мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 19.474
- Поени од реакции
- 24.213
никој не ми рече ништо, најмалце грујо , што не би рекол за тебе .Taka Гујо му рече да пропагира, што да прави, може од тоа плата зема!
Вистина, само глупите што не можат да се пробијат се вратија, 95% од тие што заминаа не се вратија, а не ни сакаат, изгледа од што е полошо?
јас да сум во јавна администрација или да сум добро поткован дали мислиш дека со тебе тука ке се замарам!!!
и пак ке ти речам незнам зошто не заминиш кога ете си толку сигурен дека таму ке живееш подобро, имаш и пријатели кои ке те пречекаат можеби и роднини.
ако стварно толку ти е тешко а имаш прилика да заминиш оди, па од каде знаеш можи ке ти тргне.
јас не ви мислам лошо само ви кажувам добронамерно дека не е баш така, сега вие како ке си сватите тоа е друго.
и пак ке нагласам не ви замерувам пошто и јас така мислев се додека не отидов. и јас си мислев таму ехееееее супер се е .рај на земјата. ама не било и таму пука газот од работа и тоа за да врзиш крај со крај.
--- надополнето: Sep 6, 2011 9:47 PM ---
јас ти кажувам за тоа што јас видов , за шведска незнам и не можам да кажам, ама можам да ти кажам дека дури германицте одат да бараат работа таму( по кажвање пак од други, сега колку е точно незнам).Бев видов, баш овошјето и зеленчукот им се поевтини од овде(зборувам за Шведска). Цените по маркети се за 5-10 денари поскапи од овде, но кога ќе се земат нивните примања, тоа е смешно!
Имам милион роднини, пријатели и познаници во цел свет, никој не сака да слушне да се врати овде! Зошто?
а конкретно за роднините мои оти не се враќаат тука можам да ти кажам , за другите незнам.
прво таму се 40 години веќе, таму им се децата внуците и сите пријатели. тука имаат роднини кои ги гледаат еднаш на 2 години на некоја недела.
начинот на живот таму е поинаков од кај нас и верувај нема да ти се допадни, а тие веќе се навикнати на таков живот.
и трето и пресудно мислам дека најповеќе ги плаши токму несреденоста на некои сегменти од државата како здравството јавната администрација и такви работи( толку од грујо и од пропаганда за која ме обвини), за што сметам дека и се до некаде во право.ние си сме навикнати , не е тоа од вчера кај нас ама за нив е ново и несватливо.
се надевам дека ти одговорив на повеќето прашања, или барем се потрудив