Електромагнетни бранови настануваат во секоја ѕвезда. Поточно секое тело емитира и апсорбира електромагнетни бранови (заради преминот на електроните од повисоки во пониски орбитали и обранто)
Она што не може спонтано да настане се интелигентните информации кодирани во тие електромагнетни бранови (сигнали). Тоа е совршено сфатливо и со тоа се согласува секој теист, кој знае дека интелигентни информации не се случуваат спонтано.
Но атеистите во старт веруваат дека интелигентни информации можат да настанат и спонтано како што е случајот со атеистичката теорија за абиогенезата на првата жива клетка.
Информацијата си е информација. Не постојат природни бајти и вештачки бајти, како што не постојат природни килограми и вештачки килограми, ниту пак природни џули и вештачки џули. Природното и вештачкото се човечки категории и овие фрази се ирелевантни за природните и математичките закони. Тие си важат униформно и воопшто не ги интересира дали човекот има удел во нешто или не. Едноставно информации не се случуваат спонтано, ниту во електромагнетните бранови, ниту во живата клетка. Барем според убедувањето на теистите. А со вистинските атеисти тоа не е така, иако некои од нив како што напоменав имаат двојни аршини, еден аршин кога гледаат низ микроспокоп, а друг аршин кога гледаат низ телескопот