Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Некој нешо да не знае за мрежно програмирање...што се учи, кој го предава...бива ли да се земе?
Bump.
Btw, ако може да пишете и за Мрежни оперативни системи и Софтверско инженерство?
 
зашто , ај ја вака да се замешам ако сум медицинар, ама знам скоро све за феит другарите ми се таму, па ако си на ики зашто не идеш ? Само тентов ке остане на финки (n)
 
зашто , ај ја вака да се замешам ако сум медицинар, ама знам скоро све за феит другарите ми се таму, па ако си на ики зашто не идеш ? Само тентов ке остане на финки (n)

Абе веќе запишан факултет, сега втора година па да се префрлам, малку глупо нели да шетам по факултетиве? Да се запишував сега прва, на ФИНКИ ќе одев без размислување ама па изјави, префрлање документи, досиеја, шкртање по индекси, познавајќи ја македонската администрација ништо чудо и да ти изгубат нешто.
Вака истите професори ќе ми предаваат, не е само Тентов, а и тие што ќе одат на ФИНКИ во иста зграда ќе бидат. Зошто да се префрлам?
 
Истата изјава мораш да ја пополниш и ако сакаш да останеш на ФЕИТ. Истата процедура ти е без разлика кој факултет и да го избереш. Ти ја пополнуваш само изјавата (заокружуваш Феит или Финки) и останатото они ти го средуваат.
 
Да, да, јасно ми е, повеќе за другите бирократии ми беше. Средив тоа. :)
 
Bump.
Btw, ако може да пишете и за Мрежни оперативни системи и Софтверско инженерство?

Мрежни ОС е интересен предмет. Се учат основни, како и малце понапредни UNIX команди.
Се полага теорија, практичен дел (решавање задачки и одговарање на прашања од аудиториските вежби), и се изработува и семинарска по тема одредена од страна на професорката (Соња Филиповска).
Вреди да се оди на предавањата, си ја знае работата Соња. Истото важи и за аудиториските, Милош одлично објаснува.
Ти препорачувам да го одбереш. :)
 
Ќе може некој да пише нешо за Алгоритми и структури на податоци, кој предава и слично.. :)
 
a koi predmeti treba da se izberat za polaganje na matura?(bez fizika) :)

Македонски и математика екстерни, информатика/англиски/физика и било кој за интерни ... јас на пример ги имав информатика и англиски
 
Најдобро ти е информатика и англиски за интерни.
 
Дали некој знае кој ќе предава физика на бруцошите? Јас сега одам на подготвителни, и таа асистентката Лихнида ни држи часови, и ок ми изгледа..
Лихнида е злато! :love:
 
Ај збор два за изборните за 3 семестар: Теорија на сисетеми; Моделирање и симулација.

Утре ќе запишувам семестар и до сега се мислев дека ќе земам Интернет програмирање и ООС, но сега еве повторно гледам и имам second thoughts. Имено ИП има 30 часа лабораториски вежби(15 недели х 2 часа), ООС има 15 часа(15 недели х 1 час) како и Моделирање и симулација. Додека пак Теорија на системи има само 5 часа лаб. вежби(5 недели х 1 час). Така да мислам дека реално порастеретен би бил со последниов предмет на местото на ИП, но не знам кој предмет која тежина ја носи со себе и кој колку е потребен подоцна за ИКИ!?

Чекам ваш совет до вечерва до полноќ ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom