Фан Клуб: Барселона

Статус
Затворена за нови мислења.

Пики

amazing happens
Член од
10 март 2007
Мислења
1.923
Поени од реакции
37
Што е работава,како што читам на сајтот на ДСФ(диесеф) дека траснферот на Роналдињо во Челзи е 99 посто договорен и се очекува тој да ја напушти Барса во зимскиот преоден рок.
Треба да е луд тоа да го направи
Не ни треба веќе :aha:

се шалам не верувај ги знаеш новинариве какви се,нели ќе одеше во Милан па пак ништо си остана во Барса.
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Не ни треба веќе :aha:

се шалам не верувај ги знаеш новинариве какви се,нели ќе одеше во Милан па пак ништо си остана во Барса.

Знам дека не треба да се верува,ама во последно време нешто Роналдињо е честа тема на весниците, околу неговиот однос со Рајкард и овоа последното што го остави на клупа и све тоа некако не ми мириса на добро и покрај тоа што цело време нели изјавуваат дека него му е супер во Барса и сл.


Едит:
Абе се знае дека за фамилијата највише боли,а посебно за ќерка:


РАЈКАРД ПОРАДИ ЌЕРКА СИ ЛУТ НА БРАЗИЛЕЦОТ

Линдзи скапо го чини Роналдињо

Жената, сепак, е главниот проблем на најдобриот играч на планетава Роналдињо за слабите игрите во Барселона. Ова го тврдат шпанските медиуми според кои бразилскиот репрезентативец можеби не е во најдобрата форма и го нервира раководството на клубот со излегувањата и лумперајките во ноќните клубови, но причината што не игра е сосема друга. Тој се најде во немилост кај тренерот Франк Рајкрад, кој веќе на два натпревара предвреме го извади од игра, со Лион (3:0) во Лигата на шампионите и против Осасуна (0:0) во првенството на Примера, зашто Бразилецот излегува со неговата ќерка.
Линдзи Рајкард е 20-годишната ќерка на тренерот на каталонскиот клуб од неговиот прв брак. Таа живее во Барселона и патува со екипата секогаш кога тоа ќе и го дозволи слободното време. Според некои шпански извори, Рајкард не гледа со симпатии на врската на неговата ќерка со фудбалскиот волшебник и дури го замолил претседателот на Барселона Јоан Лапорта да го продаде Роналдињо.
Токму деновиве се позасилени се гласините дека ѕвездата на Барселона веќе дала согласност на понудата на сопственикот на Челзи Роман Абрамович, чија желба е по секоја цена да го види на Стемфорд Бриџ. Од рускиот тајкун пристигна и понудена со конкретна цена за Роналдињо од 58 милиони фунти за 5-годишен договор, според кој Бразилецот ќе заработува по 11.6 милиони фунти годишно и ќе биде најплатениот играч на светот.
Како што е познато, официјалната верзија на отсуството на Роналдињо од првиот состав на Барселона на последниот натпревар со Сарагоза (4:1) е дека тој е повреден. Меѓутоа, некои Шпанци не веруваат во тоа дека ѕвездата навистина страда од повреда.
Пред една година медиумите во Барселона открија друга историја, што ја оправдува француската фраза "Шерше ла фем" (Барам жена). Тогаш медиумите открија дека селекторот на Франција Рајмон Доменек не го повикал Лудовик Жули во репрезентацијата на "триколорите", бидејќи брзоногото крило направило дар-мар во кревет со сопругата на францускиот стручњак.
Рајкард на сличен начин се обидува навреме да стави ред и мир и во своето семејство и во редовите на екипата. Останува да се види каков потег ќе повлече управата на клубот и каква ќе биде реакцијата на навивачите на евентуалната продажба на Роналдињо.


Само незнам што видела у него,можеби забите,има доста ретки заби
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.784
Поени од реакции
4.023
Девојче земи да сакаш некој друг АМАН. Вака може кога ќе однесеш некој дома кај тебе да ти речат родителите: што бара коњот со тебе.
А дека игра човекот, ДА!!!
ti si lud,moite doma so sakaat neka zborat,gajle mi e bitrno jas da sum srekna,neli????covekot e na gz da padnes+najdobar e u fudbal,nema sto...lele da go vidam vo zivo ke umram od sreka...mn zalam so ne otidov vo bugarija koga igraa so neznam tamu koj....:toe:
 

