Македонија - Литванија |1/4 финале|, 67:65, ОДИМЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕ!!!

И сега кој го разбра оној докторот на сител???? Ке игра Гечевски или не??
 
Цело време од почетокот на ЕП само негативен си.Да те прашам нешто, дали си добар?
Да, сакам само поштено да си го изанализирам натпреваров со тие шо се разбираат од кошарка, и дефинитивно ме нервираат неосновани оптимистички изјави од некој шо прв пат гледа кошарка. Да нема недоразбирања, јас ги обожавам играчите и тие се херои, но неможиш глава да кренеш од "волку волку", "најјаки сме", експертски изјави ала " ни треба победа за ова она ", a па коа се праеа математиките се гледаше кој е антиспортиста и никогаш не гледал систем на бодување и рангирање. Гледајте на хрватски форуми колку само сталожено се коментира, со доза на сарказм и иронија, а тука веројатно пола форум веќе ме етикетирал као соросоид. :D

And you can't negg repp me! :P
 
Малку од поинаков агол:

"Pressure. Changes everything, the pressure" - Ал Пачино, во една од неговите најдобри улоги.

Во право е Ал. Притисокот менува се. Може да смени се. На страна играта во одбрана, украдените топки, хомогеноста на екипата, статистичките глупости на Игорче... ние имаме една друга голема предност во однос на фаворитите: ние играме без притисок. Уживаме во играта и се обидуваме да стигнеме што подалеку. Денес, изгубивме за половина влакно, а еден од факторите беше и тоа што Русите исто така, не играа под притисок на испаѓање. Дали ќе играш со Србија или Литванија, тоа е мал притисок, нешто што се заборава кога ќе истрчаш на паркетот. Уште во првата четвртина се виде дека двете екипи играат многу слободно.

Ова нема да биде така во следната фаза... за наша среќа! Затоа што, додека другите се обидуваат да стигнат до медал (не дека ние не сакаме), нам ни е цел пласман на ОИ (изјава на Илиевски од вчера). Што значи, притисокот сеуште е поголем кај другите, а најмногу кај Литванците. Тие се гледаат како големи фаворити, ќе бидат бодрени од полна сала и се освен пласман во полуфинале за нив ќе е катастрофа од пропорции на ураганот Ирена. Тоа создава притисок, огромен притисок.

Ние... ние треба да бидеме во близина, да не им даваме да се одлепат, борбени како и секогаш (нема човек што не знае дека ова ќе биде така). Да влеземе во последната четвртина со шанса за резултат, и да пуштиме притисокот да си го направи своето.

Две работи можат да тргнат лошо по нас:

1. Имаше една колумна од пред почетокот на шампионатот во којa еден лик од Србија (кој очигледно читателите го обожаваат) ги анализираше репрезентациите учеснички, и кажа дека Литванците барем во 2-3 натпревари ќе погодуваат тројки од WC-то, додека нивните противници ќе креваат рамена и ќе се чудат што се случува. Ваква работа и се случи на Србија кога Литванците им бапнаа 100-ка. Се надеваме дека против нас нема да им проработи шутот.

2. Судиите. Ова не е алиби, ама и врапчињата знаат дека ФИБА е најкорумпираната и најаматерската светска спортска организација. Сите коментираа дека престапот за кој Грците беа казнети со 15 000 евра, во секој друг спорт ќе беше казнет со исклучување на екипата и жестоки санкции. Но ФИБА, и се е можно. ФИБА има навика да го штити домаќинот, „во интерес на првенството“, а во случај кога домаќинот игра со репрезентација како Македонија, нема да се двоумат да помогнат. Лек за ова може да биде игра како денешната, помалку фаули во првата четвртина, повеќе шут. Да не дозволиме да имаме играчи со многу лични грешки. И да не протестираме кај судиите, само ќе одмогне тоа.

Работи кои можат да тргнат лошо по нив:

Многу сме мотивирани и курс не ни чуе за ништо. Такви, борбени до фанатизам, растеретени од притисок... не е човек да си има работа со нас.

