Steve Ray
Texas Huriccane
E, сеа вака после една проспана ноќ најреално без никакви импресии да кажам што мислам. Ова е и те како голем успех тоа мора да го разбереме сите. Ако некој ми кажеше дека ќе бидеме меѓу најдобри осум селекции во Европа ќе му кажев да не блада и да се спушти на земја. Ако некој ми кажеше дека Бо ќе се бори за влез во најдобрата петорка на првенството покрај еден Паркер, Теодосиќ, Наваро, Калдерон, Рики Рубио ќе си се изнасмеев слатко. Али, ете стигнавме до кај шо стигнавме и треба да сме горди со сите до еден. Поразот вчера од Русија коа подобро ќе размислам од една страна можеби и добро ни дое, пошто во случај да требеша да укрстуваме со Грција пак, не верувам дека циганите би си дозволиле уште еден пораз од нас и ќе не истресеа јако макар со судии, мито, моќта од space jam или шо ти ја знам. Пошто ако реално гледаме на работите со кој и да вкрстевме од другата група тешко дека ќе го добиеме т.е. нашата победа се сведува на чудо. Не веруем дека некој кој размислуе реално мисли дека ќе ги добиеме Шпанија, Франција или Литванија. И да, Србија игра очајно на првенствово, но сепак не пијат нафта тие играчи тамо и ипак имаат поише искуство од нашиве на вакви натпреварувања па дали со мака или со леснотија мислам дека ќе не добиеа и тие. После еден ваков пост сеа може да налетам на група напалена Македонштина што пува у празна слама дека имаме сили да се бориме за медал. Освестете се да ми нудеше некој најдобри осум во Европа со две раце ќе прифатев. Ама, како рекле старите ќе му даеш прст сака цела рака.
За крај, фала ви на кошаркари што не напраивте сите за барем за миг ГОРДИ МАКЕДОНЦИ!
Победи си го МАКЕДОНСКИОТ СИНДРОМ на плачење и кукавичлак дечко "да ми нудеше некој најдобри осум во Европа со две раце ќе прифатев" ..."Македонштина што пува празна слама" освен со Шпанија и Франција овој состав во ваква топ форма може да се носи и со Грција(уште еднаш) и со Литванија а најмногу со Србија, едино нешто што ќе го имаат како предност литванците ќе биде домашната публика...до сега немаат играно со репрезентација што игра јака одбрана(одма сме зад Русите во тој дел од играта). Дај верувајте малку во момците, па Гечевски со една рака ќе игра само за да помогне да влезат во полуфинале ти викаш доста е...дај молим ти се..