Roswell

Tu Sei Tutta La Mia Vita
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.619
Поени од реакции
29
ti si lud,moite doma so sakaat neka zborat,gajle mi e bitrno jas da sum srekna,neli????covekot e na gz da padnes+najdobar e u fudbal,nema sto...lele da go vidam vo zivo ke umram od sreka...mn zalam so ne otidov vo bugarija koga igraa so neznam tamu koj....:toe:
Немој да паѓаш на г'з, туку повели со мене ќе одиме на ајванпазар и таму ќе најдеме копија на Роналдињо. А за најдобар? Па гледај малку пошироко во фудбалот (не како коњите), па ќе видиш кој е најдобар.
 

liana

ја знае вистината
Член од
10 август 2007
Мислења
687
Поени од реакции
45
Што е работава,како што читам на сајтот на ДСФ(диесеф) дека траснферот на Роналдињо во Челзи е 99 посто договорен и се очекува тој да ја напушти Барса во зимскиот преоден рок.
Треба да е луд тоа да го направи
OK
"Ningún dinero del mundo sacará a Ronaldinho del Barcelona, El, simplemente, no está a la venta”. Joan Laporta
значи Лапорта вика
"Ниедни пари на светот нема да го извлечат Роналдињо од Барса, тој едноставно, не е на продажба."
и додаде дека ако не ја игра следната утакмица тоа е зошто е повреден и ништо друго и дека верува дека ќе се врати како најдобриот играч на светот!

крај на шпекулации!
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Влатко мислам дека нема. Само во ЛШ
 
F

fantomX

Гостин
Што е работава,како што читам на сајтот на ДСФ(диесеф) дека траснферот на Роналдињо во Челзи е 99 посто договорен и се очекува тој да ја напушти Барса во зимскиот преоден рок.
Треба да е луд тоа да го направи
Нека им е со среќа на Челзи со глуп тренер и екс-ѕвезда...
Екс-ѕвезда?!
Што, дури беше бог, сега не го фермате Роналдињо повеќе, а?
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Екс-ѕвезда?!
Што, дури беше бог, сега не го фермате Роналдињо повеќе, а?
Во последно време не ни дава причина да го фермаме. :pipi: Ама како и да е, човекот е икона, легенда и ја заслужува секоја почит. Па со него земавме и Примера и Лига на шампиони. Не сум сигурен дали ќе се врати повторно да биде оној стариот, ама знам дека најдоброто од себе го даде на Барса, и со тоа донесе многу титули, и ја заслужува секоја почит за тоа.
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
рајкард треба да го шутнат од тамо а не роналдињо
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Со евентуално заминување, уште повеке ке престане да игра роналдињо...само во Барса може повторно да "процвета".
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Не смеете да зборите така за човекот што букавлно ја издигна Барса,точно е дека има криза ама фантастичен фудбалер е.Мислам дека без него Барса нема да биде тоа што е.Ама и Рајкард треба повеќе да застане на негова страна иако не е во форма има премногу дадено за каталонскиот тим.Му треба малце време,неможе постојано да биде во топ форма.Не ми се допаѓа баш односот на Рајкард,сепак сметам дека Роналдињо мора да има поинаков третман на пример од Иниеста или Меси,бидејќи Рони има придонесено повеќе од нив,со целосна почит за Иниеста и Меси кои се супер фудбалери.Мора да признаете дека прва асоцијација за Барселона е токму Роналдињо
 

liana

ја знае вистината
Член од
10 август 2007
Мислења
687
Поени од реакции
45
Екс-ѕвезда?!
Што, дури беше бог, сега не го фермате Роналдињо повеќе, а?
баш така, луѓево имаат кратка меморија. Кога ја носеше Барса на грб до титули - Рони е бог, а кога падна темпото - мрзлив е, сака да шета по дискотеки, не смее да се повреди итн
значи нема крај ова, не знам дали ви текнува кога беше на врвот сите се плашеа дека може да прегори пред време затоа што вложуваше надчовечки сили за Барса, а сега кога се гледаат последици од тоа темпо, одма сите се за продавање, цццц

Човекот го бараат најголемите клубови во Европа и му нудат астрономски суми, а тој сака да остане во Барса! И покрај сите грдотииве по шпанските медиуми деновиве!!!! Тоа е за почит. И мило ми е кога слушнав како Камп Ноу минатата утакмица скандираше Роналдињо, роналдињо! мора да му се покаже поддршка за се што има направено и да се покаже дека фановите сепак се сеќаваат на минатото, ако ништо друго
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom