Најдобрата странска анализа за победата на Македонија
Четврток, 15 Септември 2011 01:20
0 Коментари
Текстот што веднаш по пласманот на Македонија на полуфиналето на Европското првенство во кошарка во Литванија осамна на хрватскиот спортски сајт Sportnet, покрај солидната кошаркарска експертиза, во око ни влезе и заради неколкуте неочекувани, но заслужени “директи” во грчкото национално ткиво! Нагласуваме, редакцијата на Бумбар, која во интегрална верзија ви го пренесува текстот, нема интервенирано ниту врз една запирка од истиот. Се се тоа мисли на хрватскиот новинар Марко Мајиќ…
Непобедливата македонска фаланга
Кој би рекол дека победата на Македонија над нивниот безвремен ривал Грција ќе биде само вовед во историски поход кон кошаркарската велесила Литванија?
Откако го своија Вилнус, потомците на Александар Македонски тргнаа кон немилосрден поход спрема кошаркарската престолнина на Литванија – Каунас. Ги дочекаа таму 15 000 напалени литванци, но ниту многубројната војска на кошаркарски интелектуалци не успеа да го задржи нивниот поход кон врвот на кошаркарска Европа.
Затоа што македонските копја се долги и остри! Формацијата цврста, а Александар сигурно ги гледа од некој хеленистички рај и со насмевка им дофрла:
“Така ве учев!”.
И додека еден од најголемите војсководци своите походи ги насочи кон Исток, избраниците на Марин Докузовски тргнаа кон Север, но фиофофијата им остана иста. Затоа што овие македонци се војници колку и кошаркари, борци колку и техничари. А, и покрај тоа, успеваат да бидат проклето неоддоливи!
Македонската фаланга беше еднакво убиствено оружје во антиката, исто како и денеска, 2011-та, во времето на Фејсбук и Твитер. И нејзината најголема слабост, лошата подвижност, денеска требаше да падне во вода против брзите и незгодни Литванци. Но, во корените на македонците очигледно е длабоко врежан генијален стратег кој и те како знае битката да ја одведе во посакувана насока.
Натпревар на денот
Литванија – Македониа 65:67
Македонците го направија токму тоа што го посакуваа. Ја лимитираа контрата на Литванија, максимално го забавија темпото и најдобриот напад на ЕвроБаскетот го лимитираа на 65 поени. Најдобрите тројкаши на првенството шутираа со просек од 13% за три (2/15), откако имаа 45,2% на турнирот.
И штета за Литванија, Не случајно нивниот напад беше најефикасен на првенството. Тренерот Кензура многу добро знаеше што прави. На моменти изгледаа беспрекорно, но овој натпревар не можеа да го добијат. Македонија впиша дури 18 офанзивни скокови и победи во натпревар во кој шутираше со 31,3% од игра.
Играч на денот
Перо Антиќ. Не треба ова погрешно да се протолкува. МекКејлеб повторно одигра безобразно добро. Постигна клучни поени во завршницата и му асистираше на Илиевски за антологиската тројка, но улогата на Антиќ во вечерашната победа беше од апсолутна важност. Осумтте поени и деветте скокови ни приближно не ја доловуваат борбеноста, играта во одбрана и лимитирањето на Валанчиунас на три поени, покрибајќи го отсуството на повредениот Гечевски.
Шутер на денот
Клучен во победата на Македонија беше и Војдан Стојановски кој одлучи да шутира само тројки и заврши со стопроцентен учинок. Пет тројки од пет обиди.
Петорка на денот
Бо МекКејлеб (Македонија) – 23 поени, 2 асистенции
Хуан Карлос (Шпанија) – 26 поени
Војдан Стојановски (Македонија) – 15 поени
Перо Антиќ (Македонија) – 8 поени, 9 скокови
Пау Гасол (Шпанија) – 19 поени, 16 скокови
Навивачи на (секој) денот
Иако Македонците се уште не осигураа медала во Литванија, можеме да констатираме дека нивните навивачи денеска го освоија златото. Фантастичните македонски навивачи цело време се бореа против неверојатно бучната литванска публика и неверојатно збиените редари кои ги опкружија. Од самиот почеток Македонија е носена на крилата на своите навивачи кои вечерва против Литванија на своите раце повторно го носеа македонското знаме. Ќе ги гледаме и во полуфиналето против бранителот на трофејот.