Македонија - Литванија |1/4 финале|, 67:65, ОДИМЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕ!!!

unledewb.png


Само колку величенствено изгледа кога ќе ја видиме Македонија во четвртфинале, и во друштво на кошаркарски велесили.
Леле се давам за уште еден дуел со Русиве.
 
Речете што ќе речете, сепак не се знае што ќе направиме во среда. Единствено што ни преостанува е да ги бодриме СИТЕ, ама апсолутно СИТЕ наши кошаркари. И глупаво ми е кога ќе прочитам како некој вика, „дај бе нека го исфрлат Самарџиски“, па добро бе ако го исфрлат него, кој ќе го замени ?
Прекинете со вашите песимистички размислувања, бидејќи ни другите екипи не се ништо подобро од нашата, а тоа се докажа вечерва!
Бај де веј што се однесува до Илиевски, никој не може да игра совршено секој натпревар, тоа е нормално да направи по некој кикс. Ни Перо Антиќ ниту па Бо Меккејлеб не играат секој натпревар совршено.
Ех, супер ќе беше да беше "некој" кикс.
Он уствари направи 2 кикса што одигра над ниво против Хрватска и Словенија. На сите други утакмици си држеше просек "очај". Денес па апла. 0/2 за 1, 0/5 за 2, 0/2 за 3. Вкупно, 9 промашени шута и ниеден погоден на полувреме. Па личи ли ваква работа на главен плејмејкер у репрезентација?
Против Босна имаше 2/9 за 2, 1/6 за 3. :tapp:
 
Она што јас го барам од репрезентативците е да дадат се од себе и да пробаат да изиграат лавовски и до крај. Резултатот не ми е битен, се докажаа и покажаа. Резултатски се повеќе од ова е само гооооолем плус. Толку од мене , идам да продолжам да го колнам Русинов шо дае кош...
 
литванците немаат играч над 210 см и ова е можност со затварање на надворешните позиции да се присилат да влагаат под рекет каде досега нашата одбрана доминира. мора да се одигра најдобрата одбрана до сега. ако можевме да одиграме ваква одбрана против руските џинови, мораме и можеме уште подобро против литванците. дечките се свесни дека ова ќе им биде животна утакмица и ќе дадат се од себе. ги тепаме со трица на Самарџиски во последна секунда! ;)
 
Ех, супер ќе беше да беше "некој" кикс.
Он уствари направи 2 кикса што одигра над ниво против Хрватска и Словенија. На сите други утакмици си држеше просек "очај". Денес па апла. 0/2 за 1, 0/5 за 2, 0/2 за 3. Вкупно, 9 промашени шута и ниеден погоден на полувреме. Па личи ли ваква работа на главен плејмејкер у репрезентација?
Против Босна имаше 2/9 за 2, 1/6 за 3. :tapp:
А што да каже Кириленко 1/9 ... вчера Новицки 0/8 на почеток итн...Кај него друга е предноста, реализацијата е само плус.Инаку, точно,мораше некој шут повеќе да влезе ама тоа е ..
 
А што да каже Кириленко 1/9 ... вчера Новицки 0/8 на почеток итн...Кај него друга е предноста, реализацијата е само плус.Инаку, точно,мораше некој шут повеќе да влезе ама тоа е ..
Тоа со Кириленко и Новицки се киксови (во најлош момент за нив). На Илиевски ова му се дешава на 6 утакмици.
 
Незнам, литванците се најблиску до америчката кошарка (ви текнува на Sarunas Marciulionis?) и со играчи од калибарот на Самарџиски, тешко.
 
Едно големо БРАВО за нашите,го оставија срцето на терен!:cuc:
Несреќен пораз од Русиве,ама тоа е кошарка,се дешавале и полуди завршници.
Единствено што треба само во оваа една,единствена утакмица со Литванциве да ни тргне шутот и нема за што да се грижиме.
Одбраната е одлична така да за тоа нема гајле.
Само тоа го барам,една уткамица да ни профункционира шутот како што треба и тоа ке биде крајот на домаќинов.
Се понатаму е еден огромен плус!

Напред МАКЕДОНИЈА!
 
sporedba.jpg
Треба да се нагласи дека литванците шутираат 56% реализација од поле, 45% реализација за 3. Додека ние 42% од поле, и 30% реализација за 3.
Да се надеваме дека тој ден шутот нема да им оди одрака :)
 
Доколку играме како сега (а не верувм дека ке не изневерат нашите кошаркари) Литванците обавезно паѓаат :)))))))))))))
 
E, сеа вака после една проспана ноќ најреално без никакви импресии да кажам што мислам. Ова е и те како голем успех тоа мора да го разбереме сите. Ако некој ми кажеше дека ќе бидеме меѓу најдобри осум селекции во Европа ќе му кажев да не блада и да се спушти на земја. Ако некој ми кажеше дека Бо ќе се бори за влез во најдобрата петорка на првенството покрај еден Паркер, Теодосиќ, Наваро, Калдерон, Рики Рубио ќе си се изнасмеев слатко. Али, ете стигнавме до кај шо стигнавме и треба да сме горди со сите до еден. Поразот вчера од Русија коа подобро ќе размислам од една страна можеби и добро ни дое, пошто во случај да требеша да укрстуваме со Грција пак, не верувам дека циганите би си дозволиле уште еден пораз од нас и ќе не истресеа јако макар со судии, мито, моќта од space jam или шо ти ја знам. Пошто ако реално гледаме на работите со кој и да вкрстевме од другата група тешко дека ќе го добиеме т.е. нашата победа се сведува на чудо. Не веруем дека некој кој размислуе реално мисли дека ќе ги добиеме Шпанија, Франција или Литванија. И да, Србија игра очајно на првенствово, но сепак не пијат нафта тие играчи тамо и ипак имаат поише искуство од нашиве на вакви натпреварувања па дали со мака или со леснотија мислам дека ќе не добиеа и тие. После еден ваков пост сеа може да налетам на група напалена Македонштина што пува у празна слама дека имаме сили да се бориме за медал. Освестете се да ми нудеше некој најдобри осум во Европа со две раце ќе прифатев. Ама, како рекле старите ќе му даеш прст сака цела рака.

За крај, фала ви на кошаркари што не напраивте сите за барем за миг ГОРДИ МАКЕДОНЦИ!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom