Македонија - Русија, 12.09 - 20:00 ч.

Член од
28 јуни 2011
Мислења
414
Поени од реакции
163
Продолжува нашата мисија Revenge . Сите оние од кои изгубивме минатото европско , ги дотепуваме во Литванија. Мисиите Хрватска и Грција се успешно извршени. Следни за наплата на стариот долг се Русите за болниот пораз од 2 разлика на минатото европско .
Пак 2 разлика :D Ништо повеќе да мрдниме :D
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Не дека не ми е криво што изгубивме, ама мислев и пред натпреварот а мислам и сеа дека Литванија е можеби подобра опција за четвртфинален судир. Нивната единствена предност е домашниот терен, покажавме дека можеме да победиме секого, а Литванија е далеку од непобедлива.

Да се надеваме дека Тоше ќе може да помогне колку толку во 1/4 финалето, па со Господ напред да се најдеме онаму каде што никој не ни помислуваше пред почетокот на Евробаскетот.

Она што мене реално ме загрижива не е ниту Литванија, ниту Јасикевичиус, ниту пак нивните навивачи. Гледајќи го Бо вечерва добив впечаток дека човекот е веќе истрошен, како да ја немаше вечерва таа свежиа со која како куршум влагаше во рекетот. Знае тој кога треба да го даде максимумот, тоа небеше овој натпревар, туку оној во среда.

НАПРЕД МАКЕДОНИЈО, СО ТЕБЕ СМЕ И ВО ПОБЕДА И ВО ПОРАЗ. ШТО И ДА СЕ СЛУЧИ ВО СРЕДА, ВИЕ СТЕ ВЕЌЕ ХРОИ.
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Игор Трпески легенда: Ајде бе се прави наудрен, демек ова беше фаул. Ма ајде ви се молам!!!!!
Игорче легендо, како се развика на крај и мене ми дојде да се развикам..:)
Немав сила на таа тензија да се смеам... но Игорче ми го продолжува животот во миговиве жими се.
Па што е ова, ви се молам, абе ајде, уште бара топка... Неможе тој така кај овој судија ____ името___ тој е најдобар судија во светот, кај него наудрен... и слично :vozbud:
Игорче <3
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Нормално резултатот се гледа на крај,но ова за мене е ПОБЕДА НА МАКЕДОНИЈА.Големата руска репрезентација беше на колена последните 30 секунди,а со педерската одлука на судиите не победија на среќа.Ова е победа на Македонија.
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
ЕЕ РУСИ,РУСИ 160М НАРОД СЕ РАДУВААТ НА ПОБЕДА VS МАКЕДОНИЈА КАКО ДА ОСВОИЛЕ И ТОА СО ТРОЈКА 1 СЕКУНДА ПРЕД КРАЈ..:tapp::tapp:
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.572
Поени од реакции
4.239
Доброто во овој натпревар е што го подобривме ударот за 3 кој се надевам дека ќе функциунира и против Литванците како против Русите
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.091
Поени од реакции
1.653
А што очекуваш од Србите? Опседнати се со тоа колку се слаби сите други, а сами себе не се гледаат. Јас колку што ги гледав освен Теодосиќ се друго им е просечно од играчи, па дури и Крстич од кого се очекуваше да растури. Многу ми е криво што нема да играме против нив.
Исто и мене, најкејф ќе ми беше да тепаме за да игра.ме со србите, да им ја затнеме големата уста на аргоантните копилиња, едвај ги победија Турците, на среќа буквално.Здравје, во наредна прилика.

Инаку, победникот од нас и Литванија со кој игра?
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
zosto volku razocaruvanje .
Nasite se heroin imaa super utakmica ,igraat so litvanija koj kako i srbija e mnogu podobra varijanta od spanija i francija .
Treba da slavime jas ke odam da se napravam frenka vecer
НЕМА НИКАКВО РАЗОЧАРУВАЊЕ ! ! !

Тешко ќе биди со литванците ама то е то.

И не ми кажа никој, не беше аут за нас на крајот ?
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.308
Поени од реакции
14.658
До пред некоја секунда ми идеше да умрам од мака... Но, сега гледам пореално. Не изгубивме одлучувачки натпревар за тоа далиу ќе останеме или ќе се вратиме од првенството, изгубивме натпревар за прво место во група. И јас ја посакував Србија, но, навистина, па која е разликата помеѓу Србија и Литванија? Домашен терен колку носи, толку и притисок создава. Притисокот е на нивна стрна, ние треба само да си изиграме најладен и најзрел натпревар, па што биде. Нема што да изгубиме.

Допрва почнува првенството за нас. Сега треба да ги играме најважните натпревари, ова беше загревање.
 
Член од
28 март 2010
Мислења
1.310
Поени од реакции
377
НЕМА НИКАКВО РАЗОЧАРУВАЊЕ ! ! !

Тешко ќе биди со литванците ама то е то.

И не ми кажа никој, не беше аут за нас на крајот ?
Мислам дека беше за нив пошто нивниот играч што изведуваше аут не влезе во полето веднаш по додавањето!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom