Фер плеј во неколку чекори
( поднаслов: како да го испочитуваш противникот, противничките навивачи и домашната публика)
Предавач: Македонска Кошаркарска Репрезентација.
Навикната сум со годините да читам зајадливи коментари за нашава земја. Навикната сум наводно подадената рака на братските ни југословенски народи, да ја видам со нож во рака и со пелин во уста секој пат кога ќе издвојуваме било каква победа на било кое поле. Да се разбереме не сум ултранационалист, мајке му повеќе сум космополит од било што друго, ама коментариве на сметка на нашиве момци почнуваат да ме гаѓаат во срж, срце... До кога бре Браво Македонци ќе се вика само до моментот кога некој некого ќе победиш на Балканов. Гледам Србиве на големо се исмејуваат со нашиве, а Хрватите лечат комплекси преку политиканство ( ај да видам дали можат подолу од ова) само затоа што Македонија како ретко кога претставува вистинска сензација. Само Босанците коректно го примија поразот и ми беше драго да ги видам нашиве навивачи како викаат Босна на сиот глас. Е така се гради пријателство меѓу народи. Вистината е следна: Сите очекуваа дека ќе бидеме камен за прескокнување, уште една репрезентација во низа која ќе служи да отскокнат други. И види мајката, Македонија отскокна над сите. И сите ги боли. Па сега видете колку се искрени честитките.
Едно не ми е јасно. Во сите овие победи и порази што ги имаме доживеано низ годиниве во било кој спорт, не паметам македонецот да бил отровен кон својот противник, немало зајадливост, немало потсмев, сме победиле океј подаваме рака на послабиот честитаме на нашите и сите по дома. Кога губиме пак подаваме рака и никому ништо. Макар што во мала земја национализмот е непишано правило, никогаш не го почувстував како да е насочен кон останативе земји. Навивачите ни се за почит и секаде ама баш секаде се добредојдени. Не знам дали знаете, ама во хотелот кај што се сместени нашиве, литванците се тепале за автограми и обожавале да се дружат со нашиве. Финците спортски ни честитаа, само браќава ни наши имаат против. Па слаба ни била групата, па сме играле ко трета лига, а никој не признава дека не сметаа за недостојни. Најсмешни ми се коментарите на сметка на Бо. Странец ни бил најдобар играч. Ајде бе, ја откривме Америка? Само ние ли имаме натурализирани играчи? Сите имаат, ама ние го имаме Бо.
Јас се гордеам со нашиве. Кошаркарите играат со срце и без ароганција и токму тоа го истакнуваат странските дописници и колумнисти. НБА пишува за нас! Навивачите бодрат со цела сила и не прават никаков проблем, напротив меѓу најомилените се таму. Не заборавајте дека сме единствена селекција која не смее да си го пише името на дресот и арам да им е за тоа. Ама не знам подостоинствен начин да се возврати на сите злобни јазици и сопки од ова што го прикажавме.
Убаво пишал некој, на крајот резултатот ќе се памти.
За крај да не заборавам. Прекрасна
колумна за нашата репрезентација.