I believe! Верувам дека ќе влеземе во полна сала, во пеколна атмосфера, која на крајот ќе биде полна со разочарани и расплакани лица, во која ќе владее мртва тишина, во која ќе се слуша само гласот на Игорче, кој ни самиот нема да знае што збори.

DEFENCE, DEFENCE... :) :vozbud:
 
Да, сакам само поштено да си го изанализирам натпреваров со тие шо се разбираат од кошарка, и дефинитивно ме нервираат неосновани оптимистички изјави од некој шо прв пат гледа кошарка. Да нема недоразбирања, јас ги обожавам играчите и тие се херои, но неможиш глава да кренеш од "волку волку", "најјаки сме", експертски изјави ала " ни треба победа за ова она ", a па коа се праеа математиките се гледаше кој е антиспортиста и никогаш не гледал систем на бодување и рангирање. Гледајте на хрватски форуми колку само сталожено се коментира, со доза на сарказм и иронија, а тука веројатно пола форум веќе ме етикетирал као соросоид. :D

And you can't negg repp me! :P

Еј бато, ај кажи ми кај живееш, да поминам да ти кажам нешто.
 
Абе кога можеа кутриве Руси среде Шпанија да добијат финале баш со Шпанија која беше светски шампион оти да не можеме ние со Литванија на нивни терен да добиеме едно е*** 1/4 финале ?
 
ИСкрено, Зашто толку песимиста си ти бре? Па одпочеток на првенствово ти ништо незнаеш да кажеш освен ќе изгубиме и толку.
За да ги собирам лајковите од другите песимисти, simple as that.:icon_mrgr:
 
Ја знам дека ако Тоше не игра у среда, ќе го ставам Самарџиски на аватар... :)

може и нему ќе му тргне со тројките...
И Чеко да го задржиш оти ќе утенш работа ако не ти стои.

Само напред храбро, наште 30 навивачи ќе бидат погласни од цела сала бе.
Според мене мислам дека е подобро шо ќе играме против Литванија пошто и они не се многу јаки на позиција 5ка. Само добра одбрана и да ни тргне тој фамозен шут за 3 и наши се.
 
Еве нека прочитаат ’експертите’ за кошарка каков тренер имаме и зошто после секој натпревар се вадат муабети демек противниците играле лошо.

"Oni nisu iznenađenje, jer imaju odličnog trenera i ozbiljan tim, koji igra veoma pametno. Mi večeras nismo igrali dobro, jer su nas oni naterali na to".
 
Ај да ви кажам зошто мислам дека имаме (одлична) шанса против Литванија .

Литванија - Франција 67-73

Се надевам ќе ми простите ако го поистоветам нашиот тим со Франција.

1. Одбраната ни е тука некаде со Француската ( статистички ние примаме помалку поени ) . Според одбраната која досега ја играме , не би требало во никој случај да изгубиме катастрофално. ако ги задржиме на максимум 70-75 поени , во игра сме.

2. Меккејлеб = Паркер
Антич = Батум
Стојановски = Диао ( одбрана )

+Илиевски кој очекувам да биде одличен ( има искуство од големи мечеви дечкото , не го напаѓајте толку ) , под кош Самарџиски и одличниот Чековски .

Само да не им тргне шутот за три , мислам дека ќе бидеме сведоци на нова драма :) .
 
Еве нека прочитаат ’експертите’ за кошарка каков тренер имаме и зошто после секој натпревар се вадат муабети демек противниците играле лошо.

"Oni nisu iznenađenje, jer imaju odličnog trenera i ozbiljan tim, koji igra veoma pametno. Mi večeras nismo igrali dobro, jer su nas oni naterali na to".

Многу јасно, се нервирам коа ги слушам Србиве или Хрвативе коа викаат дека тие се криви зошто изгубиле дека не играле добро и дека ако играле како што знаат ќе тепале.... ми е криво што не ни падна Србија да ги избушиме со едно 20 разлика.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom