Шпанциве ги гледав со Словенија и Србија според тоа што можам да го заклучам од тие две утакмици нашата шанса ја гледам во тие неколку мали периоди кога нив не му оди да можеме да откачиме колку што можеме повеќе и да ги направиме нервозни. Со Словенија имаа катастрофална прва четвртина, да речам и полувреме но Словенците беа толку мизерни во втората четвртина што дури и го загубија водството од првата четвртина и покрај мизерната игра на Шпанија, во второто поувреме веќе ги прегазија како воз. Друга работа која што по мое би требало Докузовски да ја одработи пред утакмицата е да ги советува нашите да реагираат повеќе на контактите на Шпанците за да исфрлат некој од стандардната петорка и нормално да излегуваат од бонус, односно како што знаеме голем дел од репрезентативците на Шпанија играат во НБА каде што се дозволува повеќе физички контакт и борба за позиција па таа нивна навика може да резултира со поголем број на лични во напад и одбрана во наша полза.
Уште една работа која ми сметаше со Литванија беше шутот за три на нашите ниски центри Антиќ и Чековски додека Стојановски кој имаше 5 од 5 на крајот за три, се бореше под кошот заедно со Самарџиски за отпадок што е нон сенс за мене.
Ќе фали искуството на Гечевски и тоа многу, Шпанците се огромни фаворите како и сите останати репрезентации кој играа против нас, но нема предавање.