. Со други зборови уште е теорија. А теорија мислам дека добро знаеш што е по дефиниција. Значи делува логички, делува реално, делува дури и проверено, потврдено не е сеуште. Што не значи дека ќе биде или нема. И секако нигде нити си гаам некакви илузии нити мислам дека со болдови ќе постигнам нешто. Ако веќе се фаќаме технички.
Имам еден приговор. Постои голема разлика помеѓу обична теорија и научна теорија.

Научна теорија е заклучокот кој се совпаѓа со резултатите добиени од многубројни тестирања и опсервации.

Од друга страна, зборот теорија кој се користи во секојдневниот јазик значи само претпоставка. Дали Ајнштајновата теорија на релативитет е претпоставка?

Разликата како што гледаш, е огромна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom